КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • ТВ серија: Невини (The Innocents)

    ТВ серија: Невини (The Innocents)

    Откако тинејџерите Џун и Хери ќе избегаат од дома, тие ќе откријат нешто неверојатно – Џун поседува моќи за трансформација

    rnГлавни улоги: Сорча Граундсел, Персел Аскот, Гај ПирсrnrnЖанр: драма, романса, научна фантастикаrnrnКреатори: Ханија Елкингтон, Симон ДуричrnrnПремиера: 24 август 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=6XshabV0010&t=rnrnСтанува збор за уште една љубовна приказна наменета за младите возрасни. Но, оваа романса е збогатена и со елементи на научна фантастика, правејќи ја само уште еден наслов меѓу многуте во купчето на овој хит жанр што делува како да нема никогаш да замре. Изгледа целиот свет е опседнат со идејата за некаков вид „еволуција“ на човештвото, за мало разбранување на монотоното секојдневие и целосно менување на животот каков што го знаеме. Со оглед на тоа каков живот водиме, ова можеби е и сосема логично.rnrnrnrnПриказната ја следи младата Џун (Сорча Граундсел), на која ѝ се наближува 16-от роденден. Таа живее во запуштен дел од Шкотска со својот агорафобичен брат Рајан (Артур Хјус) кој никогаш не излегува од дома и со својот претерано заштитнички настроен татко Џон (Сем Хејзалдин). Бидејќи веќе не може да ги поднесе условите во коишто живее, Џун и нејзиното тајно момче Хери (Персел Аскот) планираат да избегаат во Лондон. Тие успеваат да го сторат тоа, но брзо по почетокот на нивното патување наидуваат на двајца мажи што тврдат дека имаат порака од отсутната мајка на Џун, Елена (Лаура Бирн). Нивните намери не се воопшто добри, тие дури и ќе ги нападнат, што ќе се претвори во момент на пресвртница во животот на Џун.rnrnrnrnЏун набрзо ќе дознае дека татко ѝ ја чувал под строг режим поради фактот дека таа поседува натприродни моќи – истите моќи што и нејзината мајка ги поседувала, односно дарбата (или проклетството) да може да се трансформира во друга личност. Всушност, не ни можам да кажам дека станува збор за натприродни моќи, бидејќи како што објаснуваат во самата серија, сè е до генетиката. Способноста за трансформација се пренесува преку редок скандинавски ген од страна на мајката, најчесто скокајќи една генерација. Токму тоа ја прави Џун многу ретка…rnrnrnrnОчекувајте 4 бавни епизоди во коишто нема да разбирате буквално ништо од тоа што се случува. Но, кога тие ќе завршат, следните 4 ќе ви докажат дека вредело тоа што сте почекале и без сомнение ќе бидете задоволни од наградата што ќе ја добиете.

  • ТВ серија: Разочарување (Disenchantment)

    ТВ серија: Разочарување (Disenchantment)

    Средновековните авантури и лудории на принцеза што премногу пие и нејзините пријатели – елфот и демонот

    rnГлавни улоги: Аби Џекобсон, Нет Факсон, Ерик Андре, Џон ДиМаџиоrnrnЖанр: комедија, авантура, анимацијаrnrnКреатори: Мет Грејнинг и Џош ВеинстинrnrnПремиера: 17 август 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Gp_RnJcb8IgrnrnПодготвени сте за комбинација на Симпсонови и Игра на тронови? Ако одговорот е позитивен, тогаш имам одлични вести за вас! Оваа нова ТВ серија на Нетфликс ќе ве насмее до солзи, ќе ве натера да ги прекриете очите со крвави сцени и ќе ве остави целосно без зборови. Сè на сè, таа ги има сите потребни елементи за да се емитува уште долго време, исто како и другите проекти на креаторот Мет Грејнинг – Симпсонови и Футурама.rnrn rnrnДејството нè води во средновековното кралство познато како Дримленд, каде што владее кралот Зог (Џон ДиМаџио). Тој живее со својата ќерка Тиабини (Аби Џекобсон), односно Бин, за сите освен нејзините најблиски пријатели и најлоши непријатели, како што таа самата објаснува. Бин е и главната улога околу која целата приказна се врти. Но, таа воопшто не е како принцезите што сте навикнати да ги гледате на малите екрани. Баш напротив, Бин е тотално надвор од контрола. Таа има проблеми со пиењето, не почитува никакви авторитети, тврдоглава е до бескрај, мрази фустани и го живее животот на начин на кој само неа ѝ одговара. Звучи интересно, се согласувате?rnrn rnrnТаа уште во првата епизода ќе ги запознае своите први најдобри пријатели, веселиот елф со темна страна, Елфо (Нет Факсон) и демонот испратен да ѝ ја уништи душата, Луси (Ерик Андре). Токму тогаш и ќе почне најголемата авантура во нејзиниот живот, исполнета со многу крвави настани, соочување со темни ликови од бајките, како злите верзии на Хансел и Гретел и уште многу други лудории што ќе ве натераат да ги изгледате сите епизоди во само еден здив. Верувајте ми, нема подобар викенд маратон од овој!rnrn

  • ТВ серија: Манифест (Manifest)

    ТВ серија: Манифест (Manifest)

    Тие тргнуваат со авион од Јамајка во 2013, но слетуваат во Њујорк во 2018 година

    rnГлавни улоги: Џ. Р. Рамирез, Џош Далас, Џек МесинаrnrnЖанр: драма, мистеријаrnrnКреатори: Џек Рејк, Метју ФернандезrnrnПремиера: 24 септември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LjsFg7e-ffkrnrnОваа ТВ серија е базирана на навистина интересна идеја. Замислете го следново сценарио… Влегувате во авион, наидувате на посериозна турбуленција, но сепак безбедно слетувате на вашата дестинација. Иако ви е мило што сè поминало добро, веднаш штом излезете од авионот сфаќате дека нешто не е во ред и дознавате дека поминале 5 години од моментот кога сте влегле во авионот.rnrnrnrnОваа идеја отвора простор за многу возбудлива ТВ серија. Патниците во авионот тргнале од Јамајка во 2013 година, но слетале во Њујорк во 2018. Замислете само колку нешта се сменети од тогаш, почнувајќи од самите настани ширум светот, па сè до напредокот на технологијата. Од друга страна пак, оваа ТВ серија нè води и во личниот живот на самите патници, што изгубиле 5 години без да остарат ниту еден ден, додека нивните најблиски продолжиле со својот живот, верувајќи дека никогаш повторно нема да ги видат. Токму тоа и ја прави побогата, како и поинтересна за гледање. Таа освојува со емоционалниот и психолошки аспект.rnrnrnrnТоа што е можеби малку предвидливо и веќе видено е фактот што ова необично патување ќе им даде некаков вид „моќи“ на патниците. Иако не можеме да знаеме на каде ќе тргне овој момент од само една епизода, сепак веднаш се забележува дека акцентот ќе биде токму на ова. Од друга страна пак, интересно е и истражувањето на тоа што предизвикало да се случи овој скок во времето и во игра се буквално сите идеи што ќе ви паднат напамет, вклучувајќи ја и божествената сила. Останува да почекаме и да видиме дали оваа приказна ќе го достигне својот целосен потенцијал.

  • ТВ серија: Ложа 49 (Lodge 49)

    ТВ серија: Ложа 49 (Lodge 49)

    По сплет на околности, Дад се наоѓа на вратата на Ложата 49, каде што членовите се постари, и се служи евтино пиво и чудни алхемиски филозофии

    rnГлавни улоги: Вајат Расел, Брент Џенингс, Соња КасидиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnКреатор: Џим ГавинrnrnПремиера: 6 август 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zefUMaa5W7wrnrnСтанува збор за комбинација од комедија и драма, односно за сè попопуларниот жанр драмедија каде што го следиме животот на еден млад човек по смртта на неговиот татко. Шон Дадли (Вајат Расел), попознат како Дад, обидувајќи се да најде значење во животот, неочекувано или пак, можеби судбински, станува дел од ложа откако случајно ќе наиде на неа и ќе се зближи со еден од офицерите – Ерни (Брент Џенингс). Со оглед на тоа што младиот Дад не работи ништо по затворањето на бизнисот на татко му и го има целото време на светот за тоа што сака да го прави, тој целосно се посветува на својата нова група пријатели која се сочинува од постари членови.rnrn rnrnДад, на кратко, е еден од оние карактери во кои лесно можете да се заљубите, дури и ако повремено ве нервира со своите будалести размислувања и делувања. Вие можете многу свои однесувања да препознаете кај него, па затоа и брзо ќе се поврзете. Исто така подгответе се за луда емоционална железница, затоа што оваа ТВ серија е целосно насочена кон соочување со животните разочарувања и наоѓање начин истите да се надминат – нешто што Ложата 49 му помага на Дад да го направи, а преку тоа ви ја овозможува истата помош и на вас.rnrn rnrnСо неколку зборови, оваа ТВ серија е забавна, повремено темна, и многу уникатна, па затоа сме и сигурни дека навистина ќе ви се допадне. Дури и да не станете нејзини најголеми фанови, мора да признаете дека вреди да се погледне токму поради различноста.

  • ТВ серија: Клоук и Дагер (Cloak and Dagger)

    ТВ серија: Клоук и Дагер (Cloak and Dagger)

    Двајца тинејџери од различни светови добиваат неверојатни супермоќи додека се заљубуваат еден во друг

    rnГлавни улоги: Оливија Холт, Обри Џозеф, Глорија РубенrnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnКреатор: Џоу ПокаскиrnrnПремиера: 7 јуни 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://youtu.be/hjCTXdo8zTQrnrnАко мислевте дека сте виделе сè што може да постои во светот на Марвел, како и во животот на добро познатите суперхерои, тогаш единственото нешто што можам да ви го кажам е да ја погледнете оваа ТВ серија, бидејќи со само една епизода, целосно ќе ви го промени мислењето. Изгледа како креаторот на „Клоук и Дагер“ да ги изгледал сите досегашни серии со суперхерои и да го извлекол само најдоброто од нив, притоа создавајќи ја оваа одлична приказна.rnrnrnrnДејството го следи животот на Тенди и Тајрон, кои уште како деца ќе бидат целосно променети по смртта на личноста што тие ја сакале најмногу на целиот свет. Години подоцна, кога тие веќе се тинејџери, можеме да видиме дека трагедијата не ги сменила само нив, туку и нивните најблиски. Тенди, сега живее во делумно бездомништво, а Тајрон прави и повеќе од тоа што може надевајќи се дека ќе им помогне на неговите родители да не ја чувствуваат смртта на брат му.rnrnrnrnТоа по што се издвојува оваа ТВ серија од останатите во овој жанр е фактот што главните карактери се центарот на приказната, и буквално сè се врти околу нив. Тоа овозможува голем број минути посветени за развивање на нивните карактери, наместо одвлекување на вниманието со споредните, како и можност да ја спознаеме дури и најскриената страна на нивните комплексни личности. За вистинските љубители на овој жанр, ова е вистински рај.rnrnrnrnСепак, имајте на ум дека и покрај тоа што станува збор за ТВ серија каде што главните ликови се тинејџери, приказната е навистина темна и тешка за гледање. Се обработуваат големи проблеми како расизам, злоупотреба на дрога, сексуален напад и суицидна депресија. Овие теми не се лесни за гледање, правејќи ја самата серија потемна дури и од познатите Дердевил (Daredevil), Џесика Џоунс (Jessica Jones) и Лук Кејџ (Luce Cage).rnrn

  • ТВ серија: Импулс (Impulse)

    ТВ серија: Импулс (Impulse)

    Девојка открива дека поседува моќ за телепортација

    rnГлавни улоги: Меди Хејсон, Сара Десџардинс, Енука ОкумаrnrnЖанр: научна фантастика, драмаrnrnКреатор: Џефри ЛиберrnrnПремиера: 6 јуни 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=OdKCzhU7kQIrnrnСе сеќавате на филмот Скокач (Jumper) од 2008 година? Оваа ТВ серија е еден вид продолжување на приказната, но без никакво поврзување со настаните од самиот филм. Всушност, единственото нешто што е заедничко за двете е способноста за телепортација на главните ликови, која исто така е променета во начинот на кој се манифестира. Со други зборови, создадена е сосема нова приказна за стара, но одлична идеја.rnrnrnrnДејството се врти околу Хенриета Колс (Меди Хејсон), попозната како Хенри, која има мистериозна медицинска состојба што ѝ предизвикува напади. Иако на прв поглед тие делуваат сосема обично, сепак еден од новите соученици на Хенри ќе забележи нешто многу чудно додека таа е без свест – сите предмети во училницата ќе почнат суптилно да се поместуваат. Брзо потоа, Хенри ќе ја открие својата способност за телепортација на начин што ќе остави друг соученик во кома.rnrnrnrnИмајќи го сè ова на ум, не очекувајте серија што е преполна со акција. Исто така, иако жанрот на приказната е научна фантастика за млади возрасни, сепак драмата е онаа што преовладува со епизодите кои следуваат. Преку битките на главниот лик, Хенри, ние ќе се соочиме со многу тешки теми, како онаа за сексуалниот напад, кои се тешки за гледање. Всушност, оваа ТВ серија многу повеќе наликува на 13 причини зошто (13 Reasons Why), отколку на некоја научна фантастика или фантазија.rnrnrnrnНајдоброто нешто кај оваа ТВ серија? Таа е првата комбинација од Јутјуб и Холивуд, па затоа и можете сите епизоди да ги најдете на нејзиниот официјален Јутјуб канал. Првите три епизоди се бесплатни за сите, но за останатите ќе ви биде потребен премиум акаунт. Уживајте!

  • ТВ серија: Мечтање (Reverie)

    ТВ серија: Мечтање (Reverie)

    Професорката Мара Кинт станува дел од тимот што работи на програма за виртуелна реалност со опасни несакани последици

    rnГлавни улоги: Сара Шахи, Денис Хајсберт, Кетрин МорисrnrnЖанр: драма, трилерrnrnКреатор: Мајки ФишерrnrnПремиера: 30 мај 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=4EEyzUyQjvErnrnАко сте љубители на ТВ серијата „Црно огледало“ (Black Mirror), тогаш сигурно ја помните епизодата „Брзо ќе се вратам“ (Be Right Back), во која артистката Марта (Хејли Атвел) се обидува да се справи со смртта на нејзиното момче Аш (Домхнал Глисон) на нетрадиционален начин. По фаталната сообраќајка, Марта ги додава сите негови информации од социјалните мрежи во вештачка интелигенција, што ќе ѝ овозможи прво да „разговара“ со својата љубов, а потоа дури и да го види пред себе во форма на андроид. Новата ТВ серија „Мечтаење“ е инспирирана токму од оваа епизода.rnrnrnrnНо, за разлика од настаните во „Црно огледало“, во оваа ТВ серија корисниците користат виртуелен свет за средбата со своите сакани. Со оглед на тоа што не се обврзани со правилата на физиката и логиката, ова алтернативно искуство им овозможува голема слобода во однос на визуелните и психолошките истражувања.rnrnrnrnПриказната се врти околу Мара Кинт (Сара Шахи), која работела како преговарач за заложници, а сега е професор на колеџ што им помага на студентите да маневрираат низ социјалните интеракции. Таа ќе биде регрутирана од страна на компанијата зад „Мечтаење“, напреден програм што им овозможува на корисниците да ги доживеат своите најлуди соништа во виртуелната реалност. Со оглед на тоа дека некои луѓе се посреќни во програмот отколку во реалниот свет, нивните физички тела почнале да паѓаат во кома. Задачата на Мара е да влезе во нивната симулација и да ги убеди да се вратат во реалноста.

  • ТВ серија: Патрик Мелроуз (Patrick Melrose)

    ТВ серија: Патрик Мелроуз (Patrick Melrose)

    Базирано на романите за Патрик Мелроуз од Едвард Сент Обин

    rnГлавни улоги: Бенедикт Камбербач, Џенифер Џејсон Леи, Себастијан МалтсrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Дејвид НиколсrnrnПремиера: 13 мај 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JQh36eStMqkrnrnДејството се врти околу турбулентниот живот на Патрик Мелроуз (Бенедикт Камбербач). Тој е средновековен маж, што живее од ден за ден, обидувајќи се да разбере која зависност ќе му помогне да се справи подобро со животот. Дрогата, цигарите и алкохолот се само дел од техниките за справување што секојдневно ги користи. Но, со оглед на тоа какво било неговото детство, овој животен стил воопшто не треба да ве изненадува. Неговиот татко ги злоупотребувал сите луѓе околу себе, а неговата мајка бегала од животот со помош на сите можни пороци.rnrnrnrnУште во првите неколку минути ќе дојдете до истиот заклучок како и ние – Камбербач е роден за оваа улога! Всушност, слободно можеме да кажеме дека не постои улога што овој актер не би можел да ја одигра до совршенство. Започнувајќи од Шерлок Холмс, па сè до Доктор Стрејнџ, тој е едноставно брилијантен. Но, овој пат, се надминува себеси. Тој покажува неверојатен спектар на емоции, нешто што со сигурност би можеле да го видиме и во реалноста кај личност што се обидува да се справи со своето пеколно детство и да се одвои себеси од каква била човечка интимност.rnrnrnrnИ покрај тоа што секоја епизода има своја тема, заедно тие се како прекрасна симфонија што предизвикува неизмерно задоволство кај својата публика. На кратко, оваа ТВ серија е еден од најдобрите избори за гледање во моментов. Од глумењето, пишувањето, режисерството, па дури и самото снимање, ништо друго во моментов не го достигнува нејзиниот квалитет. Ретко имаме можност да сведочиме на вакво дело, па затоа и дефинитивно не смееме да го пропуштиме кога ќе се случи!rnrn

  • ТВ серија: Дожд (The Rain)

    ТВ серија: Дожд (The Rain)

    Откако брутален вирус преку дожд ќе ја уништи скоро целата популација, дански брат и сестра ќе тргнат во потрага по безбедност

    rnГлавни улоги: Алба Огуст, Лукас Лингард Тонесен, Микел Бое ФолсгардrnrnЖанр: научна фантастика, трилерrnrnКреатори: Јаник Таи Мошолт, Кристијан Поталиво, Есбен Тофт ЈакобсенrnrnПремиера: 4 мај 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: данскиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=st6r-8mLW_ornrnЗа само неколку минути, светот целосно ќе се промени. Навидум обичен дожд ќе падне на површината на Земјата и ќе ги убие сите човечки суштества што ќе ги допре во рок од само неколку минути. 6 години подоцна, откако дождот со вирус ќе ја намали популацијата во Скандинавија, дански брат и сестра, Размус и Симон, ќе излезат од безбедноста на својот бункер, гледајќи само траги од некогашната цивилизација. Но, тие не се единствените преживеани. Размус и Симон ќе запознаат многу луѓе во новиот, опасен свет.rnrn rnrnОваа серија за кратко време станува многу интересна. Нема долг вовед, како некои од најпопуларните постапокалиптични дистопии, па веднаш ќе бидете фрлени во центарот на настаните. Исто така, не станува збор само за адреналински обиди за преживување – нешто што владее со сцените во овој жанр. Приказната ќе се обиде да ве потсети што точно значи да се биде човек и ќе ве натера да се замислите дали човештвото би можело по една ваква катастрофа да научи одново да се грижи и да се сака, да разликува добро од зло и едноставно да продолжи да постои во свет што не може ни да го препознае…rnrn

  • ТВ серија: Стар Фолс (Star Falls)

    ТВ серија: Стар Фолс (Star Falls)

    Тинејџерка се обидува да натера холивудска ѕвезда да се заљуби во мајка ѝ

    rnГлавни улоги: Дион Џонстон, Елена В. Волф, Томасо Санели, Сиена Агудонг, Маркус Корнвол, Џадиел Доулин, Камаиа ФербурнrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Џорџ Доти IVrnrnПремиера: 31 март 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 20 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Wi9KvluEibUrnrnПриказната нè носи во животот на тинејџерката Софија (Сиена Агудонг) која ќе успее да ја убеди холивудската ѕвезда Крег Брукс (Дион Џонстон), заедно со неговите три деца, да се всели во нејзината куќа додека снима филм во близина. Нејзината цел е да го натера да се заљуби во мајка ѝ, Бет (Елена В. Волф), која ги обожава сите негови филмови и одамна му се воодушевува.rnrn rnrnСтанува збор за едноставна 20-минутна комедија со добар хумор што ќе ве опушти дури и во најстресните денови. Вие уште од првата епизода ќе се заљубите во бестрашната и решителната Софија и едвај ќе чекате да излезе следната епизода за да откриете каква будалштина ќе измисли следно да за да ја направи мајка си среќна.rnrn rnrnПокрај Софија, треба да се спомнат и децата на Крег, односно Бо (Маркус Корнвол), Феникс (Џадиел Доулин) и Дајмонд (Камаиа Фербурн). Нивните ликови се… па, специфични. Но, токму тоа и ги прави забавни за гледање. Откако и тие ќе сфатат дека нивниот татко е посреќен во близина на Бет, ќе се вмешаат во планот на Софија за нивните родители да се заљубат.