Уредите управувани со електрична енергија се присутни на секој чекор. Знаете како да ги користите безбедно, но не е лошо одвреме-навреме да се потсетите за да избегнете пожар, електричен удар или некоја друга несреќа.rnrn
rnrnЕве неколку основни упатства…rn
Каде и како безбедно да го наполните вашиот паметен телефон?
rnПовеќето понови паметни телефони можат да се полнат во текот на ноќта, но не и да се оставаат на перници, на ќебиња или на други меки и запаливи површини и материјали.rnrnИмено, батериите се загреваат при полнење. На пример, дрвената или стаклената површина на масата доволно ќе ја разлади батеријата, но ткаенините многу повеќе ја задржуваат топлината и притоа може да настанe прегревање, па дури и да се случи експлозија. Покрај тоа, најдобро е да го користите оригиналниот полнач.rn
Како треба да ја замените светилката ако не знаете дали била вклучена кога престанала да работи?
rnОва во основа е безбедно, но во никој случај не ги ставајте прстите во грлото на светилката. Ако светлото се запали додека се обидувате да ја замените светилката, исклучете го прво светлото (или осигурувачот за таа просторија), a потоа продолжете. Не е лошо да носите и обувки со дебел или гумен ѓон.rn
Дали треба да ги исклучите сите електрични уреди од штекер пред да ја напуштите куќата?
rnПо правило, треба да исклучите сè што може да предизвика пожар. Фрижидерот и некои слични уреди можете да ги оставите вклучени.rn
Дали навистина пластичните заштитници на штекерите не се безбедни?
rnНе, ако имаат соодветен CE сертификат и три жични конектори, тогаш се безбедни.rn
Дали телевизорот треба да се исклучи за време на грмежи?
rnОбично за тоа нема потреба. Но, ако постои можност просторијата каде што е телевизорот да биде погодена од гром, тогаш треба да ги исклучите сите електрични уреди што немаат заштита.rn
Како да отстраните тост што се заглавил во тостерот?
rnИсклучете го тостерот од струјата и користете пластичен прибор со широки острици (на пр.: шпатула) за да ги отстраните заглавениот дел од тостот и неговите остатоци.rn
Што не треба да правите кога станува збор за електричната енергија?
rnНе користете електрични уреди, како што е косилката за трева во градината, без соодветна заштита бидејќи преостанатиот електричен набој може да биде фатален за вас и за вашето домаќинство.rnrnАко слушнете дека некој од вашите домашни уреди е повлечен од употреба, ослободете се од него.rnrnИсто така, во текот на ноќта не оставајте активни уреди како што се машината за перење и машината за миење садови или фенот.rnrnОвие електронски уреди трошат струја дури и кога се исклучени.