10 познати личности на кои им биле украдени делови од мртвите тела

Сподели

Прочитајте дел од кражбите на делови од мртвите тела на познатите личности…

Реклама

rn

1. Бенито Мусолини – мозокот

rnАмериканската влада го зела неговиот мозок за да го проучува, но и како трофеј. 21 година подоцна, во 1966-тата, ѝ го вратила на неговата вдовица.rn

2. Св. Никола – коските

rnВо 1087 година, коските на светецот биле украдени од страна на пирати, на барање на италијанскиот град Бари. Таму сметале дека тие лачат миризлива смола.rn

3. Ана Болејн – срцето

rnСе верува дека Хенри VIII ѝ го искорнал срцето на британската кралица. Го чувал скриено во ковчеже, кое било во форма на срце.rn

4. Галилео Галилеј – прст

rnЗа време на есхумацијата на посмртните останки на тосканскиот астроном, филозоф и физичар, еден од неговите фанови успеал да украде прст, кој денеска е изложен во музеј во Фиренца.rn

5. Џеронимо – черепот

rnЧерепот на индијанецот бил украден од страна на членови на тајно друштво од Универзитетот Јеил. Се претпоставува дека го користеле пред почетокот на некои нивни ритуали.rn

6. Џереми Бентам – главата

rnГо украле студенти на универзитет во Лондон, во 1975 година. Барале откуп за него, кој делумно им бил исплатен.rn

7. Лудвиг ван Бетовен – ушите

rnГи украл еден од хирурзите, кој учествувал во аутопсијата на телото на познатиот композитор. Никогаш не биле пронајдени.rn

8. Че Гевара – коса

rnАгент на ЦИА украл прамен од косата на познатиот револуционер, веднаш по неговото убиство. Праменот бил долг 7.62 сантиметри. Продаден е на аукција во 2007 година, за 100.000 американски долари.rn

9. Алберт Ајнштајн – очите

rnМу биле отстранети за време на аутопсијата од страна на неговиот офталмолог. Тој ги чувал во тегла, на работното биро.rn

10. Наполеон Бонапарта – пенисот

rnЗа време на аутопсијата му бил отсечен пенисот и прошверцуван надвор од островот Св. Елена, каде живеел до смртта. Подоцна некој понудил откуп од 100.000 американски долари.

Најново

Може ќе ве интересира