Слично како битката која се води помеѓу паметните телефони, така е и со веб-прелистувачите. Постојат неколку навистина добри, но сè уште е тешко да се издвои еден од нив, како најдобар. Секој од нив има предности и недостатоци, а корисниците се тие кои одлучуваат кој од нив најмногу ги задоволува нивните потреби.rnrnСекој прелистувач има верни корисници. Некои од нив се толку верни што дури решиле љубовта кон својот фаворит да ја прикажат преку некаква илустрација. Ние издвоивме дваесет такви илустрации кои ја прикажуваат битката помеѓу веб-прелистувачите, заедно со пораката која сакале да ја пренесат нивните креатори.rnrnСекој прелистувач има своја посебна убавинаrnrnПовеќето корисници вака ја доживуваат моменталната битка помеѓу прелистувачитеrnrnГугл Хром едноставно го шокираше светот кога се појави. Како да падна од ведро небо кога ù се приклучи на битката.rnrnМногу, многу одамна постоеја три змеја чии имиња беа Фајрфокс, Интернет Експлорер и Хром, кои се бореа меѓу себе за да ја одржат рамнотежата во онлајн-кралството.rnrnСамо еден ќе излезе како победник од арената. Корисниците ќе одлучат кој.rnrnДа имаше Интернет Експлорер кул икона како што е оваа на сликава, можеби ќе успееше да врати дел од изгубените корисници.rnrnЗасега вистинската битка е само помеѓу Фајрфокс и Хром.rnrnИ едниот и другиот имаат свои предности и недостатоци, а ќе победи оној кој повеќе ќе сè фокусира на корисникот.rnrnПоради напредокот на Интернет Експлорер 10, за резултатот од оваа битка ќе почекаме. Но, да не го заборавиме и Гугл Хром.rnrnИнтернет Експлорер – исплашен од бомбата на Хром која би значела негов крај.rnrnИнтернет Експлорер 6 – најголемото разочарување за корисницитеrnrnДоколку прелистувачите беа мачки со пиштолиrnrnДоколку прелистувачите беа славни личностиrnrnОружје за потрага по најновите информации на интернетrnrnДоколку прелистувачите беа суперхероиrnrnДоколку прелистувачите беа транспортериrnrnСè додека не се појави Хром, сликата за веб-прелистувачите изгледаше вака.rnrnРоденденот на Интернет Експлорер: неговите „пријатели“ се појавиле со саркастично одбран подарок – HTML5.rnrnБитка помеѓу мобилните верзии на веб-прелистувачитеrnrnКој веб-прелистувач вие би го избрале? rn