rn
15. „Елегија“ (Elegy)
rn
rnrnНекои филмови навистина знаат како да ја потресат својата публика. „Елегија“ е еден од нив. Ова е приказна за врската помеѓу студент и професор која сигурно ќе ви остане во сеќавање.rn
16. „Амели“ (Amelie)
rn
rnrnАмели, млада девојка од Франција со бујна фантазија открива кутија со стари играчки во нејзината бања. Таа смета дека мора да го врати ова „богатство“ на вистинскиот сопственик. Овој филм ни ги има превртено животите со многу причини. Исто така, невозможно е да се замисли Париз без да ги слушнете прекрасните композиции на Јан Тиерсен.rn
17. „Мојата недела со Мерлин“ (My Week with Marilyn)
rn
rnrnДа се преземе улогата на Мерлин Монро можеби е вистински предизвик, но овде Мишел Вилијамс е совршена реинкарнација на познатата икона. Вреди да го погледнете овој филм – ќе ве натера да поверувате дека и вие можете да ги допрете ѕвездите.rn
18. „Евита“ (Evita)
rn
rnrnПрекрасен мјузикл кој ја раскажува приказната на Марија Ева Дуарте де Перон (или Евита) од Аргентина. Мадона прекрасно ја доловува нејзината приказна прикажувајќи ги сите добри, но и сите мрачни страни кои ги имала Евита, вклучувајќи ги и нејзините стравови и амбиции.rn
19. „Џиа“ (Gia)
rn
rnrnАко треба еден збор за да се опише овој филм, тоа е извонреден. Во „Џиа“ на публиката ѝ е прикажана грубата вистина за светот на модата. Иако изгледа како прекрасен живот исполнет со фотографирање, социјални настани и модни писти, младата Анџелина Џоли ни покажува дека овој свет е сосем поинаков.rn
20. „Коко пред Шанел“ (Coco Before Chanel)
rn
rnrnСтанува збор за приказна за една жена која не се плаши да му се спротистави на конзервативното општество со старомодни сфаќања, тесни корсети и досадни фустани. Одри Тату незаменливо ја одглумува легендарната Шанел.rnrnДоколку ви се допаднаа овие филмови, погледнете ги и следниве 10 инспиративни монолози од женски филмски ликови.
