3 клучни знаци дека е време да дадете отказ (дури и ако немате друга работна понуда)

Сподели

Без разлика дали допрва ја почнувате својата кариера или веќе имате долгогодишно искуство, понекогаш навистина е потребно едноставно да застанете малку и да се ставите себеси на прво место. Ако не сте задоволни со моменталната работа, а единственото нешто што ве задржува е платата, тогаш време е да направите некои промени. Еве што треба да земете предвид ако сакате да дадете отказ, дури и ако немате друга можност за работа во моментот.

Реклама
Реклама

rn

Реклама
Реклама

1. Водството на фирмата во којашто работите

rnФирмата што ги поттикнува своите вработени да ги развиваат знаењата и да напредуваат е клучно за добросостојбата на работното место и за задоволството на вработените. Ако не сте задоволни со вашите надредени и ако сметате дека не ја ценат вашата работа и не ви оставаат простор за напредување, време е да ја преиспитате својата лична вредност и да размислите за ажурирање на своето резиме.rn

2. Организацијата на фирмата во којашто работите

rnАко вашите вредности и ставови не се усогласуваат со оние што ги застапува фирмата за којашто работите, тоа е голем проблем. Ако постојано наидувате на судири во размислувањата, тогаш вашето незадоволство секојдневно ќе расте. Работете го тоа што го сакате и не дозволувајте поради платата да не можете слободно да размислувате или да се изразувате.rn

Реклама
Реклама

3. Работата престанала да ви биде предизвик

rnНе сте веќе заинтересирани за својата работа? Досадно ви е и се чувствувате како тоа што го работите да нема никакво значење за вас? Време е да размислите, но не само за менување на работното место, туку и за целосна промена на професијата. Секогаш можете да се обратите кај службите што спроведуваат стручно советување со цел да ве насочат во вистинската работа и да ја најдете работата што ќе ви одговара и ќе ве исполнува.

Најново

Може ќе ве интересира