Марио Касас Сиера е млад шпански актер кој брзо се проби на сцената преку главните улоги во неколку шпански блокбастери, а уште побрзо се проби до срцето на милиони девојки низ целиот свет. Тие не можат да одолеат на неговото лице, убавата насмевка, заводливиот поглед, згодното тело… всушност, го сакаат целиот од глава до петици. Критичарите се согласуваат дека во каков филм и да глуми, штом тој се појави на екранот, припадничките на понежниот пол подобро ги отвораат очите и повнимателно го следат филмот.
Кога бил мал Марио сакал да стане полицаец или пожарникар, потоа размислувал за новинарство, но на крајот завршил во драмско училиште. Уште како дете почнал да се појавува на телевизија глумејќи во разни реклами. На само 18 години дебитирал во филмот „Летен дожд“ режиран од неговиот идол Антонио Бандерас, но вистинската слава ја стекнал кога се појавил во неколку телевизиски серии. Почнал почесто да добива понуди да игра главни улоги, а една таква го направи светска ѕвезда. Улогата на Аче во „Три метри над небото“ била совршена за него, па светскиот успех бил логична последица.
Покрај понуди за филмови, Марио Касас често добива и понуди да се слика за многу познати магазини. Исто така, активен е во фондот на оперскиот пејач Хозе Карерас, чија мисија е да се соберат пари за да им се помогне на децата болни од леукемија.
Доколку сте од оние кои ги гледаат филмовите на Марио Касас, меѓу другото, затоа што тој глуми во нив, направивме избор од неколку во кои тој доволно често ќе ви го окупира екранот.rnrn
Три метри над небото (Tres metros sobre el cielo)
rn
Година: 2010rnrnАктери: Марио Касас, Марија Валверде, Алваро СервантесrnrnЖанр: романса, драмаrnrnКратка приказна: Најпознатиот филм на Марио Касас, оној кој од него направи светска ѕвезда, е приказна за една навидум невозможна љубов. Баби (Марија Валверде) е фина, добро воспитана девојка со добри манири, а Аче (Марио Касас) е импулсивен, бунтовен и лесно влегува во тепачки и нелегални трки со мотори. Тие двајца припаѓаат на различни светови кои ќе се приближат кога меѓу нив ќе се роди љубов.rn
rn
Те посакувам (Tengo ganas de ti)
rn
Година: 2012rnrnАктери: Марио Касас, Марија Валверде, Клара ЛагоrnrnЖанр: романса, драмаrnrnКратка приказна: Во продолжението на Три метри над небото, Аче, ликот на Марио, е малку позрел. Откако поминал две години во Њујорк, тој се враќа во старото соседство каде што повторно ќе се соочи со Баби и спомените. Во оваа приказна ќе се придодаде уште една девојка која многу ќе влијае на неговиот живот и ќе му покаже како да гледа кон иднината наместо одново да го преживува непријатното минато.rn
rn
Одлив на мозоци (Fuga de cerebros)
rn
Година: 2009rnrnАктери: Марио Касас, Алберто Амариља, Амаја СаламанкаrnrnЖанр: романса, комедијаrnrnКратка приказна: Емилио е срамежливо момче кое е вљубено во најубавата девојка од класот. На крајот на школската година кога конечно ќе реши да ја искаже својата љубов, таа добива стипендија да студира на Оксфорд. Иако за него оваа љубовна приказна изгледа како завршена, неговите другари не се откажуваат и по секоја цена се обидуваат да го пратат не многу добриот ученик Емилио заедно со неа на Оксфорд.rn
rn
Неонско светло (Carne de neon)
rn
Година: 2010rnrnАктери: Марио Касас, Висенте Ромеро, Лусијано КасересrnrnЖанр: комедијаrnrnКратка приказна: Во оваа комедија Марио го глуми младиот Рики, кој откако ќе ја загуби наклонетоста на мајка си поради тоа што не работи, ќе отвори бордел заедно со неговите двајца најдобри, но неинтелигентни другари.rn
rn
Единица број 7 (Grupo 7)
rn
Година: 2012rnrnАктери: Марио Касас, Антонио де ла Торе, Хоакин НуњезrnrnЖанр: акција, трилерrnrnКратка приказна: Овој пат славниот срцекршач останува подалеку од романтиката играјќи го ликот на младиот амбициозен детектив Анхел. Тој заедно со неговиот колега Рафаел има цел да ја исчисти дрогата од улиците.rn
rn
Летен дожд (El camino de los ingleses)
rn
Година: 2006rnrnАктери: Алберто Амариља, Марија Руиз, Феликс Гомез, Марио КасасrnrnЖанр: драма, романсаrnrnКратка приказна: Овој филм е дебито на Марио Касас, единствениот од оваа листа во која добил споредна улога. Дејствието е сместено во седумдесеттите години на минатиот век, а раскажува приказна за љубовта, страста и пријателството во една група млади луѓе кои излегуваат од тинејџерските години.rn
rn
Секс, забави и лаги (Mentiras y gordas)
rn
Година: 2009rnrnАктери: Марио Касас, Ана де Армас, Јон ГонзалезrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКратка приказна: Приказна фокусирана на односот помеѓу двајца блиски другари, истовремено прикажувајќи го животот на поголема група млади луѓе чие секојдневие е исполнето со дрога, забава и многу секс.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
