Изберете ја омилената боја, а таа покажува каков вид либидо имате и колку сте компатибилни со партнерот кога станува збор за сексот.rnrn
rn
Кафеава
rnЛуѓето чија омилена боја е кафеавата се вистинско „богатство“ за своите партнери. Нивните чувства се длабоки, тие се топли и многу емотивни и чувствителни на туѓите потреби. Бидејќи се многу сензуални, со нив е секогаш вистинско време за секс, речиси секогаш се подготвени и расположени.rnrnРомантичните сцени, како прегратките пред каминот и прошетките на дожд се емотивна храна за овие луѓе. Единствено што им е важно во сексот е да имаат доволно време и приватност да се препуштат на страстите.rnrnСепак, мора да бидете претпазливи за што разговарате со нив бидејќи тие се во состојба да ја прекинат врската ако не се однесувате со почит кон нив.rn
Црвена
rnЛуѓето кои ја сакаат црвената боја се генерално многу страсни во кревет. Тие се возбудуваат многу лесно и сакаат да уживаат во сексот на сите можни начини и да експериментираат.rnrnОвие личности често иницираат секс и обично се доминантната страна во врската.rn
Жолта
rnАко вие или вашиот партнер сте љубители на жолтата боја, тоа значи дека вашето либидо е многу сложено и обично се приспособува на ситуацијата и на моменталните чувства. Иако се страсни, тие најчесто се во улога на оние кои го задоволуваат својот партнер и почесто се пасивната страна.rnrnТие имаат голем сексуален потенцијал, но ретко се ослободуваат доволно за да ѝ го покажат на другата страна.rn
Црна
rnОние кои ќе се определат за оваа боја, обично ја избираат по инерција, односно немаат волја да размислуваат премногу. Покрај тоа, расположението им е променливо и најдобро функционираат под притисок.rnrnБидејќи црната боја не е поврзана со либидото, обидете се да пронајдете друга омилена боја за да откриете какво е вашето либидо.rn
Сина
rnЉубителите на сината боја се одлични сексуални партнери. Тие обрнуваат внимание на желбите и на потребите на другата страна и сметаат дека водењето љубов е уметност. Тие се суптилни и не се вулгарни.rnrnЖените кои ја сакаат сината боја целосно и без двоумење им се препуштаат на задоволството и се големи љубители на предиграта без која не можат да замислат добар секс. Тие се добри партнери во бракот затоа што се лојални и верни.rn
Бела
rnЗа љубителите на оваа боја, сексот е нешто што честопати се смета за „табу“ и нешто за што не се зборува во јавноста. Тие водат љубов во темнина, немаат многу самодоверба и генерално се прилично крути и традиционални.rnrnЖените кои ја сакаат оваа боја повеќе би сакале да водат љубов облечени, додека мажите нема ни да размислуваат за секс ако претходно не се истуширале.rn
Сива
rnЉубителите на оваа боја може да се опишат како неодлучни. Дури и нивниот избор на боја зборува за нивната неодлучност, бидејќи тие ја доживуваат сивата како боја што не е премногу „одлучна“.rnrnТие не уживаат претерано во сексот и го доживуваат како задача. За нив е најдобро да бидат со партнер со кој им се согласуваат потребите.rn
Розова
rnЉубителите на оваа боја често одбиваат да пораснат во животот, вклучително и во сексот. Жените кои ја сакаат розова боја сакаат да флертуваат, а мажите се вистински женкари.rnrnТие имаат либидо како тинејџери, а сексот го доживуваат како физичка потреба, а ретко како водење љубов.rn
Зелена
rnЉубителите на оваа боја изгледаат свежи и невино во пристапот кон сексот. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но тоа изгледа шармантно и слатко.rnrnОвие личности се нежни, но не и вистински страсни. Ако ги изберете за партнер, никогаш нема да се грижите дали ќе бидат неверни.rn
Виолетова
rnЉубителите на оваа боја честопати се сметаат себеси за премногу софистицирани за да можат да се тркалаат во кревет. Жените кои ја сакаат оваа боја не можат да поднесат неуредна фризура, а мажите му пристапуваат на сексот како на работа.rnrnТие често се концентрираат повеќе на сопственото задоволство отколку на задоволството на партнерот.rn
Портокалова
rnЉубителите на оваа боја се многу имагинативни и имаат многу сексуални фантазии. Тие го доживуваат сексот како филмска сцена во која ја играат главната улога.rnrnМажите кои ја сакаат оваа боја ќе ја влечат партнерка за коса, а жените со сигурност ќе остават траги од ноктите на грбот на партнерот.rn
Ниту една боја
rnАко немате омилена боја, тогаш погледнете со кои бои најчесто сте опкружени или кои бои ги носите на облеката. Сега вратете се на почетокот и изберете ја бојата што најчесто се појавува на и околу вас.rnrnРешете го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот.