КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • Опсесија или искрена љубов: Еве што значи ако нонстоп зборувате за вашиот партнер

    Опсесија или искрена љубов: Еве што значи ако нонстоп зборувате за вашиот партнер

    Почетокот на секоја љубов е возбудлив. Во оваа фаза можеби посакувате да се искачите на највисоката точка во вашиот град и да извикате на цел глас колку сте заљубени.rnrnНо, ако се фатите себеси дека вашиот партнер ви станал единствена тема за разговор, природно е да се запрашате дали е здраво по цел ден да зборувате само за него. Одговорот на ова прашање го имаат стручњаците.rnrnОпсесија или искрена љубов: Еве што значи ако нонстоп зборувате за вашиот партнерrnrnСподелувањето на среќата со пријателите и членовите на семејството е една од најважните скапоцености во животот. Разговарањето за вашите чувства може да ви помогне да сфатите што треба да направите кога сте збунети од ситуацијата во која сте се нашле. Барањето совети од блиските луѓе или размената на искуства би можело да биде одличен начин за дополнително поврзување со нив.rnrnСепак, ако не сте продуктивни на работа бидејќи постојано мислите на партнерот и тоа ве попречува во извршувањето на професионалните задачи или вашата врска станала единствената работа за којашто сакате да зборувате, време е да се освестите и да поразговарате со некој стручен за овие работи.rnrnАко откриете дека трошите толку многу време размислувајќи за партнерот што тоа ви влијае на работата, тогаш тоа е веќе проблем.rn

    „Зборувањето за партнерот е здраво сѐ додека не ви пречи во секојдневното функционирање“, вели љубовниот терапевт Гери Браун и истакнува дека во таков случај би требало да си ги преиспитате приоритетите.

    rnКако што вели тој, ако на самиот почеток на врската сакате да поминувате што повеќе време со својот партнер и веднаш штом завршите со работа да ја напуштите канцеларијата за да се впуштите во неговата прегратка, тоа е во ред. Но, после почетната фаза на заљубеност, вашето однесување би требало барем делумно да се промени.rn

    „На почетокот тоа е во ред, но подоцна би можело да заличи на опсесија наместо на искрена, зрела љубов“, објаснува Браун.rnrn„Едно е да зборувате многу за својата љубов, а друго е целосно да си ја насочите својата ментална енергија кон партнерот, исклучувајќи сѐ друго и сите останати“ – истакнува Браун.

    rnНа крајот тој додава дека е важно вашиот љубовен живот да не ве одвои целосно од дотогашните интереси, хобија и социјалниот живот.rnrnПрочитајте ги и овие 7 корисни лекции за љубовните врски што можат да се научат од самоуверените луѓе.

  • Рецепт за италијанско афогато

    Рецепт за италијанско афогато

    Рецептот за италијанско афогадо е еден од најлесните десерти за подготовка доколку сакате да се заблажите по вечерата

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 топки сладолед од ванила
    • rn 011

    • 1 нормална доза еспресо
    • rn 011

    • 1 супена лажица ликер од орев
    • rn 011

    • Чоколадо, за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го еспресото како и секогаш. Ставете 1-2 топки сладолед од ванила во широка чаша или мал стаклен сад и сипете го еспресото над нив. Додајте го и ликерот од орев и изрендајте малку темно чоколадо. Сервирајте веднаш.rnrnrnrnПробајте го и овој изненадувачки вкусен кофеински шејк со урми.

  • Зошто жените не треба да го започнат денот со кафе?

    Зошто жените не треба да го започнат денот со кафе?

    Опојниот мирис од најпознатиот пијалак на светот и кофеинот што го содржи се најдобар начин да се започне денот. Или можеби сепак не? Станување од креветот, тетеравење до кујната, ставање кафе, средување во тоалет, пиење прва голтка од кафето – и после тоа почнувате да се будите. Кафето со причина е најпопуларен пијалак во светот, но треба да се знае во кое време и мера треба да се пие за да се има корист од него. Зошто пиењето кафе наутро лошо влијае врз жените?rnrnrnrnВо една студија објавена во дигиталното издание од библиотеката на Американскиот медицински национален институт се покажало дека кафето на празен желудник, посебно кај жените лошо делува на здравјето. Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото најголемо е наутро кога се будиме, а најниско кога одиме да спиеме.rn

    Лекарите истакнуваат дека пиењето кафе наутро кога нивото на кортизол е највисок, ги нарушува хормоните во организмот и го нарушува циркадијалниот ритам. Кортизолот лошо делува на овулацијата, хормоналниот баланс и килограмите.

    rnКонсумирањето кофеин кога нивото на кортизолот е највисоко предизвикува зголемено лачење кортизол. Иако досега не е објаснето зошто ова се случува, се верува дека е поврзано со влијанието на кафето на одредени витамини и минерали во телото.rnrnКортизолот, како и сите останати хормони, е неопходен за функционирање на организмот, но проблемот настанува кога се наоѓаме постојано под стрес и кога телото постојано го излачува. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција. Освен што поттикнува дополнително лачење кортизол, кафето на празен желудник може да се предизвика проблеми со варењето и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Ако имате проблем со желудникот добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.rn

    Кога да се испие првото утринско кафе?

    rnАко станувате околу 7 часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете помеѓу 9 и 30 и 12 часот – кога нивото на кортизол е природно ниско. Важно е пред тоа да го имате изедено првиот појадок. Со оглед на киселоста на кафето, добро е да се појадуваат намирници богати со калциум како што се бадемите, јогуртот или чиа семките кои ја неутрализираат киселоста. Ако го пиете кафето во овој период ќе ја добиете потребната енергија.rn

    Поради што наутро се чувствуваме поспано и покрај високото ниво на кортизол?

    rn

    Зависност од кофеин

    rnАко телото е навикнато на кофеин тоа ќе престане да ги користи природните механизми за лачење кортизол и ќе се наслони на кофеинот. Но, ако престанеме со оваа навика, телото набрзо повторно ќе се префрли на неговите ресурси.rn

    Дехидрација

    rnИако имаме чувство дека кога спиеме не правиме ништо, нашиот организам и тогаш е активен. Срцето чука, крвта тече, храната се вари. За тоа потребна е енергија и затоа наутро се будиме жедни.rn

    Недостаток на сон

    rnМногу е важно да спиеме најмалку 7 часа секоја ноќ ако сакаме да бидеме здрави. Ако имате проблем со спиењето, би требало да усвоите неколку навики – секогаш да одите на спиење во исто време и во исто време да станувате, да ги тргнете електронските уреди барем еден час пред спиење за телото да не се умори, и навечер да испиете билен чај што ќе ве релаксира.rnrnДознајте зошто треба да пиете кафе и чај без шеќер.

  • 6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    Иако е потребно малку повеќе време отколку едноставно истурање на кристализираното инстант кафе во вода, сепак повеќето од нас го преферираат богатиот вкус на вареното турско кафе. Но, и инстант кафето си има свои предности и повеќето од нив немаат никаква врска со утринското будење. Во продолжение погледнете за што сè можете да го употребите инстант кафето.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrn

    1. Подгответе вкусно месо

    rnНе грижете се, месото нема да има вкус на утринско кафе. Сè што ви е потребно е една лажичка инстант кафе за да го збогатите вкусот на месото.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    2. Додајте го во болоњезе сос

    rnОва исто така звучи како чудна комбинација, но луѓето се колнат во преубавиот вкус. Кога еден британски прехранбен маркет го промовирал овој трик во 2015 година, настанал хаос на Интернетот. Но, кога луѓето почнале да го испробуваат овој трик, повеќето од нив биле пријатно изненадени како вкусот на сосот се издигнал на едно повисоко ниво. Потребно е само да додадете една мала лажичка инстант кафе.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    3. Освежете ги вашите билки

    rnСпоред експертите, кафето може да ослободи корисни минерали како азот, калиум и магнезиум со распаѓањето во почвата на вашите растенија. Исто така, помага и во балансирањето на алкалиите и pH нивоата. Бидејќи инстант кафето е во кристализирана состојба, може веднаш да се користи за во почвата.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    4. Ги држи инсектите подалеку

    rnДржењето на инсекти подалеку од вас е уште една придобивка на инстант кафето. Може да ставите кафе во вашата градинарска почва или околу куќата. Според една студија направена во 2004 година, пронајдена е една мрсна супстанца во кафето која е токсична за инсектите како што се комарците и мушичките. Можете да го истурете инстант кафето во областите кои што им се привлечни на инсектите, вклучувајќи го и вашиот двор.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnБонус: исто така, можете да го искористите ваквото кафе за да се ослободите од болвите во крзното на вашиот миленик. Истријте го вашиот миленик со инстант кафе, а потоа истуширајте го.rn

    5. Зголемете го растот на косата

    rnИнстант кафето функционира одлично како нежен ексфолијант кој го забрзува растот на вашата коса. Можете да го ставите на вашиот скалп по шампонирањето или пак да го помешате со вода пред влегување во тушот. Доколку имате капа за туширање, можете да ја соберете косата со веќе намачканото кафе и да оставете да отстои 10 до 20 минути за подобра апсорпција.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnВнимание: Ова е најдобро за личностите со темна коса, бидејќи кафето може да ги обои светлите прамени.rn

    6. Ослободете се од круговите под очите

    rnСпоред една студија направена во 2016 година, кофеинот во кафето помага при ослободување на темните кругови и кесички кое се наоѓаат под очите. За ваквата намена можете да користите и обично кафе измешано со алое вера или кокосово масло, оставајќи ја смесата да отстои 10 до 20 минути.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnПрочитајте ги и овие 27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Кафе – како да го направите вашиот омилен пијалак поздрав?

    Кафе – како да го направите вашиот омилен пијалак поздрав?

    Пиењето кафе во нормални количини е добро за вашето здравје. За некои луѓе тоа претставува единствен извор на антиоксиданти во текот на денот доколку не обожуваат да консумираат свежо овошје и зеленчук. Во продолжение ви претставуваме како здравото кафе да го направите уште поздраво.rnrnКафе – како да го направите вашиот омилен пијалак поздрав?rn

    Исфрлете го кофеинот после 2 часот попладне

    rnКофеинот е симулант и затоа е една од причините кои го обожуваме многу. Тој ни дава енергија и ни помага да останеме подолго време будни, дури и кога уморот веќе нè совладал. Но, доколку консумираме кафе во претпладневните часови, тоа може да влијае на нашиот сон, а недостатокот на сон може да предизвика голем број здравствени проблеми. Затоа многу е важно да не консумирате кафе во претпладневните часови. Завршете со пиење кафе до 2 часот, а подоцна можете да се напиете чај кој содржи помалку кофеин.rn

    Не претерувајте со шеќерот

    rnМногу е лесно кафето да го претворите во нездрав пијалак, а најлесниот начин е да додадете голема количина шеќер кој се смета за еден од најнездравите состојки во модерната исхрана. Шеќерот обично содржи голема количина фруктоза која е поврзана со појавата на многу здравствени проблеми, како што се дебелина и дијабетес. Доколку не можете да пиете горко кафе, тогаш засладете го со стевија.rn

    Изберете квалитетен бренд на кафе, по можност органски

    rnИсто како и кај другите производи, така и квалитетот на кафето зависи од начинот на изработка, како и од неговото одгледување. За време на одгледувањето, зрната кафе често се третирани со пестициди, хербициди и разни хемикалии кои не би требало да се консумираат. Доколку имате можност, одберете кафе, чии зрна се одгледани по органски пат.rn

    Не користете вештачки засладувачи

    rnИако ви изгледа како добра идеја наместо шеќер да користите вештачки засладувачи, сепак науката е против тоа. Многу истражувањи покажале дека вештачките засладувачи имаат негативно влијание на здравјето. Наместо тоа, изберете стевија, која е природна алтернатива и не е штетна.rn

    Додајте цимет

    rnЦиметот е многу здрав и вкусен зачин кој совршено се вклопува со вкусот на кафе. Научно докажано е дека циметот го намалува нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите, а неговата комбинација со кафе ќе ве изненади пријатно.rn

    Избегнувајте вештачки и нискокалоричен шлаг за кафе

    rnШлагот кој се служи по кафулињата може да биде неприроден и штетен. Можеби звучи чудно, но за ваше добро, подобро додајте шлаг со поголем процент маснотии, отколку шлаг произведен по индустриски пат. Некои истражувања покажале дека високомасните млечни производи се поврзани со превенцијата за дебелеење.rn

    Додајте какао

    rnКакаото е богат антиоксидант и има многу лековити својства, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од срцеви болести, па слободно додајте една мала лажичка какао во вашето утринско кафе.rnrnДознајте и како да препознаете квалитетно кафе.

  • Изненадувачки вкусен кофеински шејк со урми

    Изненадувачки вкусен кофеински шејк со урми

    Уживајте во продолжениот викенд!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 120 милилитри кафе
    • rn 011

    • 200 грама ледени коцки
    • rn 011

    • 2-3 меки урми
    • rn 011

    • 1/2 екстракт од ванила
    • rn 011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Сипете го кофеинскиот шејк со урми во чаша и уживајте во вкусот!rnrnПробајте го и овој протеински шејк со кафе за активните љубители на кофеинот!

  • Кафе и појадок во едно смуди!

    Кафе и појадок во едно смуди!

    Љубители сте на кафе и здрави оброци? Ако сте една од оние личности кои секогаш доцнат и утрата не им се омилен дел од денот, во својата рутина вклучете го ова идеално смуди со кафе. Ќе ве разбуди, можете да го пиете и во одење, а и ќе ве засити. Количината е доволна за две големи сервирања, а ќе ви бидат потребни добар блендер и две минути.rnrnКафе и појадок во едно смути!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри кафе
    • rn 011

    • 1 голема банана
    • rn

    • 250 милилитри грчки јогурт
    • rn 011

    • 1 лажичка ленено семе
    • rn 011

    • 2 лажици мед
    • rn 011

    • 1/2 лажица цимет
    • rn 011

    • 1/4 лажица мускатно оревче
    • rn 011

    • Мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnАко имате силен блендер, мразот слободно ставете го одма. Во спротивно, ставете неколку коцки мраз откако со блендерот убаво ќе ги изматите сите состојки. Можете да декорирате со стапчиња цимет. На здравје кафе!rnrnПробајте го и ова ледено веганско мока смуди.

  • Љубители на кафе, имаме одлични вести за вас!

    Љубители на кафе, имаме одлични вести за вас!

    Повеќето од нас посегнуваме по шолја кафе наутро за да можеме да го започнеме денот. Но, покрај енергијата што ни ја дава кофеинот, тој ни помага и да останеме во форма, согорувајќи ни ги мастите во телото.rnrnrnrnПрвото нешто што треба да го разбереме за нашето тело е дека постојат различни масти: бели и кафени. Белите масти се оние што нашето тело ги складира и ги чува за да нè одржува во живот. Кафените масти пак, се оние кои ни помагаат при согорувањето на наталожените масти, го балансираат шеќерот во крвта, го одржуваат здравјето на коските, но и на мускулната маса. За жал, како што растеме, така губиме од кафените масти, што е една од причините поради кои потешко слабееме кога ќе остариме. За среќа, тие не исчезнуваат целосно. Новите истражувања покажуваат дека постои едноставен начин да се активираат повторно.rnrnСпоред неколку неодамнешни студии, бил донесен заклучок дека консумирањето кофеин помага при зголемување на активноста на кафеавите масти, дури и со само со една шолја кафе. Со други зборови, редовното пиење кафе помага при согорувањето на вишокот килограми. Научниците дошле до овој заклучок по набљудувањето на учесниците кои пиеле вода наспроти кафе.rnrnСепак, имајте на ум дека со додавањето шлаг и шеќер се губат придобивките на кофеинот. Исто така, обидете се да се задржите на 1-2 шолји кафе на ден, па бидете претпазливи да не претерате бидејќи тоа носи други негативни страни.rnrnПа, љубители на кафе, подгответе си една шолја уште веднаш и уживајте! И додека уживате во неговиот вкус, прочитајте го и ова истражување чии резултати укажуваат дека колку повеќе кафе пиете, толку подолго ќе живеете!rnrn rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Класично виенско кафе за љубителите на традиционалниот вкус

    Класично виенско кафе за љубителите на традиционалниот вкус

    Моќен вкус!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 700 милилитри свежо подготвено силно кафе
    • rn 011

    • 3 супени лажици чоколаден сируп
    • rn 011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn 011

    • 80 милилитри шлаг пена
    • rn 011

    • 60 милилитри Ирски крем ликер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги кафето, чоколадниот сируп и шеќерот во бавен готвач и оставете да се вари на тивко околу 2, 2 и пол часа. Потоа додајте ги шлаг пената и ирскиот крем. Покријте повторно и варете уште 30 минути или додека не ја добиете саканата температура. Сипете го кафето во шолји, декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки по желба.rnrnСакате да се освежите? Пробајте го и ова виенско ледено кафе за топлите пролетни денови.

  • Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

    Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

    Консумирањето кафе и уживањето во овој пијалак е добро познат ритуал во Македонија. И за разлика од другите држави каде што се служи во мали шолји и се пие во една голтка, нашето кафе е многу повеќе од утринско или попладневно заблажување. Мирисот и вкусот што се кријат во омилените шолји во кујната нè следи во сите нови успеси, запознавања, пријателства и заеднички моменти на радост.rnrnrnrnСите ние сме пораснале учејќи како да направиме добро кафе. Уште од мали нозе секојдневно сме слушале изјави како „Уф, колку добро кафе испив денес“ или „Колку слабо кафе ми направија, исто како да не сум се напил/а денес“. Со текот на времето ние сме пробувале различни вкусови и комбинации, велејќи: „Направи ми без шеќер“, „Стави кафе сега, за да се олади додека дојдам“ или „Не дозволувај да зоврие до крај.“rnrnБез разлика на нашата работа, ние секојдневно подготвуваме свежо смелено кафе, притоа давајќи дел од нашето срце во него. Важно ни е пијалакот да биде совршен и ние да бидеме познати како кафе-мајстори. Па, доколку сакате да ги унапредите вашите вештини во подготовката на кафето и уживањето во неговиот вкус, тогаш погледнете ги следниве мали тајни за кои можеби не сте знаеле, а кои имаат моќ да ви го направат омилениот вкус уште подобар.rnrnИмено, пената во домашно подготвеното мелено кафе ја прави разликата помеѓу „доброто“ кафе и она што е „невешто“ сварено. Сепак, има и луѓе што сакаат да пијат кафе без пена – па секогаш прашувајте пред варењето. Покрај тоа што изгледа попримамливо, густата и обилна пена ја задржува топлината на кафето, го прави вкусот поинтензивен и подолго се задржува во устата.rnrnОд друга страна пак, покрај пената, важна е и температурата на кафето. За најдобар вкус, треба да почекате малку да се олади и да почнете да го пиете кога тоа ќе ја достигне температурата на телото. Исто така, пред првата голтка, затворете ги очите и длабоко вдишете го мирисот. Ова ќе ви ги отвори сите сетила и кога ќе почнете да го пиете кафето ќе чувствувате многу побогат вкус.rnrnКако кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението!