Постојат периоди кога сте презаситени со облеката што ја имате во вашиот плакар. Но, тоа не е причина да фрлите сѐ и да почнете да купувате нови алишта. Наместо тоа, обидете се со овие лесни и евтини начини на коишто ќе го надополните вашиот стил и ќе се чувствувате поразлични.rn
1. Заменете ги врвките за чевли
rn
rnrnКога постојано ги носите истите патики со исти врвки, може малку да ви изгледа досадно. Наместо да потрошите повеќе пари и да купите нов пар патики, заменете ги само нивните врвки. Новите врвки ќе внесат свежина и ќе изгледате сјајно. Најважно од сѐ е што не чинат многу и лесно можете да го изведете ова.rn
2. Заменете ги копчињата
rn
rnrnИзненадувачки, но вистинито: Копчињата зборуваат многу за една јакна. Па, наместо да потрошите еден куп пари на нова, одличен начин да го освежите изгледот на вашата стара јакна е да ги замените копчињата. Лесно можете да ги пронајдете во продавница, а и на интернет каде што се нудат најразлични видови. Тие не чинат многу, а можете да ги замените и самите дома.rn
3. Користете ги модните додатоци на поинаков начин
rn
rnrnМислевте дека марамите се наменети само за носење на врат, нели? Но, тоа не е нивната единствена намена. Врзете ја околу ременот на чантата и добијте поинаков изглед. Исто така можете да го искористите и ѓерданот во улога на нараквица.rn
4. Освежете ги старите фармерки
rn
rnrnГолеми се шансите дека имате стари фармерки во вашиот плакар што не ги носите веќе. Но, сте ги платиле скапо, па не сакате туку-така да ги фрлите. Наместо тоа, можете да го освежите нивниот изглед така што ќе ги искинете.rn
5. Поправете ги рабовите на фармерките
rn
rnrnПокрај тоа што можете да ги искинете, изгледот на фармерките можете да го освежите и со тоа што ќе ги промените рабовите. Оставете да висат неколку конци на глуждовите и комбинирајте со омилените чизми оваа есен.rn
6. Ставете мал брош на јаката од јакната
rn
rnrnМал интересен брош на јаката од вашата јакна може да направи да изгледате поубаво и повпечатливо. Не чини многу, а е прекрасен моден додаток.
