25 филмови кои ја предвидoа иднината

Сподели

rn

Реклама

19. Игра на смртта (Game of Death)

rnФилмот со Брус Ли раскажува приказна за актер кој снима филм. За време на снимањето една сцена тргнува наопаку кога еден реквизит бил заменет со вистински пиштол и го убива главниот лик. Токму ова му се случува на Брендон Ли, синот на Брус Ли за време на снимањето на „Гавран“ (The Crow).rn

20. Опасен портокал (А Clockwork Orange)

rnОвој филм прикажува општество каде што постарите седат и гледаат телевизија, додека младата генерација трча наоколу правејќи секакви злодела. Во филмот има и затвор кој ги ослободува затворениците ако подлегнат на експеримент за перење на мозокот. Во еден затвор во Тенеси можеби нема перење на мозокот, но ако затворениците се согласат на вазектомија, им се намалува затворската казна.rn

21. Гремлини 2: Нова тура (Gremlins 2: A New Batch)

rnДејството во вториот дел е сместено во една кула која има автоматски врати, автоматски светилки и што уште не. Се разбира, ништо не работи како што треба и работите тргнуваат наопаку. Иако ова не е првото предвидување за „паметен“ дом, сепак вреди да се спомене.rn

22. Деца на луѓе (Children of Men)

rnФилмот е сместен во свет каде што владее хаос и неплодност. Жените не можат да забременат и луѓето сметаат дека немаат иднина. Иако можеби проблемот не е толку драстичен, истражувањата покажале дека од 1970-та до 2014-та година плодноста е значително намалена ширум целиот свет.rn

23. Робокап (RoboCop)

rnСè уште немаме роботи полицајци, но филмот успешно ги предвиде роботските протези, технологијата за препознавање лица, како и фактот дека Детроит ќе биде банкротиран град во кој владее криминал.rn

24. Хакери (Hackers)

rnФилмот можеби не е најдобар, но има предвидено многу работи. Од слабите лозинки кои ги користат сите, до глобалната алијанса на хакери, филмот имал добра интуиција за иднината на сајбер криминалот.rn

25. Гатака (Gattaca)

rnЗа среќа не постои дистопијата со генетички модифицирани луѓе. Сепак, она што го предвидел филмот е тоа што со помош на ДНК можете да го проверите генетскиот ризик од некои заболувања.

Дали знаевте дека овие филмови од Пиксар имаат длабоко психолошко значење?

Популарно

Може ќе ве интересира