КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?

    Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?

    Дали знаевте дека 8-те работни часа некогаш биле вистински спас за работниците? Во XVIII век, социјалното движење на работничката класа одлучило да му се спротивстави на владеачкиот систем. Всушност, барањето било одговор на работниците на лошите услови за работа, експлоатацијата на децата и работното време кое варирало од 10 до 16 работни часа дневно.rnrnЗошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?rnrnНеверојатно долгите работни денови не биле издржливи и наскоро храбриот човек, Роберт Овен, започнал кампања за воспоставување 8-часовен работен ден. Неговиот слоган бил „8 часови работа, 8 часови рекреација, 8 часа одмор“, а наскоро државите, една по една, започнале да применуваат нови услови за работа. Една од првите компании што ги почнала промените била компанијата „Форд мотор“ во 1914 година.rn

    Колку е тоа корисно?

    rnДенес многумина сметаат дека 8 часа се премногу, и тврдат дека би функционирале најдобро со 6 часа работно време. Најпознатиот пример за земја што воведе такво работно време е, секако, Шведска. Во текот на првите 18 месеци од експериментот, медицинските сестри кои работеле 6 часа пријавиле дека се чувствуваат поздраво и попродуктивно. Ова влијаело и врз нивната работа, намалувајќи го драстично бројот на оние кои пријавиле боледување. Откако се вратиле на 8-часовна работа, една медицинска сестра изјавила дека се чувствува исцрпено и дека при враќањето на работа по старото работно време, ѝ одзеле вредни часови поминати со нејзиниот син.rnrnЏејсон Фрид, коосновач на „Basecamp“ тврди дека креативните работни места како програмирање и пишување треба да им дадат на луѓето време да размислат за својата работа.rnrnАко ги прашавте кога последен пат имале можност навистина да размислат за својата работа, повеќето од овие вработени би ви кажале дека немале можност да размислуваат долго време за тоа, што е навистина тажно, според Фрид, кој поддржува 6-часовно работно време.rn

    Може ли сè да се направи за 6 часа?

    rnБидејќи оваа тема станува сè поактуелна, еве што велат за неа неколку млади вработени луѓе.rn

    „Фактот дека имам повеќе време за себе секој ден дополнително ќе ме мотивираше да ги завршам сите задачи во тие 6 часа.“ – вели Леа (26), која смета дека ретко кој може да биде подеднакво продуктивен во текот на сите 8 часа.

    rnСлично мислење има и Вероника (24) велејќи:rn

    „Мислам дека прашањето дали некој ќе ја заврши или нема да ја заврши работата во рок од 6 часа зависи од видот на работата. Но, исто така, кога 6-часовното работно време би станало стандард, природата на работата ќе се прилагоди и верувам дека и ние ќе се приспособиме. Продуктивни сме максимум 6 часа од вкупното работно време.“.

    rn

    „Поради обемот на работа, би било соодветно да работам 6 часа во првите две петини од неделата и 8 часа во вторите три, кога има повеќе работа. За жал, дури и 8 часа дневно не ми се доволни за да ги извршувам сите мои дневни задачи, затоа работата ја завршувам дома или за време на викендите.“ – вели Томислав (29).rnrnМожеби сакате да прочитате и за еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење.

  • Кој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?

    Кој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?

    Секој хороскопски знак има своја темна страна што не може да ја сокрие, а која често е причина за уништување на пријателствата, љубовните врски, па дури и браковите… Откријте кој е скржав, а кој љубоморен, кој лаже, а кој е неизлечив песимист…rnrnКој знак од хороскопот е диктатор, кој е лажливец, а кој е посесивен?rn

    Овен

    rnТој е себичен, гледа на сè само од своја перспектива, не се грижи многу за чувствата на другите и ретко ги признава грешките. Иако тој не е личност што лесно се компромитира и се согласува на соработка, не му пречи од блиските да бара услуги, очекувајќи тие да ги исполнат неговите потреби како тоа да е нивна света должност. Брзоплет е, донесува одлуки без претходно да размисли и ако нешто тргне наопаку, секогаш наоѓа некој друг кој потоа го обвинува.rn

    Бик

    rnВо хороскопот, тој има репутација на најголем скржавец. Ретко ќе ве почести кафе зашто неговите пари се поважни од вашата љубов. Тој е многу мрзлив, инертен, тешко е да го убедите да се промени. Се чувствува најдобро кога ќе легне пред телевизорот. Во овој знак се родени многу диктатори и автократи. Тој не е обожавател на демократијата. Има „тврда глава“. Знае кои се неговите права и со задоволство ги посочува, додека туѓите ги гази запоставувајќи ги своите обврски. Незадоволството го лечи преку прекумерно уживање во храната, а понекогаш и во алкохолот.rn

    Близнаци

    rnТаа ужива во озборувања. Мора да знае сè за секого и со задоволство прави увид во туѓите животи. Не е паметно да му ги доверувате и откривате своите тајни. Денес е таму, а утре којзнае каде и затоа не може да му се верува. Тој често ги менува ставовите, па затоа е тешко да се каже што навистина мисли и сака. Не е особено верен во љубовта и неговото минато е полно со пропаднати односи. Повеќе од емоционалната посветеност на еден партнер го возбудува „седење на две столчиња“.rn

    Рак

    rnТој е чуден, затворен, недоверлив, болно зависен од вниманието на другите, како од тоа да зависи неговиот живот. Ќе го налутат и расплачат ситници, а заради неговата преосетливост и несигурност ќе види проблем и каде што го нема. Тој смета дека е најмотивираното битие на светот и никој не го разбира. Наместо да ги решава проблемите, тој претпочита да жали за неговата тажна судбина и суровоста на животот. Кога ќе се вљуби, љубомората го „јаде“. Сака да внимава на партнерот 24/7 и едноставно не му дава да дише.rn

    Лав

    rnСилен е „огнометот“ од суета со која живее овој знак. Тој е најубав, најдобар и најпаметен. Ако се случи да не бидете убедени дека тоа е така, тогаш сигурно нешто не е во ред со вас – така ќе помисли Лавот, чија гордост и достоинство се поважни од самиот живот. Тој секогаш го привлекува вниманието кон себе, обидувајќи се да се позиционира во центарот на секое случување, затоа што сè што го опкружува се сателити кои орбитираат околу неговото величие. Има двојни аршини и тоа што вреди за него, не значи дека вреди и за другите.rn

    Девица

    rnТаа е вечно незадоволна, секогаш се нервира, не се чувствува добро (скоро секој ден откако ќе ја запознаете), ќе се пожали дека нејзиниот стан е хаос (иако не гледате ниту трага од нечистотија), на работа ја малтретираат (и ова е добропозната приказна), поради нејзината најдобра пријател/ка „висела“ на телефон со часови… Да, таа е најголемиот перфекционист и критичар во астрологијата. Се обидува напорно да го одржува редот во нејзиниот живот, а постојано се жали на неред. И, се разбира, никогаш не е по нејзина вина тоа што ѝ се случува во животот…rn

    Вага

    rnАко ја замолите да донесе одлука во врска со вас или вашата врска, знајте дека сте осудени да дочекате неизвесен исход. Ако сакате веднаш да ја онерасположите, треба само да ја прашате што сака во животот или да побарате се изјасни за некој проблем. Таа би сакала да остане неутрална, некаде на средина, затоа што добро знае дека ако избере една опција, ќе се кае за другата. Нејзиниот „глад“ за потврда од другите оди дотаму што таа е подготвена да се откаже од себе, да се преправа за на околината да ѝ остави подобар впечаток.rn

    Скорпија

    rnТаа е водач на темната страна од хороскопот. Во нејзините длабочини лежат многу деструктивни пориви, перверзни мисли, сексуални девијации, радикални идеи, сè за што не смее да се зборува јавно. Тој врвно се контролира себеси и блиските. Само на тој начин може да ја одржи извонредната доминација и да го негува своето его. Тој е шампион во љубомора и посесивност и својот партнер го доживува како негов имот. Иако  си дозволува вонбрачен испад, тој не само што не би му простил такво нешто на својот партнер, туку порано или подоцна и ќе му се одмаздил.rn

    Стрелец

    rnСака да се прави паметен, да се покаже на другите како начитана, добро информирана и личност со многу познавања на која ѝ нема рамна. Стрелецот ги крие „валканите алишта“ од другите затоа што тие го ставаат во подредена позиција, но љубопитно го турка носот во туѓите проблеми. Брзоплет е и невнимателно искрен, па е во состојба сè да каже и да остане жив, а тоа што ве повредил е сосема небитно.rn

    Јарец

    rnПатолошки амбициозен. Работата, кариерата и материјалната безбедност за него се поважни од што било друго. Тој секогаш внимава на своите интереси и манипулативно ги експлоатира послабите за да ги исполни своите планови. Животот го живее според изреката – Целта ги оправдува средствата. Тој е склон кон депресија, веројатно затоа што не ги искажува своите емоции и ги смета за помалку вредни од разумот. Честопати страда од комплексот на пониска вредност, но никогаш нема да го признае тоа.rn

    Водолија

    rnСо своите ригидни верувања, преку кои понекогаш другите ги претставува како возвишени и продуховени, таа многу лукаво се позиционира во однос на нив. Водолијата тоа го знае, а знаењето е моќ. Од друга страна, ѝ годи тоа што е потребна. Таа се храни од сознанието дека другите ѝ се обраќаат нејзе за совет и помош. Се претставува како голем хуманист, но понекогаш има многу нарцисоидност во себе. Им помага на другите за тие да ја зголемат својата љубов кон неа, а со тоа да го оправда своето постоење и да биде препозната во општеството како личност која е подобра од другите.rn

    Риби

    rnАко некој знае како да лаже, тогаш тоа се Рибите. Понекогаш тие се фаќаат во сопствените приказни, па не знаат кого и за што излажале. Тие бегаат од реалноста, а поради грижи и тага се одаваат на алкохол и други опојни средства. Не знаат да се борат за себе, па кога мириса на опасност, бегаат, оставајќи го дури и блискиот на цедило. Тешко е да ги разберете, тие се кријат од другите најмногу заради несигурност и страв. Склони се кон самосожалување и жалење. Често „ловат во мрачно“, склони се кон нелегални дејности и се експерти за прикривање на приходите.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои се хороскопските парови кои засекогаш ќе останат заедно.

  • Лате со цимет и мед

    Лате со цимет и мед

    Подгответе го овој вкусен пијалак за многу кратко време

    rnЛате со цимет и медrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 5 лажици мед
    • rn 011

    • 2 лажички цимет
    • rn 011

    • 700 милилитри незасладено бадемово млеко
    • rn 011

    • 700 милилитри кафе
    • rn 011

    • 2 лажички ванила
    • rn 011

    • 120 грама шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во тенџере со средна големина ставете ги медот и 1 лажичка цимет, загрејте ги на средна температура околу 3 минути и постојано мешајте, а потоа тргнете го тенџерето настрана.rnrn2. Додајте ги бадемовото млеко, кафето и ванилата и добро промешајте. Ставете ја течноста да се загрее околу 5 минути или додека не се загрее доволно и мешајте почесто.rnrn3. Турете го кафето во 4 шолји и на врвот додајте шлаг и цимет.rnrnПогледнете го и овој рецепт како да направите лате со цимет и јаворов сируп.

  • Ако сакате долго да живеете и да бидете здрави: Во домашното кафе додајте го ова!

    Ако сакате долго да живеете и да бидете здрави: Во домашното кафе додајте го ова!

    Постои еден напиток што многумина го нарекуваат „напиток за долг живот“. Тој се состои од домашно кафе со природен мед и малку сок од лимон.rnrnАко сакате долго да живеете и да бидете здрави: Во домашното кафе додајте го ова!rnrnКафето има смирувачки ефект врз телото. Медот, кој содржи фруктоза и гликоза ја помага работата на црниот дроб и го намалува шеќерот во крвта. Лимонот го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.rnrnСепак, овој вид напиток не треба да се злоупотребува, бидејќи може да предизвика и негативни реакции кај луѓето склони кон алергии.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Сварете кафе, а потоа ставете го во шолја.
    2. rn 011

    3. Кога малку ќе се излади додајте мед и неколку капки лимон.
    4. rn

    rnПијте го овој напиток барем еднаш неделно, но не почесто од тоа.rnrnМожеби сакате да дознаете и како правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкус?

  • Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

    Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

    Како вие избирате кафе? Како одлучувате кое од нив е вистинскиот избор и кое ќе се најде во вашата кошничка? Кога во продавница ѝ приоѓате на полицата со кафе, што помислувате? Што согледувате прво? Бојата? Цената? Големината на пакувањето? Дали кафето е со акциска цена? Дали со него има некаков подарок? 1 + 1 гратис? Нов вкус? Шолја за подарок? Лажичка? Со наградна игра?rnrnКако да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купуватеrn

    Од сето споменато, што би било најповолно за вас?

    rnДодека некои се придржуваат кон правилото за купување исклучиво на кафето што им е вкусно, се случува за моментот да се занемари најважната работа – квалитетот, но и вашиот сопствен вкус. Како понекогаш да заборавате дека не пиете кафе затоа што морате, туку за да уживате целосно во него, додека бесконечно долго го пиете наутро во кревет или попладне, по напорниот работен ден, со добра книга, со омилената серија или во друштво на саканите луѓе.rnrnПонекогаш и покрај тоа што се чувствувате навистина уморно кога станувате наутро, шолја од вашиот омилен црн напиток со совршена полнота и мирис што ги буди сите сетила е сè што ви треба. Замислете кафето да не одговори на очекувањата заради недостаток на пена, густина, или минимална количина талог што не е дури ни „залепен“ на дното од шолјата како што треба? Ќе се разочарате, но…rn

    Понекогаш се навикнувате на одредено кафе

    rnНавиките не треба да се менуваат само ако се добри. Во спротивно, тие треба да се променат што е можно поскоро. Утрото, попладнето или дружењето со пријателите и семејството треба да се зачини со шолја добро свежо мелено кафе, кое по својата арома, изглед и вкус, ќе ве натера да се чувствувате подобро и разговорот едноставно да тече.rn

    Какво е доброто кафе?

    rnКога ќе подготвите свежо мелено кафе, веднаш ќе го препознаете по длабоката темна боја и богатата пена што се формира на врвот, совршениот вкус и богатата арома, но и финиот слој талог што ќе остане на дното кога ќе ја испиете последната голтка.rnrnДоброто кафе значи и добар ден! Уживајте!rnrnМожеби сакате да откриете и 27-те неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Лате со ванила и цимет

    Лате со ванила и цимет

    Овие ладни денови откријте нов вкус на кафето

    rnЛате со ванила и циметrn

    Потребни состојки (за 2 кафиња):

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри топло кафе
    • rn 011

    • 250 милилитри млеко
    • rn 011

    • Сируп од ванила по вкус
    • rn 011

    • Морско оревче по вкус
    • rn 011

    • Цимет по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Турете го млекото во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.rnrn2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека млекото не се стопли и не стане пенесто.rnrn3. Измешајте го сирупот од ванила со топлото млеко и турете ја смесата во француска преса за да стане пенеста.rnrn4. Потоа смесата турете ја во кафето.rnrn5. Декорирајте со цимет и со морско оревче.rnrnПогледнете како да направите уште едно вкусно лате со карамела и лешник.

  • Лате со карамела и лешник

    Лате со карамела и лешник

    Пијалак што ќе ве стопли во ладните есенски денови

    rnЛате со карамела и лешникrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри кафе
    • rn 011

    • 1 лажица сируп од лешник
    • rn 011

    • ½ лажица чоколаден сируп
    • rn 011

    • ½ лажица карамела, плус малку за декорирање
    • rn 011

    • 180 милилитри пола-пола (микс од 90 милилитри млеко и 90 милилитри слатка павлака)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Турете го миксот од млеко и павлака во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.rnrn2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека миксот не се стопли и не стане пенест.rnrn3. Ставете карамела низ внатрешноста на шолјата и турете го топлото кафе. Потоа додајте ги сирупот од лешник и чоколадниот сируп и промешајте. На крајот додајте го миксот и послужете.rnrnПогледнете уште еден есенски рецепт за лате со цимет и јаворов сируп.

  • Како правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкус?

    Како правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкус?

    Луѓето денес се чини дека прават сè механички. Скокаме по првиот аларм на телефонот, се упатуваме кон тоалетот, полниме малку вода за кафе, а патем ставаме залак во устата, се облекуваме, пиеме брзо кафе и започнува новиот ден.rnrnКолку правиме сè механички и премногу брзо, може да се покаже со фактот дека нашето кафе е секогаш различно. Можеби тоа се должи на брзината и рутината, но има неколку феноменални трикови што ги заборавивме, а можеби некој и не ги знае.rnrnСледете ги неверојатните трикови при подготвување домашно, свежо мелено кафе што ќе му дадат совршено полн вкус на вашиот омилен топол напиток!rnrnКако правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкусrn

    Изборот на кафе е најзначаен

    rnЗа да добиете супериорен вкус, арома и густина, треба да изберете квалитетно свежо мелено кафе. Не секое кафе е исто. Тие не се ни слични! Доброто свежо кафе ќе го препознаете по густата пена, што е знак дека кафето е со одличен квалитет и тоа е еден вид гаранција дека кафето во вашата шолја е апсолутно совршено. Дали знаевте дека токму пената ја зачувува аромата и вкусот на кафето и го одржува кафето подолго време топло?rn

    Правилен процес на подготвување

    rnОваа информација веројатно ќе ве изненади – дали знаевте дека водата за подготовка на кафе не треба да зоврие? Треба да се загрее, но треба и да се отстрани од ринглата пред вриење. Потоа додајте го кафето во водата.rnrnКако правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкусrn

    Колкава количина на кафе е доволна за една шолја напиток?

    rnЗа секоја шолја оптимално е да се стави една богата лажичка свежо мелено кафе. Бидејќи денес пиеме кафе претежно од големи шолји, треба да се стават барем две. Се разбира, можете да ја прилагодите количината на кафе по ваш вкус, во зависност од тоа дали преферирате послаб или посилен вкус на кафе.rn

    Варење на кафето

    rnКога ќе додадете кафе, промешајте добро и вратете го на ринглата за да го доварите и тоа да достигне до врвот на ѓезвето. Тргнете го ѓезвето на страна и почекајте да се спушти пената, тогаш кафето е подготвено за сервирање. Кафето секогаш треба да се сервира во просторијата каде што се пие, а откако ќе го ставите во шолјата, оставете го малку да се „смири“ – тоа е за да се процесира извлекувањето на аромата од ситно мелените зрна во шолјата.rn

    Најголема грешка

    rnПовеќето луѓе претеруваат при варењето на кафето, а токму тоа е она што најмногу го уништува вкусот и пената на кафето. Исто така, грешка е да го засладите кафето откако е веќе сварено, бидејќи тогаш треба повторно да се промеша и талогот повторно се раздвижува. Ако сакате слатко кафе, додајте го шеќерот во ѓезвето на почетокот, кога водата е сè уште ладна.rnrnСега кога ги знаете најдобрите трикови, побрзајте да подготвите шолја свежо мелено кафе и уживајте во совршената полнота од арома и вкус на најубавиот напиток за расонување!rnrnЗатоа што сте љубител на црното кафе ви предлагаме да откриете кои се 4-те причини зошто би требало да продолжите да го пиете.

  • Лате со цимет и јаворов сируп

    Лате со цимет и јаворов сируп

    Есенски пијалак во кој ќе се заљубите

    rnЛате со цимет и јаворов сирупrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри кафе
    • rn 011

    • 60 милилитри млеко
    • rn 011

    • 1 лажица јаворов сируп
    • rn 011

    • ¼ лажица цимет, плус малку за декорирање
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Турете го млекото во тегла, затворете ја и протресете десетина секунди додека млекото не почне да прави пена на врвот.rnrn2. Ставете ја теглата без капак во микробранова печка околу 45 секунди додека млекото не се стопли и не стане пенесто.rnrn3. Турете го топлото кафе во шолја и додајте ги јаворовиот сируп и циметот. Потоа додајте го млекото, така што пената ќе остане на врвот. На крајот, нанесете малку цимет на врвот и уживајте.rnrnАко сте една од оние личности кои секогаш доцнат и утрата не им се омилен дел од денот, погледнете како да направите кафе и појадок во едно смуди.

  • Кафе што навистина ќе ве разбуди

    Кафе што навистина ќе ве разбуди

    „За да ги остварите вашите соништа, прво мора да се разбудите“, вели една поговорка. За многумина станувањето рано е најтешкиот дел од работниот ден, но тоа би можело наскоро да се промени.rnrnКафе што навистина ќе ве разбудиrnrnБританскиот дизајнер Џошуа Ренуф тврди дека има решение како удобно да го започнете денот. Тој го креирал алармот „Барисиер“, кој наместо со досаден и монотон звук, ќе ве разбуди со пријатна арома на свежо сварено кафе. Алармот навистина приготвува кафе што ќе ве разбуди во точното време, а тоа треба да ви биде доволен поттик за полесно да тргнете кон „новите работни победи“.rnrnНавечер, пред легнување, вие треба само да подготвите свежо мелено кафе, шеќер и млеко по желба, да го наполните вашиот аларм и да го поставите времето на будење, а следното утро ќе ве разбуди мирисот на вашиот приготвен пијалак без кој не можете да го започнете денот.rnrnАко сте љубител на кафе, прочитајте ја оваа одлична вест.