КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • Нов доказ: Кафето го штити мозокот

    Нов доказ: Кафето го штити мозокот

    Невролозите продолжуваат да откриваат нови начини на кои кафето (во помала мера), чајот и чоколадото ги прават нашите мозоци поздрави и поотпорни. Во 2019 година има неверојатен напредок во ова истражување.rnrnНов доказ: Кафето го штити мозокотrnrnЗаедничката студија на Националниот институт за проучување на стареењето и на Универзитетот „Џoнс Хопкинс“, објавена во јануари во списанието „Неврохемиски истражувања“, открива дека супстанцијата метилксантин ја има во кафето, во чајот и во темното чоколадо (во какаото).rn

    „Супстанцијата влијае на активноста на невронската мрежа, ја одржува когнитивната функција и може да ги заштити невроните од губење на функцијата и од умирање при мозочен удар кај животните, но и да заштити од Алцхајмерова и од Паркинсонова болест“, стои како заклучок.

    rnИстата студија открива дека супстанцијата ксантин метаболит која се лачи кога мозокот го обработува кофеинот може да придонесе за корисни ефекти на кафето, на чајот и на какаото врз здравјето на мозокот.rnrnПотоа, анализата на 11 истражувања за ефектите на кафето врз здравјето на мозокот, објавена во Меѓународното списание за хируршка онкологија, покажува дека кафето и чајот (а со тоа и какаото) не само што го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, туку и го намалуваат ризикот од карцином на мозокот.rnrnНа крајот, темелното истражување на Универзитетот „Окајама“ покажува дека внесувањето на хлорогените киселини од кафето ги стимулираат антиоксидантните својства на глијалните клетки и спречува невродегенерација. Во превод, кофеинот го прави вашиот мозок пофлексибилен и поотпорен.rnrnЗаклучок: Ако сакате да го одржите вашиот мозок здрав во иднина, треба да консумирате кафе, чај или какао.rn

    Колку?

    rnВеројатно не консумирате доволно. Истражувањата покажуваат дека идеалната дневна доза кафе е околу 6 до 8 шолји.rnrnАко тоа звучи како премногу, можете да замените една или две шолји кафе со парче црно чоколадо. Треба да се напомене дека од други здравствени причини, треба да консумирате кафе, чај и какао без шеќер и млеко. Но, ефектот и понатаму ќе биде подобрена работа на мозокот.rnrnПрочитајте и зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не.

  • Конечно е откриено: Зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не?

    Конечно е откриено: Зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не?

    Дали сте едни од оние луѓе што дури и по пиењето кафе немате никаков проблем со сонот и заспивате како воопшто да не сте внеле доза кофеин во вашето тело? Или пак, ако се напиете кафе малку подоцна во денот потоа не можете да спиете цела ноќ? Според шкотските научници, постои причина зошто ова се случува.rnrnrnrnСтанува збор за варијација на генот ПДСС2, којшто некој луѓе го имаат, додека пак други го немаат. И токму тој ген влијае на начинот на кој телото го разредува кофеинот, како и на времето кое кофеинот се задржува во телото.rnrnВо истражувањето што било спроведено во Северна и Јужна Италија, биле испитани повеќе од 1.000 луѓе, додека во истражувањето од Холандија учествувале повеќе од 1.700 луѓе. Сите испитаници пополнувале прашалник во кој напишале колку кафиња дневно пијат.rnrnСпоред добиените резултати, оние што пиеле помалку кафе имале и одредена варијација во генот. Кај нив кофеинот побавно се разградувал, а со самото тоа и подолго останувал во телото, држејќи ги подолго будни. Од друга страна пак, оние што го немале овој ген имале потреба од повеќе кафиња дневно за да останат подолго будни.rnrnПокрај овој ген, на задржувањето на кофеинот во телото влијае и вашиот метаболизам, како и фактот дали сте пушач или не. Доколку пушите, тогаш ќе имате и поголема потреба од кафе.rnrnИмајќи го сето ова на ум, најдобро е да внимавате на знаците што ви ги испраќа телото кога пиете кафе за да ја одберете најдобрата доза за вас. Ако се тресете по пиењето кафе или чувствувате како срцето ви прескокнува, време е да ја намалите дозата. Ако немате никакви последици, само придобивки, тогаш сте на добар пат!rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе.

  • Цветно кафе за оние на коишто веќе им фали летото

    Цветно кафе за оние на коишто веќе им фали летото

    Ледено кафе со лаванда и кокосов шеќер

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 120 милилитри кафе
    • rn 011

    • 120 милилитри вода
    • rn 011

    • 100 грама кокосов шеќер
    • rn 011

    • 2 лажици исушена лаванда
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го кафето на вообичаениот начин.rnrnСтавете ги останатите состојки во мало тенџере (без кафето) и варете на среден оган. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и оставете го да поврие уште 5 минути со повремено мешање. Сипете ја мешавината низ цедалка во стаклено шишенце со капак што добро затвора. На овој начин сирупот може да стои во фрижидер неколку недели.rnrnДодајте онолку сируп колку што сакате во вашето кафе.rnrnВнесете мексикански дух во вашите утра со рецептот за кафе де ола.

  • 4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе

    4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе

    Ако сте како повеќето луѓе, тогаш вашата способност нормално да функционирате во текот на денот многу зависи од вашето утринско кафе. Кафето не само што може да ви даде доза кофеин наутро, тоа може да биде и корисно за вашето здравје. На пример, обичното црно кафе (без никакви додатоци) содржи бројни поволности за вашето тело. Во продолжение проверете на што точно мислиме.rnrn4 причини зошто би требале да пиете обично црно кафеrn

    1. Малку калории

    rnДодавањето млеко, шлаг или шеќер во кафето може да звучи примамливо, но сите овие додатоци се калорични. Обичното црно кафе содржи само 5 калории.rn

    2. Побрз метаболизам

    rnКофеинот е природен додаток кој помага при согорувањето на маснотиите, но не и доколку се пие со млеко. Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе го забрзува метаболизмот за 3 до 11%!rn

    3. Кафето е диетално

    rnАко после консумирање кафе често морате да одите во тоалет, сигурно знаете дека и тоа е сосема нормално. Всушност, кафето ви помага при чистењето на вашето тело од штетни токсини.rn

    4. Помал ризик од некои видови рак

    rnЛабораториските истражувања покажуваат дека фитохемикалиите во зрната на кафето можат да помогнат при контролата, како и при намалувањето на развојот на канцерогените клетки. Ова посебно се однесува на ракот на црниот дроб.rnrnДоколку сте дел од оние луѓе кои сакаат да пијат силно, црно кафе, дознајте што тоа кажува за вас.

  • И затворените и отворените кафиња имаат рок на траење – еве како да го препознаете

    И затворените и отворените кафиња имаат рок на траење – еве како да го препознаете

    Мислите дека отвореното кафе може да стои со години? Грешите! Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење кој се разликува во зависност од тоа дали е затворено или отворено. Поголемиот дел од кафињата имаат напишан рок на траење на пакувањето, а тој се разликува во зависност од видот на кафето.rnrnrnrnИмено, пржените зрна кафе траат месец дена, додека меленото кафе, што е затворено, може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели. Затвореното инстант кафе, доколку е на темно место, може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори – до година дена. Од друга страна пак, кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.rnrnКако да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење?rn

      rn 011

    • Промена во миризбата
    • rn 011

    • Промена во бојата
    • rn

    rnПостои уште нешто на коешто треба да внимавате, а тоа е да не влегува вода или влага во кафето. Ако кафето се навлажни поради некоја причина, најдобро е да го фрлите. Можете и да го тестирате така што ќе го подготвите и помирисате пред пиење. Ако миризбата е сменета или вкусот не е како што бил претходно, може да биде опасно да го испиете.rnrnДознајте и какви се луѓето кои сакаат силно кафе.

  • Внесете мексикански дух во вашите утра со рецептот за кафе де ола

    Внесете мексикански дух во вашите утра со рецептот за кафе де ола

    Зачинете ги утрата!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 950 милилитри вода
    • rn 011

    • 80 грама темно кафен шеќер
    • rn 011

    • 1/2 стапче цимет
    • rn 011

    • 4 лажици кафе (за најдобар вкус темно мексиканско кафе)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги водата, циметот и шеќерот во сад со средна големина и варете на среден оган сè додека не се стопи шеќерот. Ќе ви бидат потребни околу 7 минути. Кога водата ќе почне да врие, додајте го кафето, исклучете ја рерната и мешајте. Оставете да отстои покриено околу 5 минути и потоа сипете го низ цедалка, па сервирајте.rnrnПробајте го и ова ледено кафесито за уникатно уживање.

  • Ледено кафесито за уникатно уживање

    Ледено кафесито за уникатно уживање

    Вашето ново омилено кафе!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 60 милилитри слатка павлака или пола-пола
    • rn 011

    • 120 милилитри полномасно млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка шеќер (по желба)
    • rn 011

    • 60 милилитри еспресо
    • rn 011

    • Ледени коцки
    • rn 011

    • Цимет (по желба)
    • rn 011

    • Чоколадни трошки (по желба)
    • rn 011

    • Морско оревче (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го еспресото на стандардниот начин и префрлете го во шолја, па ставете го фрижидер да се олади. За најдобар вкус, подгответе го кафето вечерта пред спиење за сабајлето да ви биде спремно.rnrnИзматете ги слатката павлака, млекото и шеќерот во чаша и потоа направете пена со маталка за млеко. Кога ќе почне да пени, додајте само една ледена коцка и продолжете да матите уште 45 секунди. Кога млекото ќе се прошири, додајте ги останатите ледени коцки.rnrnЗа крај, ставете го оладеното кафе во изматената смеса и поставете една цевка. Декорирајте по желба со цимет, чоколадни трошки и морско оревче.rnrnУживајте во викендот!rnrnАко ви се допадна ова ледено кафесито, пробајте го и ова италијанско афогато.

  • Лате макијато со ванила без лактоза

    Лате макијато со ванила без лактоза

    Вкусно кафе за оние што се на диета без млечни производи

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри бадемово млеко
    • rn 011

    • 2 продолжени дози еспресо (по желба со ванила)
    • rn 011

    • 1/8 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 1 супена лажица сируп од агаве (по желба можете да замените со јаворов сируп или мед)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДодајте го бадемовото млеко, ванилата и сирупот во мало тенџере и загрејте ги на среден оган. Варете сè додека од млекото не почне да излегува пареа. Со помош на мешалка, изматете го млекото сè додека не се згусне, па сипете го во две различни шолји. Додајте го и свежо подготвеното еспресо. Послужете веднаш.rnrnПробајте го и ова замрзнато ирско кафе.

  • Какви се луѓето кои сакаат силно кафе?

    Какви се луѓето кои сакаат силно кафе?

    Постојат многу видови кафе ширум светот, но речиси секаде може да се најде црно и силно кафе за оние кои претпочитаат такво. Без разлика дали се однесува на количеството на кофеин во напитокот или на самиот вкус, сите љубители на силно кафе имаат одредени заеднички карактеристики.rnrnКакви се луѓето кои сакаат силно кафеrnrnИстражувањата покажуваат дека луѓето кои сакаат силно кафе се директни и едноставни. Тие не сакаат игри или незавршени разговори.rnrnОвие луѓе сакаат да извлечат најмногу од животот, но и тешко ги менуваат навиките. Сепак, кога еднаш ќе сменат нешто во нивниот живот, потоа брзо забораваат на нивното претходно „јас“.rnrnЗа љубителите на силното кафе најчесто е познато и дека се одлучни и амбициозни. Од својата шолја кафе бараат силно и комплетно уживање, а на сличен начин му приоѓаат и на животот. Тоа им помага да бидат успешни.rnrnКонечно, љубителите на црно и силно кафе секогаш се многу трпеливи и не се избувливи, покажува едно истражување.rnrnБез разлика дали станува збор за силно или слабо кафе, многумина посегнуваат по шолјата веднаш штом се разбудат. Што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак?

  • Замрзнато ирско кафе за најголемите љубители на кофеинот

    Замрзнато ирско кафе за најголемите љубители на кофеинот

    Уживајте во викендот!

    rnrn

    Потребни состојки (за две сервирања):

    rn

      rn 011

    • Силно црно кафе, оладено
    • rn 011

    • 335 милилитри слатка павлака
    • rn 011

    • 90 милилитри ирско виски
    • rn 011

    • 1 лента чоколадо, стопено
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го кафето во стандарден калап за лед и замрзнете го. Во друг калап ставете дел од слатката павлака. Од останатата слатка павлака направете шлаг пена и тргнете ја настрана.rnrnЗемете 4 коцки од замрзнатото кафе и ставете ги во блендер, каде што ќе го додадете и вискито. Матете додека не добиете пенеста смеса. Потоа додајте 2 коцки од замрзнатата слатка павлака и изматете заедно со една лажица чоколадо. Спојте ги двете смеси и декорирајте со шлаг пена и течно чоколадо. Повторете за второто сервирање…rnrnЉубители на кафе, имаме одлични вести за вас!