И покрај тоа што во 2016 година имавме можност да видиме епски филмски наслови, изгледа дека тоа беше само загревање за оваа година. Во продолжение следуваат најголемите 17 филмови за 2017 година што сите љубители на големото платно со нетрпение чекаат да излезат. Што мислите ти, кој од овие филмови ќе биде најголем хит?rnrn
rn
1. Притаено зло: Последно поглавје (Resident Evil: The Final Chapter) – 27 јануари
rn5 години по последниот дел од франшизата, Мила Јововиќ се враќа на големото филмско платно за да ја заврши научнофантастичната хорор приказна што траеше повеќе од една декада.rnrnrn
2. Џон Вик: Второ поглавје (John Wick: Chapter 2) – 10 февруари
rnПо сè низ што помина во првиот филм, што би можело да го поттикне Џон Вик да се повлече од пензијата?rnrnrn
3. Филм со Лего коцки за Бетмен (The Lego Batman Movie) – 10 февруари
rnНеодамна идејата за филм базиран на коцките Лего изгледаше многу смешно дури и да се изговори, но по успехот на првиот дел нè очекуваат уште многу продолженија.rnrnrn
4. Логан (Logan) – 3 март
rnХју Џекман толку долго го игра Волверин што е речиси невозможно да се замисли друг човек во оваа улога! Додека тоа се случи, ќе уживаме во третото продолжение за омилениот мутант.rnrnrn
5. Конг: Остров на черепи (Kong: Skull Island) – 10 март
rnНе постои обид за преработка на класичниот оригинал што успеа да го достигне неговиот успех, но овој пат имаме можност да го видиме Конг во малку поинаква форма.rnrnrnrnПреминете на втората страница за повеќе филмови…rn