Погрешниот начин на доаѓање до заклучоци или когнитивната пристрасност е начин на кој мозокот ги обработува информациите и брзо донесува одлуки, но во исто време го спречува развојот на вашата кариера. Поради тоа, луѓето имаат тенденција да работат или да веруваат во нешто само затоа што останатите го прават тоа. Овој подмолен механизам е најочигледен на состаноците – на колегите им е полесно да се сложат со идеите што не ги разбираат отколку да се распрашуваат. Сепак, знаењето е најдоброто оружје за да му се спротивставите на овој ефект, па затоа подгответе се пред состанокот за да можете рамноправно да учествувате во дискусиите.rnrn
rn
1. Мозокот самоволно филтрира сè што ќе слушнете на работа
rnАфирмативната пристрасност е филтер што ги предизвикува луѓето да ги слушнат сите нови информации за да ги потврдат своите претходни верувања. За да бидете успешни, првиот чекор е да се освестите. При решавање на проблемите, запрашајте се дали сте го разгледале проблемот од сите страни или сте пристрасни.rn
2. Извадете ја главата од песокот, секој проблем има решение
rnЕфектот на ној е свесно игнорирање на лошата состојба. Иако тоа ви помага да се справите со стресот, на долг рок тоа сигурно ќе ве повреди и ќе ви наштети. Затоа, извадете ја главата од песокот, признајте си дека сте погрешиле, идентификувајте ги проблеми и почнете да барате решение. Само тогаш овој ефект целосно ќе исчезне.rn
3. Забележување на потребното време за извршување на задачите ќе ви заштеди нерви
rnЗаблудата при планирањето е најочигледна кај луѓето што водат кампањи. Поради склоноста погрешно да го проценат времето потребно за да се изврши некоја задача, многумина прво се несериозни, а потоа паничат кога роковите ќе ги притиснат. За да ги спречите паничните напади, запишете колку време ќе ви биде потребно уште пред да започнете со проектот. Кога ќе завршите, запишете колку време навистина ви било потребно. Повторувајте го истиот процес за подобро да управувате со вашето време.rnrnПрочитајте кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место.

rnrnВо последно време, овој тест стана многу популарен кај работодавците. На почетокот на интервјуто, ќе ве одведат во кујната и ќе ви понудат шолја кафе. По интервјуто, работодавецот внимателно ќе гледа што ќе направи кандидатот со шолјата – дали ќе праша каде да ја остави, дали едноставно ќе ја остави на масата или ќе ја измие.rnrnОвој трик открива многу повеќе за карактерот и за манирите на една личност отколку одговорите на поставените прашања за време на интервјуто. Исто така, тоа може да покаже колку брзо кандидатот ќе се вклопи во тимот. Во овој случај, најдобрата одлука е по интервјуто да отидете во кујната и сами да ја измиете шолјата.rn
rnrnВо реалноста, тестот со кафето е „невин“ трик. Ситуацијата може да биде многу полоша ако интервјуто е закажано во 9 часот наутро, но кога ќе пристигнете во канцеларијата, работодавецот е сè уште зафатен и мора да почекате 10 минути. Потоа уште 10 минути. И потоа уште 15 минути.rnrnОвој трик може да покаже колку е кандидатот емоционално стабилен во стресни ситуации и колку навистина сака да ја добие работната позиција.rn
rnrnПовишувањето на гласот, врескањето, па дури и употребата на навредливи зборови е уште еден начин да ја проверат вашата способност за справување со стресни ситуации. Експертите ве советуваат да останете смирени и да одговорите на поставените прашања колку што е можно посмирено.rn
rnrnВаквите ексцентрични барања служат за да го проверат кандидатот колку креативно може да размислува.rnrnМожете да се спасите од таквата ситуација на следниот начин: застанете на прозорецот, но скокнете на подот од просторијата каде што се одвива интервјуто бидејќи никој не ви појасни каде да скокнете. Но, можете и да го шокирате работодавецот поставувајќи му го прашањето: „Каква корист ќе има компанијата од мојот скок?“rn
rnrnВо овој случај, кандидатот може да биде игнориран од работодавецот, да гледа во компјутерот, да одговара на телефонските повици или да ја напушти просторијата среде интервју.rnrnОвој трик служи за да покаже како кандидатот ќе го пренасочи вниманието на работодавецот или на кој начин ќе успее да се извлече од оваа ситуација. Една од најефикасните опции е да го замолите работодавецот да го презакаже интервјуто за друг ден.rn
rnrnПо интервјуто, постои можност работодавецот да ви понуди да се запознаете со своите потенцијални колеги. Ова не е едноставен учтив гест, туку начин на кој работодавецот ќе дознае какви мислења имаат вработените за кандидатот.rn






