КАФЕ ПАУЗА

Филм: Џокер (The Joker)

Written by

in

,
Трансформацијата на Артур Флек во Џокер

rn[column col=”1/2″][/column]rnrn[column col=”1/2″]rnrnРежија: Тод ФилипсrnrnУлоги: Хоакин Феникс, Роберт Дениро, Зази БитсrnrnВреметраење: 121 минут1rnrnПремиера: 4 октомври 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zAGVQLHvwOYrnrnЏокер е едно од најголемите разочарувања на филмското платно што досега сме имале можност да гo доживееме. Дали нашите очекувања беа премногу големи или филмот навистина не успеа да го пренесе тоа што беше најавено? Најверојатно е второто. Иако почетокот на приказната ќе успее да ви го задржи вниманието, а можеби дури и ќе ве забавува, кога дејството ќе стигне до ужасната одмазда на Џокер, претворајќи го во криминалец и сериски убиец што се бори против капиталистите и богатите со група протестанти облечени како кловнови, вие едноставно ќе се изгубите. И најверојатно ќе се прашувате што се случува.rnrn rnrnВо оваа верзија од Џокер, Хоакин Феникс е Артур Флек кој живее во 1980-тите години. Тој бил поранешен пациент во психијатриска болница поради неговата необична невролошка состојба што го тера гласно да се смее во најнесоодветните моменти. Тој живее со мајка му и има желба да стане познат комичар. Тој исто така е и заљубен во една од неговите сосетки, која е самохрана мајка со мало детенце. Иако тој би дал сè за да биде комичар, сепак единствената работа што успева да ја најде е како кловн, каде што е напаѓан и тепан од криминалци без никаква причина.rnrn rnrnЕден ден, откако неговиот очај ќе стане преголем за да може да продолжи да го потиснува, Артур ќе земе пиштол во своите раце и ќе сфати дека неговиот талент не е за комедија, туку за насилство. Тоа е начинот на кој тој ќе се прероди во Џокерот. Тоа исто така е и моментот кога нештата тргнуваат наопаку за овој филм. Иако Хоакин Феникс е неверојатен актер и ја одигрува улогата со исклучителен (и морничав) талент, сепак тоа не е доволно за да го турне филмот кон успех. Но, можеби ќе биде доволно за да издржите до крај на приказната.rnrnМоја препорака е само да ги намалите очекувањата пред да влезете во кино салата, и постојат големи шанси да се забавувате малку повеќе од мене.