КАФЕ ПАУЗА

Што ќе ни донесе полната Месечина во Риби на 31 август?

Што ќе ни донесе полната Месечина во Риби на 31 август?

Ние го избираме патот по кој сакаме да одиме. Не можеме да останеме врзани за минатото, не можеме повеќе да чекориме по истиот пат и да паѓаме во исти или слични замки, ниту пак да се вртиме во круг и да се жалиме колку е тежок животот.rnrnШто ќе ни донесе полната Месечина во Риби на 31 август?rnrnМожеме да го сфатиме животот како тешко патување, но што друго можеме да направиме за што полесно да поминеме низ животните лавиринти и да стигнеме до целта не исцрпени, туку задоволни?rnrnНема живот без сон, ниту сон без живот. Секој од нас ја има таа една голема желба, тој сон што сакаме да го оствариме и да го претвориме во реалност. И оваа алхемија раѓа нови можности, чувство дека знаеме, дека можеме, дека е можно. Чувството дека сме на вистинското место.rnrnИ затоа овие денови застанете за момент и размислете. Искористете го транзитот на Месечината во Риби на 31 август во 2:36 часот наутро и погледнете во вашето минато. Размислете по кој пат сте тргнале. Постигнавте многу досега. Паднавте и повторно се издигнавте. И заблагодарете му се на животот. Потоа погледнете каде сте сега. Како се чувствувате во моментов? Дали знаете кои се вашите следни чекори? Што е тоа што го посакувате?rnrnМесечината во Риби ќе ви помогне да се ослободите од она што повеќе не ви служи и да го затворите стариот животен циклус. Оставете го минатото зад себе и насмевнете се во сегашниот момент.rnrnПомогнете им на другите, но не заборавајте на вашите потреби. Најдете време за себе во овој свет каде се чини дека секој брза некаде. Влезете во тишината што има толку многу да ви каже.rnrnСатурн во близина на полната Месечина ќе ви укаже на нешто. Можеби некакво ограничување, ситуација од минатото, или нешто што е вредно. Сатурн ќе ве соочи со нешто суштинско. Ако изгубите нешто, пуштете го бидејќи не било ваше и заблагодарете се за искуството. Дали очекувате премногу или нешто што е невозможно? Сатурн ќе ви покаже.rnrnОваа полна Месечина има своја магија. Магијата на зацврстување на вербата дека можете да ги остварите вашите соништа и откривање на скриените нешта.rnrnДозволете таа магија да ви помогне да ја трансформирате сета болка. За почеток, седнете во мир и тишина. Дајте си простор и време да ги анализирате сопствените емоции.rnrnЗа крај, не заборавајте дека секое искуство низ кое поминавте ќе ви биде корисно, без разлика на крајниот исход.rnrnОткако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Риби на 31 август, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs