На филмовите работат стотици илјадници луѓе чие однесување не може строго да се контролира. Постојано се случуваат непредвидливи ситуации кои бараат снаодливост од луѓето на филмскиот сет, особено од главните актери. Во такви неочекувани ситуации, актерите мора да импровизираат, но тоа само дополнително ја зголемува филмската магија!rnrn
rnrnПогледнете ги овие сцени каде што на почетокот нештата тргнале наопаку, но на крајот испаднале одлично благодарение на импровизациите на актерите…rn
„Вистински лаги“ (True Lies)
rn
rnrnЗа време на чудната, но изненадувачки секси сцена каде што Џејми Ли Кертис игра стриптиз, таа навистина изгубила рамнотежа. Можете да видите во позадина како Арнолд Шварценегер тргнува да ѝ помогне на Џејми, но актерката веднаш застанува на нозе и продолжува со шоуто. Џејмс Камерон ја обожавал сцената и изјавил дека на тој начин улогата на Џејми како обична и несмасна домаќинка станала поуверлива.rn
„Титаник“ (Titanic)
rn
rnrnВо една од најдобрите сцени во филмот каде што Џек се обидува да нацрта слика од Роуз, тој треба да ѝ каже да легне на каучот, но наместо тоа срамежливиот Ди Каприо вели „Легни на креветот… мислам каучот.“ Џејмс Камерон решил да ја остави грешката на Лео во конечната верзија. Самата реченица и несигурноста со која Лео ја кажал, точно покажува колку бил нервозен Џек во моментот.rn
„Титаник“ (Titanic)
rn
rnrnЕдна од најлегендарните реченици во историјата на филмот „Јас сум крал на светот“ е производ на чиста импровизација. Леонардо ди Каприо самиот ја измислил и токму затоа оваа сцена е толку генијална и популарна.rn
„Ени Хол“ (Annie Hall)
rn
rnrnХеројот на Вуди Ален решава да проба кокаин за прв пат во животот. Го предупредиле дека се работи за многу скапа дрога, па тој внимателно ја отворил кутијата и земал малку прав за да проба, но одеднаш кивнал и создал огромен бел облак во воздухот. Другите актери не можеле да прекинат со смеење и ете така случајното кивање ја направило сцената многу позабавна.rn
„Господар на прстените: Двете кули“ (The Lord of the Rings: The Two Towers)
rn
rnrnСе сеќавате на сцената во која Виго Мортнесен го шутира шлемот на орката и потоа паѓа на колена и почнува да плаче? Питер Џексон бил фасциниран од начинот на кој актерот ги пренел болката и вознемиреноста на ликот. Меѓутоа, болката била вистинска: Виго скршил два прста кога го шутнал шлемот, но не престанал со глумење.rn
„Господар на прстените: Дружината на прстенот“ (The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring)
rn
rnrnЗа време на снимањето на првиот филм од трилогијата, Виго докажал дека тој е единствениот избор за Арагорн. Според сценариото, поглаварот на орките требало да фрли нож кон Арагорн без да нишани. Меѓутоа, актерот ја утнал целта поради вештачките очи и оружјето летнало точно кон Виго, но тој не изгубил контрола и успешно го одбегнал. Би било навистина голема штета да се исече таква сцена.rn
„Вообичаено осомничени“ (The Usual Suspects)
rn
rnrnСцената каде што главните ликови се наредени во линија за да бидат идентификувани и каде што треба да кажат по една реченица не се претворила во фарса намерно. Сите актери требало да ги прочитаат зборовите од лист, но некои од нив почнале да мрморат и другите се шегувале поради тоа, па сите почнале да се смеат. Не можеле да направат ниту една сериозна снимка, па лутиот Брајан Сингер ја оставил сцената таква каква што е. Благодарение на тоа, настанала една од најпрепознатливите сцени во филмската историја.rnrnПродолжете на следната страница за останатите легендарни импровизации на актерите…rnrn