КАФЕ ПАУЗА

Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)

Written by

in

,
Последниот ловец на вештерки е сè што стои помеѓу човештвото и моќите на најзастрашувачките вештерки во историјата

rn(1) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)Режија: Брек ЕиснерrnrnУлоги: Вин Дизел, Роуз Лесли, Илајџа Вуд, Мајкл КејнrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 октомври 2015rnrnЖанр: акција, авантура, фантазијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМодерниот свет содржи многу мистерии, но една од најневеројатните тајни е дека вештерките сè уште живеат меѓу нас. По паѓањето на кралицата вештерка пред околу 800 години и формирањето примирје помеѓу луѓето и оние кои поседуваат магија, Колдер (Вин Дизел) е последниот човек кој има способност да го одржува овој мир. На прв поглед тој делува како и секој друг човек кој живее во денешниот брз свет, но брзо ќе откриете дека тој е многу повеќе.rnrn(2) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter) (3) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)rnrnВо последната борба со кралицата вештерка која сакала целосно да го уништи човештвото и да ја врати планетата на оние низ чија крв тече магија, Колдер успеал да ја победи, но во моментите пред да умре, таа го проколнала на вечен живот. Токму затоа тој ја посветил својата вечност во одржување на овој мир, решен никогаш повторно да не дозволи да се врати темната магија која за малку ќе значела крај на човештвото.rnrn(4) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter) (5) Филм: Последниот ловец на вештерки (The Last Witch Hunter)rnrnСтанува збор за интересен филм, со неверојатни специјални ефекти кои ќе ве одведат во еден сосема нов свет кој постои во рамките на модерниот живот. Во текот на 106-те минути додека трае овој филм, вие ќе откриете дека ништо не е онака како што изгледа и дека мистериите ѕиркаат од зад секој темен агол. Вин Дизел има улога која е типична за него и која едноставно му лежи на неговиот изглед, додека младата и талентирана Роуз Лесли успева да го следи во секој чекор, заедно формирајќи одлично филмско дуо. На кратко, одличен филм за својот жанр.