КАФЕ ПАУЗА

Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

Најочекуваните филмови за суперхерои во 2020 година

Written by

in

,

Без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не, жанрот филмови со суперхерои во моментов го достигна својот врв и ги полни киносалите со секое следно остварување. Не е важно од „кујната“ на кое студио доаѓаат филмовите, колку што е важно кои актери учествуваат во нив и какви специјални ефекти нè очекуваат.rnrnНајочекуваните филмови за суперхерои во 2020 годинаrnrnОваа година можеби не е најбогата во однос на бројот на филмови со суперхерои, но тоа не значи дека не нè очекуваат добри филмови. Тука се и Marvel и DC, како и некои други куќи, а ова е листата од 5 најочекувани:rn

„Black Widow“

rnrnrnСкарлет Јохансон за последен пат ќе биде во улогата на Наташа Романоф во долгоочекуваниот самостоен филм посветен на оваа хероина која е дел од тимот на „The Avengers“. Акцијата нè враќа назад во минатото, веднаш по филмот „Captain America: Civil War“ и во ова остварување дознаваме малку повеќе за минатото на Наташа. Другите улоги ги толкуваат Рејчел Вајс, Фјоренс Пју и Дејвид Харбор.rn

„Wonder Woman 1984“

rnrnrnНе сме сосема сигурни која е сегашната состојба на суперхеројскиот филмски универзум на DC, но знаеме дека Гал Гадот се враќа во ова продолжение, кое е повторно режирано од Пети Џенкинс, по успехот постигнат со првиот дел. Приказната се случува во 1984 година, а во другите улоги се појавуваат Кристен Виг и Педро Паскал, а нестрпливи сме да го видиме и Крис Пајн кој се враќа во улогата на Стив Тревор.rn

„Birds of Pray“

rnrnrnДа се надеваме дека овој филм ќе биде подобар од не толку успешниот „Suicide Squad“, од кој само Марго Роби остана во екипата играјќи на улогата на Харли Квин. Трејлерите ветуваат малку поинаков тон, а многу очекуваме и од негативецот наречен „Black Mask“, кој го толкува Ијан Мекгрегор. Ќе видиме и колку време ќе биде одвоено за другите хероини во филмот, кои според стрипот треба да го имаат приматот во ова продолжение.rn

„Venom 2“

rnhttps://youtu.be/padiJcEjNmArnrnКолку критичарите плукнаа по првиот дел од филмот, толку на обожавателите тој им се допадна и ги полнеа киносалите додека не заврши прикажувањето. Продолжението од филмот доаѓа оваа година и во него на Том Харди ќе му се придружи и Вуди Харелсон како Карнаж. Филмот го режира Енди Серкис.rn

„Bloodshot“

rnrnrnВо овој филм не станува збор за суперхерои кои треба да се борат против злото, туку се работи за малку поинаква стрип поставка. Главниот лик е жртва во несреќен случај, а потоа е оживеан како машина за убивање која не се сеќава на ништо од претходниот живот. Сепак, меморијата на главниот лик полека се враќа и тој потоа сака да им се одмазди на оние кои му нанеле штета.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.