Автор: Андријана Андова
Филм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…
Режија: Рајан Марфи
Главни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс Франко
Жанр: драма, романса
Времетраење: 133 минути
Премиера: 13 август 2010
Јазик: англиски, италијански
Наша оценка: 5/10
Базиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“
Ретки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.rn
rn
rn
Приказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

