Двајца тинејџери од различни светови добиваат неверојатни супермоќи додека се заљубуваат еден во друг
rn
Главни улоги: Оливија Холт, Обри Џозеф, Глорија РубенrnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnКреатор: Џоу ПокаскиrnrnПремиера: 7 јуни 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://youtu.be/hjCTXdo8zTQrnrnАко мислевте дека сте виделе сè што може да постои во светот на Марвел, како и во животот на добро познатите суперхерои, тогаш единственото нешто што можам да ви го кажам е да ја погледнете оваа ТВ серија, бидејќи со само една епизода, целосно ќе ви го промени мислењето. Изгледа како креаторот на „Клоук и Дагер“ да ги изгледал сите досегашни серии со суперхерои и да го извлекол само најдоброто од нив, притоа создавајќи ја оваа одлична приказна.rnrn
rnrnДејството го следи животот на Тенди и Тајрон, кои уште како деца ќе бидат целосно променети по смртта на личноста што тие ја сакале најмногу на целиот свет. Години подоцна, кога тие веќе се тинејџери, можеме да видиме дека трагедијата не ги сменила само нив, туку и нивните најблиски. Тенди, сега живее во делумно бездомништво, а Тајрон прави и повеќе од тоа што може надевајќи се дека ќе им помогне на неговите родители да не ја чувствуваат смртта на брат му.rnrn
rnrnТоа по што се издвојува оваа ТВ серија од останатите во овој жанр е фактот што главните карактери се центарот на приказната, и буквално сè се врти околу нив. Тоа овозможува голем број минути посветени за развивање на нивните карактери, наместо одвлекување на вниманието со споредните, како и можност да ја спознаеме дури и најскриената страна на нивните комплексни личности. За вистинските љубители на овој жанр, ова е вистински рај.rnrn
rnrnСепак, имајте на ум дека и покрај тоа што станува збор за ТВ серија каде што главните ликови се тинејџери, приказната е навистина темна и тешка за гледање. Се обработуваат големи проблеми како расизам, злоупотреба на дрога, сексуален напад и суицидна депресија. Овие теми не се лесни за гледање, правејќи ја самата серија потемна дури и од познатите Дердевил (Daredevil), Џесика Џоунс (Jessica Jones) и Лук Кејџ (Luce Cage).rnrn
