До 15 септември ќе трае периодот на ретроградната фаза на Меркур, а тоа ќе има големо влијание врз нашите животи; меѓу другото, тоа ќе влијае и на нашите односи. Прочитајте повеќе за неговото влијание во продолжение.rnrn
rn
Нема да размислувате толку јасно
rnВо овој период ќе ви биде потешко да носите рационални одлуки и често ќе наидувате на погрешни толкувања. Бидете внимателни и сфатете дека не можете да ги читате мислите на другите луѓе – можеби некој размислува сосема поинаку од вас.rn
Чудни настани
rnЌе владее необична атмосфера, а тоа ќе се одрази и на врските. Може да има необјаснива напнатост или непријатни ситуации. Можеби, на пример, поранешниот партнер повторно ќе ве контактира од ведро небо, или навечер ќе го сонувате. Обично се работи за врски во кои останало нешто нерешено.rn
Потреба за осаменост
rnЧесто се случува за време на ретроградниот Меркур да сакаме повеќе време да поминуваме сами. Како резултат на тоа, ќе имаме помал интерес за социјални настани, прослави и состаноци.rn
Проблеми во комуникацијата
rnКако што веќе споменавме, за време на ретроградниот Меркур, типично е да се има пребрзо погрешно расудување и само-интерпретации. Токму затоа се појавуваат многу проблеми и конфликти. Бидете внимателни и изразете се што е можно појасно – кога разговарате со другите, поставувајте прашања и не создавајте сопствени приказни.rn
Одложување
rnПериодот се карактеризира со доцнење. Така што, не чудете се доколку ги пропуштите рокови на работа или задоцните на состанок.rn
Површни односи
rnДоколку во овој период запознаете нова личност, поверојатно е вашата врска да остане површна и да не прерасне во сериозна врска. Дури и ако во овој период одржувате контакт со поранешниот партнер, шансите за повторно започнување на врската се помали.rn
Тешкотии во донесување одлуки
rnМожеби ќе имате тешкотии да донесете важни одлуки. Дури и ако одлучите да направите нешто, има големи шанси да го промените мислењето или дури да зажалите за одлуката. Во овој период, најдобро е да се избегнува донесувањето важни одлуки, дури и во поглед на врските.rnrnСепак, важно е да бидете трпеливи кон себе и со другите во овој период. Имајте отворен ум и слушајте ги другите. Обидете се да ги разберете нивните гледишта и поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Но, исто така, слушајте се и себеси; посветете си доволно внимание и љубов за време на ретроградниот Меркур.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за оваа недела.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs


rnrnПо завршувањето на секој лунарен циклус, полната Месечина го означува времето за ослободување, емоционална рефлексија и манифестација. Ова, исто така, не е типична полна Месечина. Не само што е супер Месечина, туку се нарекува и сина Месечина бидејќи тоа е втората полна Месечина во текот на еден месец (првата беше на 1 август).rnrnВо продолжение дознајте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае месечевата енергија на 31 август.rn
rnrnМожеме да го сфатиме животот како тешко патување, но што друго можеме да направиме за што полесно да поминеме низ животните лавиринти и да стигнеме до целта не исцрпени, туку задоволни?rnrnНема живот без сон, ниту сон без живот. Секој од нас ја има таа една голема желба, тој сон што сакаме да го оствариме и да го претвориме во реалност. И оваа алхемија раѓа нови можности, чувство дека знаеме, дека можеме, дека е можно. Чувството дека сме на вистинското место.rnrnИ затоа овие денови застанете за момент и размислете. Искористете го транзитот на Месечината во Риби на 31 август во 2:36 часот наутро и погледнете во вашето минато. Размислете по кој пат сте тргнале. Постигнавте многу досега. Паднавте и повторно се издигнавте. И заблагодарете му се на животот. Потоа погледнете каде сте сега. Како се чувствувате во моментов? Дали знаете кои се вашите следни чекори? Што е тоа што го посакувате?rnrnМесечината во Риби ќе ви помогне да се ослободите од она што повеќе не ви служи и да го затворите стариот животен циклус. Оставете го минатото зад себе и насмевнете се во сегашниот момент.rnrnПомогнете им на другите, но не заборавајте на вашите потреби. Најдете време за себе во овој свет каде се чини дека секој брза некаде. Влезете во тишината што има толку многу да ви каже.rnrnСатурн во близина на полната Месечина ќе ви укаже на нешто. Можеби некакво ограничување, ситуација од минатото, или нешто што е вредно. Сатурн ќе ве соочи со нешто суштинско. Ако изгубите нешто, пуштете го бидејќи не било ваше и заблагодарете се за искуството. Дали очекувате премногу или нешто што е невозможно? Сатурн ќе ви покаже.rnrnОваа полна Месечина има своја магија. Магијата на зацврстување на вербата дека можете да ги остварите вашите соништа и откривање на скриените нешта.rnrnДозволете таа магија да ви помогне да ја трансформирате сета болка. За почеток, седнете во мир и тишина. Дајте си простор и време да ги анализирате сопствените емоции.rnrnЗа крај, не заборавајте дека секое искуство низ кое поминавте ќе ви биде корисно, без разлика на крајниот исход.rnrnОткако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Риби на 31 август, можеби ќе сакате да прочитате и 
rn
rnrnНекои врски ќе се променат, ќе видиме работи кои досега сме ги занемарувале, ќе запознаеме нови луѓе, можеби дури и ќе ја прекинеме или занемариме врската која ни создава проблеми.rnrnСега повеќе од кога било имаме можност да се видиме себеси во огледалото кое ни го држат другите луѓе. Она што навистина нè вознемирува кај нив, што нè лути, веројатно е нешто што го имаме во себе, но не сме подготвени да се соочиме со тоа. Затоа што го презираме, затоа што ни пречи… Затоа следните недели можат да бидат многу поучни во однос на личниот развој, особено ако станеме свесен набљудувач и гледаме без да реагираме. Расправии, судски спорови, почеток на ново партнерство, раскинување на лоша врска – сето тоа се можности кои се сигурни во текот на претстојниот период.rnrnКолку сте добри во поставувањето граници? Дали знаете како да се заштитите од она што доаѓа однадвор и ви се заканува? Дали се осмелувате да кажете „не“ кога навистина треба? Дали им давате премалку или премногу на вашите врски? Балансот на давање и примање е клучен.rnrnСигурно е дека некои луѓе сега ќе ви се појават во ново светло, дека ќе треба да донесете некои одлуки, кои нема да бидат лесни бидејќи овој Марс е многу колеблив и неодлучен. „Што ако ја изберам опцијата А и целосно ги изгубам другите опции?“rnrnПокрај тоа, овој Марс е голем шармер и заводник. Ако ви се чини дека некој ве освојува, дајте си време да видите што се крие зад тоа.rnПравичност, воспоставување рамнотежа, посредување, мирно решавање спорови, но и пасивно агресивно однесување се некои од работите што нè очекуваат во следниот период.rnrnВо претстојниот период постојат и големи можности да се случат разноразни расправии, судски спорови, започнување ново партнерство или раскинување на лошата врска.rnrnОткако прочитавте за транзитот на Марс низ Вага, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnСо преминот на Сонцето во нов астролошки знак, автоматски се менуваат и енергиите на колективно ниво! Од активен принцип и бурни емоции, заедно со Сонцето преминуваме во пасивен принцип, воздржаност и логично размислување. Од фиксниот знак Лав влегуваме во енергијата и дисциплината на променливиот знак Девица. Затоа што мотото на Сонцето кај Девицата е работа, ред и дисциплина.rnrnБидејќи знакот Девица го класифицираме како човечки, земјен и променлив знак, враќањето на училиште, работата и секојдневните активности по завршувањето на годишниот одмор не би требало да претставува проблем, особено ако е присутно и материјалното задоволство. Затоа ние заедно со Сонцето во Девица во овој период од годината се впуштаме во нови деловни, едукативни и други мали, но вредни животни победи!rnrnЗатоа, да се обидеме да живееме во хармонија и во ритамот на космичките движења и позитивната симболика на ова Сонце: да учиме како да им помагаме на другите! Затоа што помагајќи им на другите, си помагаме и себеси.rnrnОсвен тоа, ќе научиме и да уживаме во малите нешта, а со тоа ќе го развиеме и нашето чувство на благодарност. Од друга страна, пак, колку повеќе благодарност имаме во себе, толку повеќе привлекуваме добри нешта во животот!rnrnДобро би било и да не го занемариме телото, па пожелни се здрава исхрана и редовна физичка активност. Дури и старите Грци знаеле дека во здравото тело има здрав дух и само кога ги слушаме потребите на нашето тело, само тогаш сме во хармонија со нашата вистинска природа.rnrnДа го искористиме транзитот на Сонцето низ знакот Девица за да се насочиме кон конкретни цели и да си воспоставиме рутина, неопходна за сите нас, а карактеристична за овој знак склон кон перфекционизам!rnrnОткако прочитавте за сезоната на владеењето на знакот Девица, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnБидејќи на Девицата ѝ треба план и добра организација, овој ретрограден Меркур може да предизвика немир и нервоза, особено кога станува збор за извршување на секојдневните задачи и начинот на кој работиме. Можете да очекувате дека ќе почнат некои работи, па ќе престанат или едноставно планот нема да ви успее. Но, имајте на ум дека ништо не е случајно и дека најверојатно така треба да биде.rnrnНајдобро би било за време на ретроградната фаза да не си вршите притисок и да ги следите моменталните околности. Еве на кој начин би можела да се одрази енергијата на ретрограден Меркур во следниот период:rn
rn
rn
rn