КАФЕ ПАУЗА

Category: Прес

  • Како да го зачуваме централниот нервен систем како што старееме?

    Како да го зачуваме централниот нервен систем како што старееме?

    Како што старееме, мозокот и нервниот систем минуваат низ природни промени. Мозокот почнува делумно да атрофира, а нервните клетки почнуваат сè побавно да пренесуваат пораки. Овој процес не е пријатен, а понекогаш е целосно вознемирувачки. Ако во одреден момент откриете дека ви е тешко да се концентрирате, откриете дека имате проблеми со помнењето или сте почнале да заборавате, може да се запрашате дали тоа се нормални „грешки во возраста“ поврзани со стареењето или дали се должат на деменција или Алцхајмерова болест. Честопати нема за што да се грижите и малите пропусти во меморијата можат да бидат предизвикани од стрес, недостаток на сон и природниот процес на стареење, но понекогаш има и други причини.rnrnКако да го зачуваме централниот нервен систем како што старееме?rnrnАјде прво да ги погледнеме најчестите промени во меморијата поврзани со нормалното стареење:rnrnТешкотии да научите нешто ново: Може да почне да трае подолго за да се запишат нови информации во меморијата. Она што порано можевте да го научите со леснотија, на пример стихотворба или песна, сега бара многу повеќе време и труд.rnrnМултитаскинг: Одложената обработка го отежнува закажувањето и извршувањето на паралелните задачи во исто време. Полесно ви е да се фокусирате на една задача и дури потоа да преминете на следната.rnrnПомнење на имиња и броеви: Стратегиската меморија, која помага да се запомнат имињата и броевите, почнува да опаѓа од 20-тата година од животот. На постара возраст, репродукцијата на одредени броеви и имиња може да биде потешко.rnrnСеќавање на обврските: Без конкретни знаци за потсетување на информациите, мозокот може да ги стави обврските во „складирање“ и да не ви даде пристап до нив. Можете лесно да го надминете овој проблем со водење белешки и правење распореди за да ве потсетат на претстојните обврски.rnrnДа, бавното размислување и тешкотиите со помнењето се нормален дел од стареењето. Но, овие промени не се исти за сите. Кај некои луѓе тие се прилично безначајни, кај други се релативно поизразени, а кај други се навистина сериозни, често предизвикани од разни болести на нервниот систем.rnrnДеменцијата и тешкото губење на меморијата, на пример, не се сметаат за нормален дел од стареењето. Тие можат да бидат предизвикани од мозочни заболувања, како што е Алцхајмерова болест. Овие болести предизвикуваат многу сериозно оштетување на нервниот систем. Бидејќи мозокот и нервниот систем се централен контролен центар на телото, тие ги контролираат движењата, сетилата, мислите, сеќавањата, дури и функцијата на некои телесни органи. Сериозно оштетување на мозокот и нервниот систем може да влијае на сетилата и да ги намали рефлексите на пациентот. Во понапредната фаза на болеста, луѓето кои страдаат од деменција и Алцхајмерова болест може да ја изгубат способноста за зборување, а нивното однесување целосно да се промени. Затоа, важно е да се обрне внимание на промените во нашата меморија, како и во однесувањето на блиските луѓе, за да можеме да ги откриеме раните знаци на овие болести.rnrnНо, без разлика дали зборуваме за болест, нормални промени поврзани со возраста во функцијата на мозокот или едноставно одвлекување на вниманието предизвикано од недостаток на сон и стрес, секогаш можеме да преземеме мали чекори за да ја подобриме нашата севкупна меморија и да го стимулираме нашиот ум:rnrnКако да го зачуваме централниот нервен систем како што старееме?rn

    1. Вклучете „храна за мозокот“ во вашата исхрана и земајте додатоци во исхраната.

    rnПостојат специјални намирници и додатоци во исхраната кои би можеле значително да придонесат за доброто функционирање на вашиот мозок.rnrnБрокулата, спанаќот и аспарагусот содржат витамин Б, кој игра важна улога во регенерацијата на нервите и функцијата на нервите.rnrnБоровинките имаат антиинфламаторно и антиоксидантно дејство. Откриено е дека антиоксидансите ја поддржуваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки и го намалуваат ризикот од стареење на мозокот и развој на невродегенеративни болести.rnrnЈаткастите плодови имаат способност да го подобрат сознанието и да го забават менталниот пад. Тие содржат здрави масти, антиоксиданси и витамин Е.rnrnЈајцата се богати со витамини од групата Б, но содржат и важна хранлива состојка наречена холин. Телото користи холин за да создаде невротрансмитери одговорни за расположението и меморијата, а неговиот недостаток доведува до побрзо ментално опаѓање, лошо расположение, па дури и депресија.rnrnПастрмката, лососот и сардините содржат големи количини на Омега-3. Речиси 60% од нашиот мозок е составен од масти кои содржат омега-3 масни киселини, така што тие се неопходни за производство на мозочни и нервни клетки. Недостатокот на омега 3 може да предизвика проблеми со учењето и депресија.rnrnКуркумата е темно жолт зачин кој најчесто се наоѓа во кари во прав. Куркумата е моќен антиоксиданс. Тоа е поврзано со подобрена меморија, помала склоност кон депресија и раст на нови мозочни клетки. Куркумата е погодно да се зема како додаток во исхраната.rnrnВеројатно сте слушнале и за Гинко билоба и неговата способност да ја стимулира циркулацијата на крвта во мозокот и екстремитетите, како и да ја подобри меморијата. Постојат клинички студии кои докажуваат дека истовременото внесување на цитиколин и екстракт од растението Гинко билоба можат значително да го забават развојот на деменција.rnrnНе е случајно што во Selenogin, основата на составот е Гинко билоба. Неговото дејство е поткрепено од цел коктел од активни супстанции кои го поддржуваат мозокот и нервниот систем – селен, биотин и пантотенска киселина.rn

    2. Правете физички вежби.

    rnВежбањето го зголемува протокот на крв во вашиот мозок, помагајќи да се намали загубата на мозочните клетки. Тие играат важна улога во невропластичноста и ги подобруваат факторите за раст на мозочните клетки. Истражувањата покажуваат дека редовното вежбање не само што може да ја подобри меморијата, туку и да спречи идни проблеми со меморијата. Аеробните вежби и физичките активности кои бараат сложени моторни вештини, исто така, ја стимулираат активноста на мозокот. Се препорачува, во текот на неделата, да правите барем 150 минути некои аеробни активности , како што се брзо одење, возење велосипед, танцување или качување по скали.rn

    3. Тренирајте го вашиот мозок.

    rnНе само вежбањето може да му помогне на вашиот мозок да остане во добра форма. Мозочните активности се исто така многу важни. Сè смета дека повеќето од вообичаените проблеми поврзани со возраста со меморијата или моторните вештини може да бидат резултат на неактивност и недостаток на ментална вежба и стимулација. Затоа вежбајте го мозокот! Менталните вежби можат да бидат доста разновидни: читање, решавање крстозбори и загатки, пишување, цртање. Апсолутно секоја активност што ви причинува задоволство, но е тешка и предизвикувачка, може да биде добра за здравјето на вашиот мозок.rnrnКонечно, добра идеја е да започнете да се грижите за здравјето на вашиот мозок и нервен систем пред да почувствувате проблеми со меморијата, учењето и концентрацијата. Колку повеќе навремено вложувате напори во оваа насока, толку поголеми шанси ќе имате да дочекате својата старост со жив и остар ум.

  • GIVING FRIDAY: dm дрогериите го бојат Black Friday во розово и наместо попусти, донираат 5% од дневниот промет во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

    GIVING FRIDAY: dm дрогериите го бојат Black Friday во розово и наместо попусти, донираат 5% од дневниот промет во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

    Во петок, 25 ноември, подгответе се за еден поинаков Black Friday. Наместо ,,ловење’’ на попусти и неконтролирано трошење, традиционално веќе четврта година по ред, dm дрогерие маркт заедно со вас го бои последниот петок од ноември во розово и му дава ново филантропско значење – 5% од дневниот промет ќе биде дониран во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија.rnrnrnrn„Giving is the new black“ е слоганот под кој dm ја започна оваа иницијатива во 2019-та година, а нејзината цел е ,,Црниот петок’’ да не биде ден кога луѓето ќе бидат исклучиво заинтересирани за акции и попусти, туку за она што може да го направат за да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Изминатата година, благодарение на големиот одзив на купувачите, dm донираше 300.000 денари во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.rnrnИ оваа година нема да биде исклучок од хуманитарната активност во вашите омилени dm дрогерии затоа што во текот на празниците кои се ближат, честопати сѐ не потсеќа на важноста и убавината на подарувањето: внимание, време или вешто спакувани ситници. Тоа е и самата суштина на празниците – атмосферата на заедништво, топлина и споделување на радост. Воедно, тие се и прилика да се потсетиме на она што е навистина важно, а во текот на брзото секојдневие го забораваме.rnrnЗатоа, без разлика дали четвртиот петок во ноември веднаш ве потсеќа на Black Friday и огромните гужви ширум продавниците – овогодинешниот убаво обележете го во вашиот календар затоа што со секое ваше пазарување во некоја од 22-те дрогерии на dm, му давате ново значење на шопингот и сте дел од еден неверојатен хуман гест!

  • Кои се тајните на убавата и негувана коса? Вие прашавте, dm и Даниел одговараат!

    Кои се тајните на убавата и негувана коса? Вие прашавте, dm и Даниел одговараат!

    Кратка или долга? Права или кадрава? Руса или темна? Тенка или со волумен?rnrnПостојат навистина многу типови коса, но и многу проблеми со кои се соочуваме сите ние кога се во прашање правилниот третман и негата!rnrnrnrndm, во соработка со професионалниот фризер, Даниел Артевски, ги откриваат „тајните“ на блескавата коса, правилната нега, како и сите останати фризерски тајни, кои малкумина од нас ги знаат. Во изминатиот период, на инстаграм каналот на dm дрогерие маркт, сите followers имаа можност да поставуваат прашања поврзани со негата на косата, на кои Даниел одговараше!rnrnДесетте најчесто поставувани се најдоа на Youtube каналот на dm во форма на видео туторијал кој можете да го погледнете на следниот линк: Најчесто поставувани прашања за нега на коса! – YouTubernrnhttps://youtu.be/cepmXV-rJskrnrnОд dm најавија дека ќе следуваат уште многу интересни одговори на оваа тема, па затоа ви предлагаме да продолжите и понатаму да ги следите на нивната веб страна и социјални канали:rnrnwww.dm.mkrnrnwww.facebook.com/dm.Makedonijarnrnwww.instagram.com/dm_makedonija

  • Истражете го еротскиот свет на LoveGuru (18+)

    Истражете го еротскиот свет на LoveGuru (18+)

    LoveGuru.mk е најновата продавница за секс играчки во Македонија, каде секој може да најде нешто интересно за подобрување на сексуалниот живот.rnrnИстражете го еротскиот свет на LoveGuru (18+)rnrnСекојдневно сме сведоци на тоа како технологијата го менува начинот на кој живееме и размислуваме, особено во последната деценија. Со секој новитет, се задоволуваат потребите на сѐ поголем број луѓе. Една од областите што масовно еволуираше е сексуалното здравје, област која започна да се развива сѐ повеќе и која од ден на ден е сѐ поприфатена.rnrnВо голем дел од светот, сексуалното здравје повеќе не се смета за табу благодарение на технологијата и науката. Една од најважните промени е интерпретацијата на задоволството на жената, кое сега се смета за неопходно за здрава сексуална врска. Со тоа, се променија и погледите кон користењето на секс играчки за задоволување на потребите на жените, но и на мажите.rnrnLove Guru игра клучна улога во менувањето на мисловниот процес на луѓето. Мисијата на овој секс шоп е да ги инспирира луѓето да имаат подобар сексуален живот. Со тоа, сметаат дека ќе внесат повеќе љубов и интимност во секојдневниот живот.rnrnИако повеќето луѓе денес би сакале да веруваат дека самозадоволувањето е неодамнешен концепт, тоа е всушност една стара тема која добива тракција во последните години. Дури и пред сто години, постоеја уреди за самозадоволување, кои не беа баш толку удобни и беа создадени да ги задоволат само сексуалните потреби на жената.rnrnВо ова модерно време, работите се променија и сега постојат различни модели достапни во различни форми и материјали кои се лесни за употреба и имаат за цел да пружат поголемо задоволство.rn

    Што можете да најдете на LoveGuru.mk?

    rnАко барате секс играчки за жени и мажи, LoveGuru е вашата најдобра опција. Константно ја дополнуваат нивната понуда, па ако има нешто ново на пазарот, можете да го најдете таму. Ова вклучува сè, од вибратори и дилда до анални играчки, секси облека итн. Кога купувате секс играчка, мора да бидете сигурни дека купувате нешто што одговара на вашите сопствени (или на вашиот партнер) сексуални желби. Love guru ќе ви помогне да откриете нови начини на возбуда, за да станете уште поинтимни со себе и со вашиот партнер.rnrnВо широкиот избор на секс играчки има по нешто за секого, без разлика дали купувате играчка за прв пат или веќе имате искуство.rn

    Вибратори

    rnВибраторите се најомилени во светот на секс играчките, бидејќи нивните пријатни вибрации можат да понудат нешто поинакво. Освен вибраторите има многу секс играчки кои имаат вибрирачка функција, како прстени за пенис, анални вибратори, мастурбатори итн. Играчките со вибрации даваат уникатна сензација и тие не се користат само за соло мастурбација, туку можат да се користат и кога сте со вашиот партнер. Поради ова, ваквите секс играчки се одлични подароци за годишнини или родендени.rn

    Секс играчки за парови

    rnНекои луѓе веруваат дека секс играчките се само за мастурбација, што всушност е само огромна заблуда. Има многу играчки кои можат да ги стимулираат двајцата партнери, или кои едниот партнер може да ги користи на другиот. Секс играчките за парови ќе го направат експериментирањето во спалната соба уште позабавно за двајцата. И ако не сте сигурни од каде да започнете, тогаш треба да започнете со пребарување на секс играчки за парови на Love Guru.rn

    Анални играчки

    rnДодека на некои луѓе им е непријатна дури и помислата на анален секс, други уживаат во тоа. Користењето на бат плаг често е за секундарна стимулација, додека вие и вашиот партнер можете да се фокусирате на другите ваши ерогени зони. Ако сте нови во светот на аналната игра, тогаш треба да размислите за купување на еден од комплетите за почетници на loveguru.mk.rn

    Дилда

    rnДилдото е класична секс играчка која нуди сексуално задоволство преку пенетрација во вагината или анусот. Дилдата ги има во сите големини и должини, од просечна должина до должина која е многу, многу поголема. Ако купувате дилдо за прв пат, тогаш најверојатно би било подобро да започнете со помало дилдо, освен ако имате сексуално искуство и сте сигурни дека сакате нешто поголемо.rn

    Секси долна облека

    rnДолната облека им се допаѓа на многу жени бидејќи ги прави да се чувствуваат секси и заводливи. Целата идеја зад ултрапопуларната секси долна облека е да направите промена, да ја соблечете вашата секојдневна облека и да се облечете во нешто што сигнализира сексапил.rnrnЗа да бидете секси во долна облека, мора да се чувствувате секси без разлика на формата и големината на вашето тело. Ако не сте сигурни во кој стил на секси долна облека ќе се чувствувате најсамоуверено и удобно, размислете кои секси делови од вашето тело сакате да ги истакнете во спалната соба. Во Love Guru ќе најдете широк спектар на примамлива долна облека за сечиј вкус.rnrnИстражете го еротскиот свет на LoveGuru (18+)rnrnТимот на LoveGuru е специјализиран кога се работи за секс играчки, и целото тоа знаење го пренесуваат на клиентите сѐ со цел да им го подобрат љубовниот и сексуалниот живот. Дополнително, на нивната интернет страна има блог каде секоја недела можете да прочитате нови интересни наслови, кои се навистина поучни и дефинитивно ќе ви помогнат да научите повеќе за секс играчките.rnrnСекако, тоа ќе ви помогне и полесно да се одлучите која играчка е најдобра за вас, особено ако сте нови во овој свет на сексуално задоволство. Секс шопот LoveGuru ви нуди дискретна испорака на секоја нарачка, така што никогаш нема да мора да се грижите дали некој знае што има во пакетот. Значи, ако сте спремни да експериментирате сексуално и да пробате нешто ново, ви препорачуваме да ја посетите страната на loveguru.mk.

  • Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во East Gate Mall во Скопје!

    Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во East Gate Mall во Скопје!

    Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 30 септември, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 30.9 до 2.10.2022 година.rnrnДополнително, на денот на реотворањето, со секоја сметка над 500 мкд, купувачите ќе добијат ПОДАРОК Balea гел за туширање.rnrnСо попуст од -15% на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во East Gate Mall во Скопје!rnrnПолека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во EAST GATE MALL. Посетителите на најголемиот шопинг мол во земјава повторно ќе може да пазаруваат во dm, најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживаат во докажаниот германски квалитет по супер цени.rnrnРеновирана дрогерија на dm се простира на 316,85 m2 продажен простор, 24,53 m2 магацински простор и 13,58 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи со што ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.rnrnКако компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира кон Кризниот центар за семејно насилство „Надеж“ од Скопје.rnrnБидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во EAST GATE MALL и искористете ги попустите на dm од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи!

  • Пролетно разубавување со Philips во „Нептун“

    Пролетно разубавување со Philips во „Нептун“

    Брзо исушена и совршено  обликувана мазна коса која не е оштетена од топлината е најголемиот тренд оваа пролет. А Philips ги носи врвните светски трендови во „Нептун“ преку најиновативните пегли за коса и фенови со ThermoShield технологија.rnrnrnrnМоќните фенови за коса Philips 5000 Series овозможуваат многу брзо сушење на косата со врвна заштита од оштетување благодарение на иновативната технологија со минерални јони. Двојната јонска нега го намалува површинското оштетување на косата предизвикано од УВ-зраците и го засилува нејзиниот сјај спречувајќи го разлетувањето. Вградениот сензор ја оптимизира и контролира температурата на топлиот воздух со што не дозволува прегревање и оштетување на влакното. Овие фенови имаат пет различни поставки за топлина и брзина преку кои овозможуваат прецизна контрола на сушењето, како и поставка за ладен воздух која обезбедува совршен проток со кој ќе ја финализирате и задржите посакуваната фризура.rnrnrnrnИновативната технологија ThermoShield со минерални јони е вградени и во пеглите за коса Philips 5000 и 7000 Series кои овозможуваат обликување на косата со помалку оштетување. Негативно наполнетите јони го елиминираат електрицитетот, додека минералните јони го намалуваат негативното влијание на УВ-зраците врз косата. Резултатот е здрава, мазна и сјајна коса која не се разлетува. Керамичките плочи на пеглата збогатени со арганово масло овозможуваат и до 50% побрзо обликување на косата, давајќи и свиленкаст и мазен изглед.rnrnПролетното разубавување во „Нептун“ веќе започна. Голем број жени викендов во продажниот салон на „Нептун“ во Ист гејт мол уживаа во вештините на познатиот стилист Бојан Сејменоски кој им овозможи прекрасни пролетни фризури благодарение на иновативните фенови и пегли за коса на Philips. Задоволството од финалните резултати беше очигледно.rnrnrnrnПовеќе информации за овие фенови и пегли за коса може да најдете на линкот.

  • Над 5,5 милиони пазарувања во dm дрогериите без употреба на пластични ќеси

    Над 5,5 милиони пазарувања во dm дрогериите без употреба на пластични ќеси

    Компанијата dm drogerie markt уште во октомври 2019 година, прва на пазарот, ја укина употребата на пластичните ќеси на своите малопродажни локации. Купувачите оттогаш имаат можност да изберат поеколошки решенија, како набавка на хартиена ќеса или трајна памучна торба, којашто, доколку се оштети или искине, може бесплатно да се замени за нова во која било дрогерија.rnrnНад 5,5 милиони пазарувања во dm дрогериите без употреба на пластични ќесиrnrnВо периодот по одлуката за укинување, во дрогериите на dm се направени над 5,5 милиони пазарувања и, ако се претпостави дека за секое од нив би можело продуктите да се спакуваат во пластични ќеси, тогаш компанијата спречи над 5,5 милиони од нив да завршат во природата.rnrnАко се знае дека една пластична ќеса тежи околу 5 грама, количеството отпад што е спречено да се создаде со оваа одлука на dm е околу 27,5 тони за две години.rnrnПочитувајќи ги визионерските принципи на своето работење, dm drogerie markt пред повеќе од две години направи радикална промена и пластичните ќеси целосно ги исфрли од употреба на сите свои продажни локации, со што придонесе да се намали нивното штетно влијание врз животната средина.rnrnИмајќи предвид дека, според одредени експертски толкувања, нивното разградување во околината може да трае и 800 години, чекорот на dm беше проследен со долгорочно одржливо решение, коешто истовремено е и практично за купувачите.rnrnТие ја препознаа визијата на компанијата и во изминативе две години над 20.000 граѓани ги купија трајните торби на компанијата, коишто се произведени од 100% сертифициран органски памук. При нивно оштетување или кинење, потрошувачите можат бесплатно да ги заменат во која било dm дрогерија.rnrnПокрај овие, во дрогериите на dm во земјава се достапни и ПВЦ-торби за повеќекратно пазарување, а се продаваат и хартиени ќеси произведени од рециклирана хартија што го поседува сертификатот Blue Angel. Како прва и најстара, оваа ознака над 40 години е симбол за рационална употреба на суровини, ниска потрошувачка на енергија и поеколошко производство.rn

    „Стратешкиот правец на dm drogerie markt како компанија е да настојува да дејствува општествено одговорно во сите сегменти од своето работење. Со укинувањето на пластичните ќеси, главна цел беше да ги поттикнеме потрошувачите да ги посетуваат нашите малопродажни локации со сопствени торби за повеќекратна употреба, а тие тоа масовно го прифатија и го применија во изминативе две години“ – изјавија од компанијата.

    rnМотивацијата на dm drogerie markt и понатаму продолжува позитивно да влијае и да ги инспирира купувачите да го следат еколошки одговорното однесување, како и да поставува нови стандарди во бизнис-заедницата, кои ќе овозможат да се заштити и да се зачува животната средина.

  • dm дрогерие маркт осигура донација вредна 300.000 денари за националната мрежа против семејно и насилство врз жените „Глас против насилство“!

    dm дрогерие маркт осигура донација вредна 300.000 денари за националната мрежа против семејно и насилство врз жените „Глас против насилство“!

    Дрогериите на dm кои се познати по своите филантропски принципи на работа уште еднаш го потврдуваат приматот на општествено-одговорна компанија. Трета година по ред, dm своите попусти по повод Black Friday ги менува со хуманитарна донација.rnrnrnrnТака, изминатиот „Black Friday“ кога сите решија да „трчаат“ по попусти, dm трета година по ред реши, 5% од својот промет од сите дрогерии остварен на 26.11.2021 да го насочи во хуманитарни цели.rnrnСо поддршка на своите купувачи, dm на 26 ноември оваа година осигура 300.000 денари, кои ќе бидат донирани на Националната мрежа за семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“!rnrnМинатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.rnrnЈа поздравуваме оваа хуманитарна активност и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме сведоци на што повеќе вакви општествено-одговорни иницијативи.

  • #GIVINGISTHENEWBLACK: dm ги заменува попустите за  Black Friday со хуманитарна донација

    #GIVINGISTHENEWBLACK: dm ги заменува попустите за Black Friday со хуманитарна донација

    Трета година по ред го менуваат трендот: Наместо обезбедување на попусти за  Black Friday, на 26 ноември 2021 година, под слоганот „Giving is the new black“, dm ги заменува попустите со хуманитарна донација!rnrnrn

    „Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас.“ – вака гласи една изјава од компанијата dm дрогерие маркт, а дека ова не се само празни зборови, покажуваат по којзнае кој пат активностите кои компанијата ги презема на дело.

    rnОваа година dm донираа 5% од вкупниот промет остварен на овој ден од сите свои дрогерии, на националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство Глас против насилство“. Мисијата на мрежата е справување со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство.rnrnМинатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.rnrnЗатоа, сите вие кои сакате да направите добро дело, ве покануваме да се приклучите кон оваа кампања на dm со пазарување во нивните дрогерии во петок, на 26 ноември и да придонесете заедно да го кренеме гласот против семејното и насилството врз жените.

  • Нова dm дрогерија во East Gate Mall во Скопје!

    Нова dm дрогерија во East Gate Mall во Скопје!

    Големи попусти и изненадувања по повод отворањето на новата dm дрогерија во East Gate Mall!

    rnНова dm дрогерија во East Gate Mall во Скопје!rnrnНа 11 ноември, dm ја продолжува својата експанзија на домашниот пазар со отворање на дрогерија во East Gate Mall, вкупно 21. на македонскиот пазар.rnrnОд 11 па сѐ до 14 ноември, во новата дрогерија на dm, која ќе биде отворена во EAST GATE MALL – Ул. Беласица бр. 2, ќе може да уживате во неодоливи попусти од :rnrn★ –15% попуст  на АПСОЛУТНО СЀи на веќе намалените производи!;rnrnдо -30% попуст на одредени  производи за нега на лице (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrnдо -35% попуст на одредени производи за нега на коса (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrnдо -40% попуст на одредени производи за нега на мажи (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ);rnrnкако и повеќе од 4.000 dm марка производи со германски квалитет по супер цени.rnrnЦелосниот леток за отворањето може да го разгледате тука!rnrnПокрај големите попусти кои ќе траат 4 дена (11.11-14.11.2021) на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ.rnrnОпштествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ДУЦР ,,Партенија Зографски“ од Скопје.rnrnДрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта сѐ вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Добро познатите dm марки – Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 13 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.rnrnНовиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 362,96 m2, од кои 279,58 m2 продажен простор, а 68,55 m2 магацински простор, како и 14.83 m2 помошен простор.rnrnРаботното време на оваа дрогерија ќе биде:rnпонеделник до недела од 10 до 22 часот.rnrnСо отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 21 продажен објект, од кои 13 во Скопје и по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид!