rn
„Убава жена“ (Pretty Woman)
rn
rnrnЕдна од најпознатите сцени во филмот е таа кога Едвард ѝ дава кутија со скапо синџирче на Вивиен. Кога Џулија Робертс тргнала да ја земе, Ричард Гир случајно ја затворил кутијата поради што таа се зачудила, бидејќи немало такво нешто во сценариото. Гери Маршал решил да ја задржи сцената со искрената насмевка на Џулија во конечната верзија од филмот.rn
„Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy)
rn
rnrnШармантниот и смешен Крис Прaт секогаш импровизира, но во оваа сцена тој бил навистина несмасен. Тој случајно го испуштил опасниот артефакт од рацете, но успеал да го фати пред да падне. Сцената ја нагласила ексцентричноста на Прaт, па затоа останала во конечната верзија.rn
„Сјаење“ (The Shining)
rn
rnrnСтенли Кјубрик успеал да направи хорор филм каде што секој момент е легендарен и еден од најпознатите е секако оној кога ликот на Џек Николсон ја крши вратата со секира, ја протнува главата низ дупката и вели „Тука е Џони!“. Ова всушност го немало во сценариото. Џек ја земал реченицата од Џони Карсон кој ја почнувал секоја негова емисија со овие зборови.rn
„Мрачниот витез“ (The Dark Knight)
rn
rnrnКога Џокер ќе заврши во затвор, тој се претвора во тивок набљудувач. По некое време, тој е сведок на унапредувањето на Џим Гордон и аплаузот кој го добива. Кога Хит Леџер го видел тоа, и тој почнал да плеска со рацете без да го промени морничавиот израз на лицето. Оваа сцена не била во сценариото, но сега е една од најпознатите во историјата на филмот.rn
„Војна на ѕвездите: Епизода 5 – Империјата го возвраќа ударот“ (Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back)
rn
rnrnСите фанови на „Војна на ѕвездите“ ја знаат и ја обожаваат сцената кога принцезата Леa му изјавува љубов на Хан Соло пред да биде замрзнат. Според сценариото, на нејзините зборови Хан требало да каже „И јас те сакам“. Меѓутоа, наместо тоа, Харисон Форд рекол „Знам“. Благодарение на оваа импровизација ликот на Форд станал многу подобар, а сцената легендарна. Според гласините, оваа сцена била преснимувана толку многу пати што на Харисон му се смачило и не можел да се воздржи.rn
„Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs)
rn
rnrnЕдна од најстрашните сцени во филмот е првиот разговор меѓу Клариса Старлинг и Ханибал Лектор. Според сценариото, Ентони Хопкинс требало да каже „Го изедов неговиот црн дроб со грав и со добро вино“ и додека ја кажувал оваа реплика додал неочекувано морничав звук, поради што Џуди Фостер се избезумила од страв. Таа изјавила дека се плашела да зборува со Хопкинс за време на паузите. Ете колку била убедлива неговата глума!rn
„Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting)
rn
rnrnВо сцената кога Робин Вилијамс раскажува како неговата жена прднала во сон, Мет Дејмон се смее толку искрено бидејќи воопшто не очекувал да го чуе тоа.rn
„Жена ми прдеше кога беше нервозна. И знаеш што? Таа прдеше и во сон. Еднаш прдна толку гласно, што го разбуди кучето. Таа се разбуди и ме праша ’Ти ли го направи тоа?’, а јас ѝ одговорив потврдно… Немав срце да ѝ кажам…“
rnРобин Вилијамс го измислил тоа во моментот. Оваа брилијантна импровизација му помогнала на Дејмон да се чувствува попријатно во друштвото на Вилијамс. Ако погледнете внимателно, ќе можете да забележите како камерата се мрда малку. Веројатно и камерманот ќе прснел од смеење.rnrnВо продолжение погледнете ги овие 10 грешки што направиле добро познати филмски сцени да изгледаат незаборавно.
