Одговорете искрено, колку често ја менувате вашата постелнина? Ако го правите тоа еднаш неделно, секоја чест. Но ако не, можеби тоа е причината за вашите акни.
На вашата постелнина остануваат мртви кожни клетки, масла и бактерии. Кога не спиете на чиста постелнина секоја вечер, сè што останало од претходната ноќ повторно ќе се најде на вашето лице и ќе ги затвори вашите пори. Па, целата рутина за чистење на лицето можеби е залудна.
За среќа, компанијата Silvon создала постелнина која се чисти сама. Од компанијата тврдат дека нивната постелнина се чисти сама 14 денови, а потоа треба само да ја исплакнете во топла вода. Навистина звучи премногу добро за да биде вистинито.
Постелнината има сребрени влакна што ја прават антибактериска. Среброто ги привлекува, убива и го спречува размножувањето на бактериите. Покрај тоа, памукот од кој е изработена постелнината ги одржува вашите пори чисти.
Оние кои ја пробале постелнината изјавиле дека по 2 ноќи таа сè уште била беспрекорно чиста. Исто било и по 10-тина дена. Цената на оваа постелнина е висока и почнува од 125 евра. Но, корисниците се задоволни и тврдат дека е одлична инвестиција. Веројатно не ви е потребна ваква постелнина, но сигурно ќе се чувствувате одлично кога ќе знаете дека секоја вечер спиете на чисто.
Дали знаете колку често треба да ја менувате вашата постелнина?

