КАФЕ ПАУЗА

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значење

Written by

in

,

Цртаните филмови во себе кријат многу значајни вистини и бесценети лекции, иако на прв поглед делуваат детско и наивно. Понекогаш, некои од анимираните филмови треба да ги погледнете неколку пати за да ја сфатите нивната суштинска порака. Сигурни сте ги гледале следниве 12 анимирани филмови, но можеби не сте го разбрале нивното длабоко психолошко значење. Дознајте што се крие зад површината на приказната на вашите омилени цртани ликови…rn

1. „Барајќи ја Дори“, 2016 (Finding Dory)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Сите сме различни и треба да ги почитуваме необичните особини на другите.rnrnГлавниот лик во оваа анимација е слатката риба Дори, која многу заборава. Таа сака да си го најде семејството, но не може да се сети каде е. Дори уште од раѓање ги губела сеќавањата. По примерот на овој цртан филм, родителите можат да им објаснат на децата колку е важно да ги прифаќаме другите такви какви што се.rn

2. „Добриот диносаурус“, 2015 (The Good Dinosaur)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Искреното пријателство е супермоќ!rnrnВо овој анимиран филм не се работи само за пријателството помеѓу мало момче и голем диносаурус. Се работи за свет во којшто природата ја победила цивилизацијата, а не обратно. Додека децата уживаат во динамичната приказна и веселите ликови, возрасните можат да размислуваат за стравовите на диносаурусот Арло и моќта на вистинското пријателство.rn

3. „Опаку наопаку“, 2015 (Inside Out)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Не плашете се од вашите емоции.rnrnОва е еден од најмоќните анимирани филмови на Пиксар, кој бил одобрен дури и од страна на психотерапевтите. Главната хероина е Рајли, девојче кое се обидува да се справи со нејзините емоции (радост, тага, страва, лутина и презир). Рајли може да им помогне и на возрасните и на децата да сфатат дека е нормално да се доживуваат различни емоции, само треба да ги држиме под контрола.rn

4. „Храбрата Мерида“, 2012 (Brave)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Оставете ги стереотипите на страна и бидете свои.rnrnОвој анимиран филм е одличен потсетник дека никој од нас не мора да исполнува нечии туѓи очекувања. Цртаниот филм ја прикажува приказната за врската помеѓу храбрата Мерида и мајка ѝ, која ја испланирала иднината на ќерка си до најситни детали. На крајот, сфаќаме дека девојчињата не мора да бидат принцези ако ги обожуваат лудите авантури.rn

5. „Нагоре“, 2009 (Up)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Никогаш не е предоцна да си го остварите сонот.rnrnОва е тажна и трогателна приказна за осаменоста и староста. Карл секој ден мисли на неговата почината сопруга и на авантурите за кои сонувале заедно. На крајот, Карл решава да патува сам во неговата летечка куќа, но едно смешно момче му ги менува плановите. Овој анимиран филм ни открива дека на сите ни требаат бајки во животот, без оглед на возраста.rn

6. „Воли“, 2008 (WALL-E)

rn12 анимирани филмови од Пиксар што имаат длабоко психолошко значењеrnrnПорака: Ние сме одговорни за нашата планета.rnrnВо овој анимиран филм не се работи само за длабоките чувства, туку и за големите одговорности. Воли нѐ подучува дека треба да се грижиме за Земјата, со тоа што ни ја покажува можната иднина на нашата планета ако продолжиме неограничено да ги користиме нејзините ресурси.rnrnПродолжете на следната страница за останатите прекрасни анимирани филмови…rnrn