КАФЕ ПАУЗА

8 филмови кои треба да ги гледате со својата сестра

Written by

in

,

Сестринската љубов е нераскинлива врска за која пријателките само сонуваат, а ретко од нив тоа и го доживуваат. Сестрите, освен истите родители, ги врзуваат спомените од детството, приказните пред спиење, незаборавните летни и зимски одмори, кражбата на облека, најсмешните шеги и најдобрите утехи кои ги направиле оние личности кои се денес често неразделни.rnrn8 филмови кои треба да ги гледате со својата сестраrnrnДоколку имате сестра, тогаш добро ви е позната приказната за најдобрата пријателка со која го делите целиот свој живот и многу сличен генетски код кој може да ви го спаси животот, на овој или оној начин, независно од тоа дали ја заслужувате или не. Честопати, односот со сестрите се зема здраво за готово, но токму таа е онаа личност која најчесто сакате да ја видите и слушнете, особено кога имате потреба некому да се доверите. Ако вака се чувствувате и за вашата сестра, тогаш треба да поминувате повеќе време со неа и да се дружите што почесто. Затоа, филмските вечери се идеални, па во продолжение прочитајте ги 8-те филмови кои треба да ги гледате со својата сестра.rn

1. Во нејзините чевли (In Her Shoes)

rnСмирената Роуз ги прекинува врските со својата сестра Меги која обожава да се забавува, по еден инцидент во кој било вмешано момчето на Роуз. Ладната атмосфера е скршена со доаѓањето на Ела, бабата за која ниту една сестра не знаела дека постои.rnrnrn

2. Сестри (Sisters)

rnДве сестри одлучуваат да направат забава за последен пат пред нивните родители да го продадат нивниот семеен дом. rnrnrn

3. Лило и Стич (Lilo & Stich)

rnДевојче од Хаваи посвојува необично милениче кое е всушност вонземјански бегалец од законот.rnrnrn

4. Хокус Покус (Hokus Pokus)

rnПо три века, три сестри вештерки се вратени во живот во Салем, Масачусетс на Ноќта на вештерките. Двајца тинејџери, едно девојче и бесмртна мачка треба да се обидат да го запрат владеењето на теророт на вештерките еднаш засекогаш.rnrnrn

5. Во Америка (In America)

rnЕдно семејство ирски имигранти се обидуваат да се навикнат на животот во земјата на соништата, додека тагуваат за смртта на своето дете.rnrnrn

6. Рејчел се мажи (Rachel Getting Married)

rnМлада жена која во последните 10 години е постојано во центри за рехабилитација за да ја излечи својата зависност, се враќа дома за викендот односно за венчавката на нејзината сестра.rnrnrn

7. Чуварот на мојата сестра (My Sister’s Keeper)

rnАна Фицџералд се надева да добие медицинска еманципација од нејзините родители кои досега сметале на неа, нивната најмлада ќерка, постојано да ѝ помага на својата сестра Кејт, која боледува од леукемија, да остане жива.rnrnrn

8. Леденото кралство (Frozen)

rnКога ново крунисана кралица, Елса без да сака ги употребува своите моќи да ги претвори работите во мраз и да го проколне нејзиниот дом со бесконечна зима, а нејзината сестра, Ана, заедно со Кристоф, неговото милениче ирвас и еден снешко кој зборува, тргнува на авантура да ја пронајде сестра си и да го спаси кралството. rnrn