Ги имаме гледано стопати, но ако се случи да наидеме на некој од овие филмови на телевизија, нема да можеме да се одвоиме од екранот.
Составивме список од филмови со танцување и музика кои секогаш го подобруваат расположението.rn
1. „Валкан танц“
rnhttps://youtu.be/eIcmQNy9FsM
Романтичната приказна за добра девојка, Френсис Бејби Хаусмен, која го доживува најдобриот период од животот на годишен одмор со инструкторот по танц Џони, неповратно ги освои срцата на многу жени, без оглед на возраста.
Ретро-музиката, одличната кореографија и хемијата помеѓу главните актери го направија овој филм култен класик што секоја жена треба да го погледне.rn
2. „Флешденс“
rnhttps://youtu.be/YdXqyECQzck
Сите соништа можат да се остварат ако ги вложиме сите сили. Оваа порака најдобро ни ја пренесе Алекс Овенс, која работи како заварувачка во текот на денот, а танцува и копнее по кариера како професионална балерина, ноќе. Иако подоцна дознавме дека сите сцени ги танцувала танчарката Марин Жерон, а не актерката Џенифер Билс, тоа не го расипа впечатокот за филмот, кој донесе незаборавни хитови како „Maniac”, „Flashdance“ и „What a Feeling”.rn
3. „Дали сте за танц?“
rnhttps://youtu.be/UGtS3CL-zpo
Работен според филмот со исто име и актерските легенди Фред Астер и Џинџер Роџерс, во 2004 година беше снимен римејк на овој филм. Во него, Ричард Гир толкува улога на човек кој доживува средовечна криза која пробува да ја надмине со помош на класични и латиноамерикански танци со згодената инструкторка која ја глуми Џенифер Лопез. По овој филм и луѓето со 2 леви нозе имаат потреба да се запишат во училиште за танцување, а бонус за гледачите е неочекуваниот пресврт во кој главните ликови не започнуваат романтична врска.rn
4. „Били Елиот“
rnhttps://youtu.be/0g1YvKDdIfc
Секоја чест за „Црниот лебед“ и тинејџерската драма „Централна сцена“ која следи група танчари од Њујорк, но ако се прашуваме кој филм со танцување би го погледнале повторно, тогаш тоа е „Били Елиот“! Џејми Бел во улога на талентирано момче кое мора да се спротивстави на родовите стереотипи на околината за да ужива во танцот е исто толку трогателен колку и неговото движење на сцената.rn
5. „Безгрижен“
rnhttps://youtu.be/P4narQca4Oc
Замислете да живеете во град каде танцувањето е забрането? А токму со таква неверојатна премиса се занимава филмот „Безгрижен“. Можеби тој не е толку технички поткован во однос на танцувањето, како другите филмови на листата, но тој ни ја покажа целата моќ на оваа активност. Шармантниот Кевин Бејкон во бела маица и фармерки, не мора ни да споменеме, зарем не?rn
6. „Треска во саботната вечер“
rnhttps://youtu.be/tyJDYTG5leQ
Никој не танцува толку вешто на песната „Stayin ‘Alive“ како младиот Џон Траволта, кој се здоби со светска слава и многу женски фанови по неговата главна улога во овој филм. Признајте дека се обидовте да го имитирате неговото движење со рацете и показалецот?rn
7. „Магичниот Мајк“ и „Магичниот Мајк XXL“
rnhttps://youtu.be/8AnW97qET4E
Дали сте ги виделе комплицираните кореографии што ги изведоа познатите актери предводени од Чанинг Татум? Заради нив навистина вреди да се остане пред малите екрани и да се препуштите на магијата на овој филм.
Можеби сакате да ја погледнете и листата од најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.

