Колку повеќе трендови, толку повеќе време за одлучување како да се облечете за некоја прилика. А, со оглед на тоа дека постојат многу повеќе трендови одошто е потребно, вистинска мака е да пронајдете совршена комбинација во секој момент. Но, можеби е најдобро да ги одовите најдобрите и најпопуларните трендови за ова лето, па секогаш да имате најдобра и најатрактивна модна комбинација.rnrn
rn
1. Бандана
rnПред неколку сезони кратките марами, односно банданите, беа едни од најпопуларните аксесоари помеѓу девојките со различни стилови. Ова е тренд кој повторно се врати на модната сцена, само што повеќе не се носи на главата, на чантата, во џебот на фармерките, туку околу вратот.rnrn
rn
2. Едноделен костим за капење
rnАко ги следите трендовите, тогаш најверојатно сте забележале дека бикинито замина во заборав. Сѐ повеќе девојки се одлучуваат за едноделни костими за капење кои даваат доста заводнички и сексапилен изглед кој воодушевува, заради што и дојде до голема популарност на овој тренд.rnrn
rn
3. „Бушави“ папучи
rnВе нервирале или не, овие папучи се еден од трендовите кои скоро секоја девојка веќе ги обожава. Заедно со костими за капење, некои полежерни комбинации или со свечени фустани, ова се дефинитивно обувки кои одговараат за сите прилики. Токму тоа ја донесе нивната популарност, но и да не го заборавиме нивниот атрактивен и занимлив изглед.rnrn
rn
4. Плетена чанта
rnЧантата што личи на торба за пазарење, во која се носи овошје и зеленчук, неодоливо потсетува на 80-тите години на минатиот век, кога и почнаа да се носат вакви модели. Како многуте, ова е уште еден тренд кој ни се врати, а ние силно го прегрнавме. Тие прават целата комбинација да изглед поубаво и потопло.rnrn
rn
5. Кариран принт
rnИако не е класична карирана шара, сепак можеме така да ја дефинираме. Во секој случај, ова лето не се препорачуваат цветните принтови и дезени, бидејќи овој принт го презеде водството.rnrn
rn
6. Машка капа
rnКапата која изгледа како баретка со кратко продолжување и наликува на капа која некогаш ја носеле мотоциклистите е голем хит во светот на модата. Веќе некое време наназад овој модел се појави и во женска варијанта, а сега дефинитивно е еден од најпопуларните трендови што постојано се носат.rnrn
rnrnПогледнете уште неколку модни трендови кои ќе доминираат во текот на сезоната пролет/лето 2017