КАФЕ ПАУЗА

Category: Скорпија

  • Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија

    Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија

    Кога овие два страсни знаци ќе се сретнат за првпат, обајцата се заслепуваат и изненадуваат од сексуалната хемија и компатибилност која се јавува меѓу нив. Помеѓу овие два знака секогаш ќе постои интензивна сексуална атракција, предизвици, па дури и љубов. Скорпијата сака приватност со својот љубовник, додека Овенот сака да ја покаже во јавност својата љубов. Ова е единствената област во која можеби овие двајца би имале проблем. Доколку Скорпијата ги подобри своите социјални вештини, Овенот може длабоко да се заљуби.rnrnСексуална астролошка компатибилност: Овен и СкорпијаrnrnОвенот од друга страна, треба да намали со својата агресивност, затоа што Скорпијата може да избега заради конфронтациите. Со двата знака управува Марс, планетата на страста и сексуалната привлечност, па доколку некој од овие двајца има потреба од неверојатен секс, неговата потрага тука завршува, но доколку сакаат да ја пронајдат вистинската љубов, тогаш ќе треба подобро да анализираат. Прогнозата за оваа врска е добра, а сексот секогаш ќе биде главен дел од неа. Овие два знака секогаш ќе се предизвикуваат еден со друг.rn

    Маж Овен и жена Скорпија

    rnЉубовните состаноци помеѓу жената Скорпија и мажот Овен многу брзо можат да станат физички. Овој љубовен спој е многу жежок, бидејќи жената Скорпија е страсна и магнетна. Таа има силна волја и потреба да ги контролира сите работи. Мажот Овен ќе ѝ пружи пристоен отпор, бидејќи и тој сака да биде газда во врската. Доколку ниту едниот од нив не попушти, може да се појави застој во врската. Без разлика на сѐ, сексот ќе се исплати и покрај сите тешкотии. За повеќето парови можеби важи правилото дека љубовта може да ги турне сите бариери, но за овие двајца тоа го прави сексот.rn

    Жена Овен и маж Скорпија

    rnОвој љубовен спој се состои од огромна моќ и сила, но ова може да ѝ наштети на врската доколку обајцата не се внимателни. Жената родена во знакот Овен ќе ја сака страста на својот партнер Скорпија, но нема да ја сака неговата потреба да ги контролира сите нешта. Нејзиното его едноставно нема да ѝ дозволи да прифати дека тој доминира во врската уште од самиот старт. Мажот Скорпија ќе биде заведен од страна на храброста на жената Овен и ќе ужива во предизвиците кои таа ќе ги поставува. Таа е секогаш полна со аргументи и желна за жестока расправија, а тоа ќе ја засили сексуалната тензија помеѓу нив двајца. Во оваа врска жената Овен ќе научи како да балансира со внатрешната сила на нејзиниот љубовник и со својата надворешна сила. На крајот, љубовта сепак може да победи сѐ.

  • 14 стереотипи за Скорпиите кои речиси секогаш се вистинити

    14 стереотипи за Скорпиите кои речиси секогаш се вистинити

    Најчестите зборови со кои е опишувана Скорпијата се интензивна, страсна, љубоморна, опсесивна и мистериозна. Но, и некои други хороскопски знаци можат да бидат опишани на овој начин. Па, погледнете ги некои од најпознатите стереотипи за овој знак и што навистина значат.rnrn14 стереотипи за Скорпиите кои речиси секогаш се вистинаrn

    1. Скорпиите се релевантни

    rnМожеби ова е подобар опис од мистериозни. Скорпиите мразат драми и се држат настрана од нив. Но, нивните пријатели често ги споделуваат и најмрачните тајни со Скорпиите, дури и кога тие не го бараат тоа. Луѓето лесно им веруваат, а Скорпиите ценат искреност и интегритет.rn

    2. Скорпиите можат да бидат мистериозни

    rnСкорпиите стануваат таинствени и мистериозни кога ќе ја изгубат довербата во некого. Често не споделуваат што им се случува во животот, најмногу бидејќи сметаат дека другите ги интересира само за озборување. Поради ова, Скорпиите изгледаат навистина мистериозно, но имаат добра причина за тоа. Не дека не сакаат да споделуваат, туку го прават тоа само со оние на кои навистина им веруваат.rn

    3. Скорпиите се секси

    rnОва може да биде последица на нивната таинственост. Познато е дека ова е најсексапилниот знак во зодијакот. Тие се комбинација од жилавост, ладнокрвност и понизност. Тие се независни и брзи. Скорпиите се интелигентни, но смирени, елегантни, но бунтовни. Во главно можат да направат сè со својот шарм.rn

    4. Скорпиите сакаат да бидат невидливи

    rnСкорпиите не сакаат да бидат во центарот на случувањата и не сакаат сите да ги гледаат. Понекогаш сакаат да разговараат и можат да кажат нешто духовито или неочекувано, но тоа се случува ретко.rn

    5. Скорпиите се моќни

    rnСкорпиите ги имаат сите особини на еден лидер, а тоа ги прави навистина моќни. Тие се силни, и психички и физички. Уживаат во предизвиците и сакаат работите да бидат под нивна контрола.rn

    6. Скорпиите се независни

    rnОвие луѓе не можат да бидат следбеници. Скорпиите сакаат да имаат свој живот и потребна им е приватност. Знаат како да ги завршуваат работите, и тоа на правилен начин. Многу добро се грижат за себе. Скорпиите се родени како независни луѓе и во нивната природа е да го прават она што го сакаат.rn

    7. Можат да бидат бунтовни

    rnСкорпиите можат да бидат лоши и да бидат многу добри во тоа. Ако ги третирате неправедно, нема да поминете добро. Штом еднаш ги изневерите, не очекувајте прошка. Понекогаш Скорпиите сакаат да живеат на работ и се зависници од адреналин. Тоа им дава чувство на моќ и независност.rn

    8. Скорпиите се чувствителни

    rnМногу е лесно да навредите Скорпија. Можете да ги повредите со критика или со одбивање. Но, тие ги ценат луѓето кои се искрени со нив. Скорпиите се особено чувствителни кога станува збор за личност на која ѝ се восхитуваат. Најемотивните знаци во хороскопот се Риби, Рак и се разбира, Скорпија.rn

    9. Скорпиите се страсни

    rnСкорпиите чувствуваат многу повеќе емоции од другите луѓе. Познато е дека се и емпати. Тие се најдобрите луѓе за совет и можете да разговарате со нив за сите ваши страсти. Скорпиите сакаат да се поврзуваат со другите и да имаат причина за живот.rn

    10. Скорпиите се лојални

    rnСкорпиите ќе бидат на ваша страна до самиот крај. Тие се одлични брачни партнери и не треба да се грижите дека ќе ве изневерат или излажат. Се разбира, го очекуваат истото за возврат. Ако сте добри кон нив, тие ќе бидат дури подобри кон вас.rn

    11. Скорпиите се интуитивни

    rnБидејќи се интуитивни и чувствителни, Скорпиите ги читаат ситуациите и луѓето подобро од другите. Ги интересираат мистериозни работи и можат да намирисаат лажго на километар. Тие се разбира имаат и шесто сетило и знаат кога некој се чувствува нервозно, исплашено, изолирано…rn

    12. Скорпиите можат да бидат интензивни

    rnОвој интензитет е повеќе за работите што ги сакаат наместо за нивниот карактер. На пример, неретко Скорпиите сакаат темно кафе, зачинета храна, адреналин… Тие уживаат во жестокоста на животот. Друго нешто интензивно кај Скорпиите се нивните мисли и емоции кои не ги покажуваат пред сите. Тие го кријат својот интензитет бидејќи знаат дека многумина нема да можат да се справат со него.rn

    13. Не се секогаш љубоморни

    rnМоже да се чувствуваат заштитнички или несигурно, но не се секогаш љубоморни. Тие го ценат она што го имаат и немаат. Веруваат дека сè се случува со некоја причина. Ако нешто добро се случи некому, тие се првите кои ќе прослават.rn

    14. Скорпиите се искрени

    rnСкорпиите мразат лаги и не се најдобри во лажењето. Понекогаш можат да бидат и брутални со својата искреност. Исто така, за нивната искреност бараат искреност. Поради ова можат да бидат премногу критички настроени или премногу сериозни.rnrnПрочитајте и зошто треба да се вљубите во жена Скорпија.

  • Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

    Како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?

    Љубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да го разбирате и она што нема да го каже, бидејќи Скорпиите откриваат многу работи преку нивните дела, а не преку нивните зборови. Мора да препознаете кога им е непријатно и покрај тоа што не го кажуваат тоа отворено. Треба да забележувате како се менува нивното лице кога нешто ќе ги вознемири. Треба да разберете дека понекогаш не сакаат да разговараат, бидејќи им треба време да го процесираат она што се случило, а тоа сакаат да го прават сами.rnrnКако треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека не смеете да ги сфаќате работите премногу лично. Треба да им дозволите на Скорпиите да заминат кога сакаат да бидат сами, бидејќи тие повторно ќе се вратат. Мора да ги почитувате нивните желби кога ќе ви кажат дека им треба простор. Тие понекогаш се однесуваат и како интроверти и како екстроверти. По лудата забава им треба да поминат време сами за да си ги наполнат батериите. Ќе им се восхитувате поради тоа што знаат како да се забавуваат, но она што сите останати го гледаат и она што вие го знаете за нив се 2 различни страни од истата паричка.rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека не смеете да бидете зависни од неа, бидејќи Скорпиите не поднесуваат напорни луѓе. Не сакаат да се чувствуваат како врзани на синџир или затворени во кафез. Им треба слобода за да растат. Треба да верувате во нивните чувства, и покрај тоа што некогаш не знаат како да ви кажат колку многу им значите. Треба да разберете дека тие никогаш нема да бидат „лигави“ и претерано романтични. Наместо тоа, ќе ве исмеваат со нивниот сарказам и ќе се обидуваат да ги насмеат луѓето. Но, исто така, ќе сакаат да водат сериозни разговори за животот во 2 часот наутро кога ќе се почувствуваат збунето.rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете искрени со неа, бидејќи и Скорпиите ќе бидат искрени со вас, дури и тогаш кога вистината боли. Треба да знаете дека тие ќе ви бидат лојални, а истото ќе го очекуваат и од вас. Треба да разберете дека ако некој им станал непријател, тој човек најверојатно направил нешто непростливо, бидејќи Скорпиите не одат до екстреми само затоа што тоа им е забавно. Мора да им верувате дури и да не ви ја кажуваат целата приказна.rnrnКако треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија?rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да ја цените нејзината добра проценка и да бегате од луѓето кои ѝ предизвикуваат негативни емоции. И покрај тоа што Скорпиите не можат да ги оправдаат нивните заклучоци, тие најчесто се во право за луѓето.rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете трпеливи со неа. Скорпиите се многу затворени и заштитнички настроени. Тие имаат навистина добро срце, но им треба време за да ви го покажат тоа. Им треба време за да сфатат дали ја заслужувате нивната љубов.rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да бидете способни да живеете со притисокот што Скорпиите самите си го наметнуваат и можат да го донесат во врската. Тие се многу строги кон себеси и не си простуваат кога ќе згрешат. Се стремат да бидат најдобри и се чувствуваат лошо кога ќе потфрлат. Можеби ќе си помислите дека и од вас ќе го очекуваат истото совршенство, но не е така. Тие само ќе го ценат тоа што сте тука за нив кога нештата ќе тргнат наопаку. Треба да седите со нив во тишина и да ви биде пријатно. Тишината не им создава непријатност, напротив, понекогаш им треба само друштво.rnrnЉубовта кон Скорпијата подразбира дека мора да го цените фактот што Скорпиите се чувствителни, дури и да не го покажуваат тоа однадвор. Треба да знаете дека тие љубат најсилно, ако им докажете дека ја заслужувате нивната љубов. Треба да знаете дека кога ќе се вљубите во Скорпија, таа љубов ќе ви го смени животот и очекувањата за сите останати.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме Скорпиите.

  • 11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат животот

    11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат животот

    Скорпиите се многу комплицирани и мистериозни. Многу луѓе имаат лошо мислење за нив, бидејќи ги сметаат за одмаздољубиви и напорни. Сепак, Скорпиите повеќе си наштетуваат себеси отколку на другите. Тие имаат навистина тежок карактер и поради тоа честопати несвесно си го уништуваат животот. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…rnrn11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат живототrn

    1. Премногу строго се осудуваат

    rnСкорпиите се многу строги критичари. Тоа им носи голем успех, но и голем притисок. Нивната потреба да успеат е толку силна што забораваат на вистинските вредности во животот. Понекогаш, толку многу се фокусираат на крајната дестинација што забораваат да уживаат во патувањето.rn

    2. Не им простуваат на луѓето

    rnСкорпиите се многу лојални и мислат дека сите треба да бидат како нив. Но, никој не е совршен. Припадниците на овој хороскопски знак премногу долго држат лутина и не им простуваат на луѓето дури ни кога искрено ќе им се извинат. Добро е да се биде внимателен, но Скорпиите понекогаш претеруваат.rn

    3. Се плашат од љубовта и ги оттурнуваат луѓето од себе

    rnСкорпиите љубат многу силно, што значи дека нивното срце е многу ранливо. Тие биле повредени многу пати, а болката ги менува луѓето. Тие изградиле ѕид околу нивното срце и не дозволуваат никој да му се приближи. Разбирливо е тоа што се плашат да не бидат повторно повредени, но Скорпиите мора да сфатат дека љубовта на некои луѓе има исцелувачки способности.rn

    4. Живеат во минатото

    rnСкорпиите најчесто живеат во минатото и се плашат од иднината. Тоа ги спречува да уживаат во моментот и да бидат среќни. Постојано се присетуваат на спомените од минатото кои им создаваат чувство на празнина и вина. Скорпиите мора да научат како да се ослободат од негативните сеќавања без да чувствуваат грижа на совест.rn

    5. Не ѝ веруваат на својата интуиција

    rnСкорпиите се многу интуитивни и би требало повеќе да си веруваат себеси. Но, како и сите останати, тие постојано се сомневаат. Проблемот настанува кога ќе побараат совет од толку многу луѓе што на крајот ќе заборават која била нивната првична желба и потреба. Скорпиите треба да го слушаат нивниот внатрешен глас наместо да го замолчуваат.rn

    6. Ги кријат своите емоции

    rnСкорпиите се плашат од нивната интензивна чувствителност. Тие се плашат да ја покажат нивната ранливост. Се плашат дека луѓето ќе ги отфрлат доколку ги запознаат вистински. Наместо да ја покажат нивната грижа, Скорпиите се затвораат и оставаат впечаток на тешки и строги луѓе.rnrn11 начини на кои Скорпиите несвесно си го уништуваат живототrn

    7. Премногу се исцрпуваат

    rnСкорпиите не сакаат да им кажуваат „Не“ на луѓето и да ги разочаруваат. Постојано се зафатени и никогаш не се одмораат. Но, понекогаш потребно им е да поминуваат време сами. Скорпиите треба да запомнат дека смеат да кажуваат „Не“ понекогаш.rn

    8. Имаат преголем натпреварувачки дух

    rnСкорпиите сакаат да бидат најдобри. Тоа не е така затоа што се егоистични, туку затоа што сакаат да го дадат својот максимум. За многумина тоа делува арогантно. Припадниците на овој знак треба да сфатат дека нормално е да изгубат понекогаш. Во ред е да постои некој подобар од нив. Нивниот стремеж кон совршенството е за восхит, но не треба да се уништуваат со нереалистичните очекувања.rn

    9. Немаат доверба во луѓето

    rnСкорпиите мислат дека не можат никому да веруваат. Само тие знаат како да постапат правилно. Но, доколку почнат да им веруваат на луѓето, постојат големи шанси дека ќе се изненадат. Скорпиите сакаат да го контролираат својот живот, но треба да попуштат понекогаш.rn

    10. Премногу се директни

    rnСкорпиите имаат најдобри намери, но не знаат како да бидат искрени без да повредат нечии чувства. Вистината боли, но за Скорпиите тоа не е важно и тие нема да се воздржуваат. Луѓето кои сакаат да добијат искрено мислење или совет, им се обраќаат на Скорпиите. Меѓутоа, припадниците на овој знак мора да научат дека не мора секогаш да го кажуваат своето мислење. Понекогаш треба да им дозволат на луѓето да згрешат.rn

    11. Не се сакаат себеси доволно

    rnСкорпиите работат многу напорно, но никогаш не се задоволни. Постојано се фокусираат на следната задача, наместо да уживаат во успехот. Премногу се концентрираат на нивните недостатоци и на грешките што ги направиле. Кога би можеле да се видат низ очите на другите луѓе, би сфатиле колку се прекрасни. Скорпиите заслужуваат да се видат во тоа светло!rnrnСкорпиите се навистина комплицирани, а доказ за тоа се и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме.

  • Хороскопскиот знак со мрачни емоции, непресушна енергија и стотици тајни

    Хороскопскиот знак со мрачни емоции, непресушна енергија и стотици тајни

    Луѓето родени во овој знак хипнотизираат со нивниот поглед, а нивната енергија ќе ја почувствувате дури и кога изгледаат целосно незаинтересирано. Со нивната појава, овие луѓе оддаваат нешто од другиот, нематеријален свет кој не можеме да го допреме.rnrnХороскопскиот знак со мрачни емоции, непресушна енергија и стотици тајниrnrnСтанува збор за Скорпија. Куќата на осмиот знак од зодијакот е Марс. Како и секој знак, и овој е поделен на 3 декади. Првиот му припаѓа на Марс, вториот на сонцето, а третиот на Венера. Природата на овој знак е ладна и влажна, водена и флегматична. Скорпијата е женски, мрачен и ноќен знак. Му припаѓаат грабливците, водните животни, реките и дрвјата со умерена висина. Може да има многу деца, може да биде и развратен. Склон е кон гнев, по малку лаже, многу е внимателен, со убаво лице и многу е дарежлив.rnrnСкорпијата владее со осмата куќа која се однесува на смртта, загубата, но и на наследството. Воедно ова е и окултна куќа. Елементот на Скорпијата е вода, а ова ја прави емотивна. Марс од друга страна ја прави страсна, динамична и подготвена за акција. Скорпијата е интуитивна исто како и Ракот и Рибите, па секогаш го наоѓа длабокото значење кое се крие под површината.rn

    Изглед

    rnСкорпиите се навистина привлечни, но не на оној класичен, сладок начин како Вагите. Тие имаат мистерија која постојано ја носат со себе. Тие хипнотизираат со својот поглед и ќе ја чувствувате нивната енергија дури и кога изгледаат незаинтересирано и отсутно.rn

    Карактер

    rnПриродата на карактерот на Скорпиите е полна со противречности. Тие се извор на неизмерна страст и чувства. Иако тие се детективи кои постојано душкаат наоколу, имаат повеќе тајни од кој било друг. Нивната најизразена особина е воздржаноста, а токму ова ги прави таинствени. Никогаш не дозволуваат некој да навлезе во нивните најинтимни и најскриени делови, а умешно ги кријат и своите слаби точки. Она што често им дава предност на Скорпиите е нивната силна интуиција која им помага да разликуваат вистина од лага и добро од зло.rnrnСкорпиите се борци кои секогаш се борат сами. Нив им е поважно што тие мислат за себе и за своите дела, отколку мислењето на луѓето околу нив. Ако процени дека живее меѓу површни луѓе, Скорпијата има моќ да се оддели и да живее сама. Ако никој не сака да ја следи, сама ќе тргне да ја открива тајната на смислата на животот и светот. Понекогаш може да изгледа и малку отсутно, бидејќи дури и кога забележува сè, чувствува дека овој свет не е крајот.rnrnСветот на Скорпиите можат да го разберат само другите водни знаци, Раковите и Рибите. Тие се присебни и ладнокрвни дури и во најризичните ситуации бидејќи не им е страв. Кога сакаат да остварат некоја цел, одат до самиот крај, до границите кои им се недостапни на другите и тоа без многу размислување за последиците. Поради ова често изгледаат безобѕирно. Скорпијата која се движи не можете да ја сопрете, можете само да ја следите. Таа никогаш не застанува на пола пат. Под навидум мирниот изглед, се крие вистински вулкан. Ако не е правилно насочена, оваа силна енергија може да стане деструктивна. Опседнатоста со смртта потекнува од нивните чудни соништа. Само Раковите имаат исти вакви морбидни соништа како Скорпиите.rnrnНе треба да влегувате во конфликт со Скорпија бидејќи тие се најлошите непријатели. Тие се интелигентни, многу храбри, но и одмаздољубиви. Долго ги помнат навредите, а нивната интуиција ќе им помогне веднаш да ја пронајдат вашата слаба точка.rnrnСкорпиите не се заинтересирани за наклонетост, не ласкаат и не го очекуваат тоа од другите, бидејќи се свесни за својата вредност. Не делат совети, но ако ги прашате за мислење слушајте внимателно бидејќи секогаш ја кажуваат вистината.rnrnПонекогаш може да излажат само за да повредат некого и може да се однесуваат како шпиони. Го разбираат и она што не е кажано. Ако имаат иста идеја со некој, без размислување ја нудат својата огромна моќ. Тие се навистина амбициозни и ако сакаат можат да бидат многу добри работници. Нивната издржливост не им дозволува да напуштат нешто пред да го направат совршено.rn

    Љубов

    rnБидејќи се страсни и посесивни, Скорпиите често се доминантни во врската. Врската со нив подразбира екстреми од секаков вид, од емоции и духовно издигнување, до мрак и уништување. Најтешко е да се живее со претставниците на овој знак. Тие се перфекционисти, а посесивноста води до садизам и најчесто ги малтретираат оние што најмногу ги сакаат.rnrnРечиси никогаш не ги покажуваат вистинските чувства поради големата самоконтрола, па никогаш нема да знаете на што сте. Нема да ви ги откријат нивните тајни, но ќе направат сè за да ги дознаат туѓите. Не делат комплименти за да заведат некого. Ако ги напуштите, ќе изгледаат мирно и ќе ве тераат да се прашувате дали воопшто ве сакале. Ако ве сакале, едноставно ќе ве отстранат од животот и ќе ве заборават.rnrnКога ќе се вљубат, тие освојуваат по секоја цена. Но без разлика колку се вљубени, не изјавуваат љубов и не идеализираат бидејќи знаат кој колку вреди. Не очекувајте љубовта да ги „полуди“ бидејќи не се толку романтични и нежни. Ако ја пронајдат вистинската љубов, Скорпиите ќе направат сè за неа. Ќе ја штитат на секој начин и ќе ја сакаат незаборавно и доживотно. Немојте да се изненадите ако запознаете Скорпија која ја изгубила вистинската љубов, но сепак ѝ останала верна, исклучувајќи ја секоја можност повторно да љуби.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте апсолутна Скорпија во хороскоп.

  • Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!

    Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!

    Жените родени во овој знак ја обожаваат својата слобода. Тие се храбри и силни. Секогаш го прават она што сметаат дека е правилно и никогаш не им веруваат слепо на другите луѓе. Тие на прв поглед делуваат опасно и строго, но откако ќе ги запознаете подобро, ќе сфатите дека се работи за жени кои вреди да ги имате покрај себе. Станува збор за жените Скорпии!rnrnСамостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!rnrnЖените Скорпии се многу лојални и стабилни. Верноста им е многу важна во животот и тоа е особината што најмногу ја ценат кај другите луѓе. Секогаш можете да ѝ верувате на жената родена во овој знак. Таа никогаш нема да ви даде лажни ветувања. Жените Скорпии се многу самостојни и не им треба никој да ги чува и заштитува.rnrnПрипадничките на овој знак многу добро знаат што сакаат во животот. Тие се амбициозни, а кога ќе си постават некоја цел, храбро и одлучно се стремат кон неа, без да се откажат толку лесно. Жените Скорпии секогаш донесуваат мудри одлуки. Тие се свесни дека ги поседуваат способностите што можат да ги однесат таму каде што сакаат да бидат, па затоа никој не може да ги поколеба.rnrnНишто не може да им побегне на жените Скорпии, бидејќи се многу остроумни и ги забележуваат и најситните детали кои потоа ги поврзуваат и ја градат големата слика. Многу добро ги проценуваат луѓето и ситуациите, така што нема смисла да се обидувате да ги измамите или да се претставувате лажно пред нив. Слободно може да се каже дека жените родени во овој знак имаат силни интуитивни способности.rnrnЖената Скорпија е полна со страст за сите работи што ги прави. Кога ќе се вљуби во некого, таа ќе даде сѐ од себе за да го направи саканиот среќен. Но, доколку некој им згреши нешто, веднаш ќе почувствува на своја кожа зошто не е паметно да си поигрува со Скорпиите.rnrnСкорпијата е дефинитивно најстрасниот знак во Зодијакот, без разлика дали се работи за маж или жена. Припадниците на овој знак се неверојатно добри љубовници кои имаат вроден сексуален инстинкт. Скорпиите обожаваат див секс во необични пози и на чудни места, бидејќи ги возбудува сѐ што е ново и непознато.rnrnЖените Скорпии ја обожаваат секси долната облека и секогаш „паѓаат“ на момци кои се обвиени со доза на мистерија. Тие сакаат да откриваат и освојуваат, па затоа не ги интересираат оние кои се „нудат себеси на тацна“.rnrnКога ќе го пронајдат идеалниот партнер, тие се вљубуваат длабоко и искрено. Сакаат да им угодуваат на саканите, особено во кревет. Сексот е многу важен дел од животот на Скорпиите. Нивната посветеност гарантира незаборавни моменти преполни со страст и задоволство.rnrnДоколку сакате да дознаете нешто повеќе за Скорпиите, прочитајте зошто вреди да се напише книга за жената родена во овој знак.

  • Видео хороскоп: Скорпијата во кратки црти

    Видео хороскоп: Скорпијата во кратки црти

    Мистериозни, шармантни, таинствени и интелигентни, припадниците на овој знак честопати знаат вешто да се сокријат зад маската на шегобијци, иако знаат да бидат доста сериозни кога станува збор за успехот и остварувањето на целите. А кога станува збор за љубовта, нема златна средина за екстремните Скорпиите. Вие или целосно ќе им се предадете или треба да се тргнете од нивниот пат. Погледнете го ова видео кое во целост ги опишува Скорпиите, за да можете подобро да ги разберете…rnrnhttps://youtu.be/Nw5oogKzzXY

  • Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак

    Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак

    Тој или мрази или сака, или е опсесивно заинтересиран или потполно игнорира. За него важи правилото „Или сѐ или ништо“. Шекспировиот Хамлет рекол „Да се биде или не“ и тој сигурно бил Скорпија во хороскоп, бидејќи сите Скорпии секојдневно ја преживуваат својата верзија на Хамлет. Нивниот живот е исполнет со драми, трагични елементи и секоја нивна одлука има две спротивставени можни последици: Сѐ или ништо.rnrnИли сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знакrnrnСкорпијата е воден знак кој владее со средината на есента. Скорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Со него владеат планетите Марс и Плутон. Иако со Скорпиите се поврзуваат некои негативни поими како што се смрт, страв, уништување, пропаѓање и крај, тие сепак се претставници на преродбата, односно смрт на старото и почеток на новото. Скорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.rnrnСкорпијата е екстремен хороскопски знак во секоја смисла на зборот. Многумина се прашуваат дали воопшто им требаат Скорпиите во нивна близина. И покрај нивните негативни страни, припадниците на овој хороскопски знак се многу лојални. Тие никогаш нема да ви забијат нож во грб и никогаш нема да ве остават на цедило. Тие секогаш ќе ви помагаат да се извлечете од кризните ситуации. Кога станува збор за меѓучовечките односи, за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите.rnrnБидете внимателни, бидејќи Скорпиите се големи злопамтила. Ако се скарате поради нешто, тие ќе ги запалат сите мостови и ќе прекинат секаков вид комуникација. Ќе ви треба многу време да ја поправите грешка, дури и да станува збор за нешто банално и несериозно. Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Скорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.rnrnСе верува дека Скорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се како нуклеарни реактори: Тие содржат голема количина на енергија и стабилни се под притисок, но до одредени граници. Ако го преминете нивниот праг на толеранција, бегајте што е можно подалеку, бидејќи ве очекува вистинска нуклеарна експлозија. Покрај тоа, тие се неверојатно сензуални и привлечни, па затоа ќе можат да ве заведат и уништат истовремено. Нивната енергија, волја и примарен инстинкт доминираат со нивните емоции и интелигенција.rnrnШто се однесува до материјалните работи, Скорпиите сакаат да имаат многу пари. Тие најчесто управуваат со туѓите финансии и стануваат банкари. Во зависност од нивната финансиска ситуација, Скорпиите ќе се однесуваат или како просјаци или како милионери.rnrnСпоред астромедицината, најважните органи на Скорпијата се уринарниот тракт, репродуктивните органи, ендокрините жлезди и носната коска. Нивни заштитни бои се црна, бордо и кафеава. Скорпиите исто така се одлични во областа на психијатријата, продирањето во несвесното, окултните науки, јогата и слично.rnrnСкорпиите од прва декада владеат со отровите и стануваат хемичари, фармацевти, патолози, анестезиолози и гробари.rnrnСкорпиите од втора декада ја претставуваат тајната служба и стануваат истражувачи на теории на заговори, контролори на летови, контролори на финансии и слично.rnrnСкорпиите од трета декада се лојални луѓе кои стануваат доктори, психијатри, гинеколози и управители на фирми.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека Скорпиите или ќе ги мразите или ќе ги сакате, но едно е сигурно, а тоа е дека нема да можете да им останете рамнодушни.rnrnВо продолжение, дознајте кој хороскопски знак е неодоливо привлечен.

  • Кои се најголемите желби на машките и женските Скорпии?

    Кои се најголемите желби на машките и женските Скорпии?

    Скорпиите се моќни и необични. Жените родени во овој знак се дружељубиви, но мистериозни. Тие се силни, но чувствителни и понекогаш плашливи. Машките Скорпии, пак, се подмолни и знаат како да го добијат тоа што го сакаат. Секогаш се во центарот на вниманието, дури и да не постои посебна причина за тоа. Припадниците на овој знак кои се доволно искусни и зрели ќе ги надминат сите потешкотии и ќе постигнат огромен успех. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за овој интересен хороскопски знак, прочитајте кои се најголемите желби на Скорпиите…rnrnКои се најголемите желби на машките и женските Скорпии?rn

    НАЈГОЛЕМИТЕ ЖЕЛБИ НА ЖЕНСКИТЕ СКОРПИИ

    rn

    1. Да имаат слобода на изразување и слободен ум

    rnЖенските Скорпии се многу драматични и енергични, па затоа им треба некаков издувен вентил за да се опуштат и смират. Најчесто почнуваат да одат на часови по танц, глума, сликање или пеење за да се ослободат од вишокот енергија и да ја изразат својата креативност. Им треба бегство од реалноста каде што ќе можат да си го прочистат умот и да го наполнат со позитивни мисли. На жените Скорпии им треба слобода!rn

    2. Да привлекуваат многу внимание

    rnЖенските Скорпии сакаат да бидат посебни. Тие сакаат да бидат познати во јавноста, бидејќи нивната страст и енергија се безгранични. Добиеното внимание им причинува задоволство и ги охрабрува да продолжат со личниот развој на психичко и емоционално ниво. Вниманието им ја претвора енергијата во нешто волшебно и им помага да ги достигнат ѕвездите. Многу им значи кога некој ги цени поради нивната уникатност и исполнетост.rn

    3. Да најдат смисла во животот

    rnЖенските Скорпии сакаат да ја користат нивната енергија за позитивни и значајни цели. Тие се многу чувствителни, интуитивни, будни, свесни и полни со разбирање. Благодарение на овие квалитети, тие можат да им помагаат на луѓето и да ја најдат смислата на своето постоење. Откако ќе успеат да ја пронајдат, припадничките на овој знак ќе можат да живеат мирно и спокојно.rnrnКои се најголемите желби на машките и женските Скорпии?rn

    НАЈГОЛЕМИТЕ ЖЕЛБИ НА МАШКИТЕ СКОРПИИ

    rn

    1. Да бидат задоволни од себе и од животот

    rnБез разлика дали станува збор за кариерата, љубовниот живот или училишниот успех, машките Скорпии се најсреќни кога го прават тоа што го сакаат. Тие сакаат да бидат постојано зафатени. Припадниците на овој знак имаат контрола врз својот живот и созреваат во луѓе кои се мудри, моќни и навистина задоволни.rn

    2. Да најдат жена која секогаш ќе биде тука за нив и ќе им дава поддршка

    rnМашките Скорпии очајно посакуваат да изградат врска која ќе им даде мир и ќе им го направи животот посреќен и поуспешен. Откако ќе ја најдат вистинската девојка за нив, тие се подготвени да сторат сѐ за да ја задржат. На мажите родени во овој знак животот им станува 100 пати подобар кога ќе се поврзат со некого на духовно и интелектуално ниво.rn

    3. Да имаат издувен вентил за нивните емоции и демони

    rnМажите Скорпии се мистериозни и страсни. Тие не се согласуваат со сите луѓе, па затоа потребно им е да одвојат време за себе еднаш или повеќе пати неделно за да можат да се фокусираат на своите мисли и да се опуштат. Најдобро би било да почнат да се занимаваат со некакво хоби што ќе го поттикне нивниот духовен развој и ќе им помогне да бидат среќни.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутна Скорпија во хороскоп.

  • Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

    Предизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!

    Ја нарекуваат „опасна“ и страсна. Некои дури и се плашат од неа, па велат дека уништува сѐ што ќе допре. Но, реалноста е многу поинаква. Еднаш кога ќе ја запознаете, нема да можете да престанете да ѝ се восхитувате на жената родена во овој знак.rnrnПредизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!rnrnСтанува збор за единствената Скорпија! Ова е месецот на Скорпиите, така што вреди да им се посвети посебно внимание. Во продолжение, дознајте кои се најсилните страни на жената Скорпија…rn

    Лојалност

    rnОва е една од клучните особини на жените родени во знакот Скорпија. Без разлика дали се работи за нивните пријатели или за партнерот, тие многу добро знаат колку е важна лојалноста за опстанокот на врската. Слободно можете слепо да им верувате на Скорпиите. Тие не веруваат во лажни ветувања и лојални се до самиот крај!rn

    Независност

    rnНа жените родени во овој знак не им треба човек кој постојано ќе се грижи за нив и ќе ги чува. Можеби ви делуваат мали и тивки како глувчиња, но тие се всушност силни и храбри како лавици. Токму поради тие карактеристики, Скорпиите можат да се грижат сами за себе. Тие ја обожуваат својата слобода и мразат кога некој им кажува што да прават. Припадничките на овој знак ги прават работите што сметаат дека се правилни и никогаш не ги слушаат другите.rn

    Остроумна моќ за набљудување

    rnЖените родени во овој знак се остроумни набљудувачи. Тие секогаш ги разгледуваат најситните детали кога станува збор за некој проблем или личност и никогаш ништо не може да им побегне. Скорпиите ги воочуваат работите кои другите луѓе не можат да ги видат. Благодарение на таквите способности, овие жени многу добро знаат да ги проценуваат работите и ситуациите.rn

    Одлучност и непоколебливост

    rnЖените родени во знакот Скорпија се одлучни, некршливи и непоколебливи. Тие многу добро знаат што сакаат и секогаш работат на остварувањето на нивните цели. Сѐ друго оставаат на страна, додека не го остварат она што го „зацртале“. Ништо не може да им застане на патот!rnrnПредизвикува и страв и восхит: Вреди да се напише книга за жената родена во овој знак!rn

    Неспоредлива страст

    rnВреди да се напише книга за страста на жената Скорпија. Кога припадничките на овој знак љубат, подготвени се да сторат сѐ за да ги направат саканите среќни и задоволни. Од друга страна, пак, кога не сакаат некого, можат да направат сѐ за да му го загорчат животот. Тие секогаш одат до екстремни граници. Без разлика дали станува збор за образование, кариера или хоби, Скорпиите дејствуваат со огромна страст и жар.rn

    Амбициозност

    rnТие секогаш „коваат“ планови за да ги достигнат највисоките ѕвезди. Тоа не значи дека не стојат цврсто на земја, туку дека се многу амбициозни и дека веруваат во своите соништа. Скорпиите се сосема свесни дека ги поседуваат вештините што им се потребни за го добијат она што го сакаат.rn

    Интуитивна моќ

    rnКој не би сакал да има моќна интуиција? Меѓутоа, ретки се луѓето што ја поседуваат оваа дарба. Скорпиите се природно благословени со оваа корисна особина. Нивните емоции се длабоки и имаат големо разбирање за другите луѓе. Тие се експерти кога станува збор за „предвидување“ идни настани. Како резултат на тоа, никогаш нема да можете да ги фатите жените Скорпии неподготвени.rn

    Мудро донесување одлуки

    rnСите знаеме колку е важно да се донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Меѓутоа, честопати заглавуваме во мрежата на проблемите што се јавуваат како последица од донесувањето избрзани или глупави одлуки. Тука Скорпиите се издвојуваат од останатите. Тие се познати по нивната моќ за мудро одлучување. Жените родени во овој знак внимателно ги набљудуваат и анализираат сите ситуации пред да го направат првиот чекор. Благодарение на тоа, повеќето нивни одлуки се вредни за пофалба.rn

    Мистериозна и интересна природа

    rnНема да можете да ги прочитате жените Скорпии како отворени книги, без разлика колку се трудите. Дури и да ги познавате многу долго време, секогаш ќе дознавате по нешто ново за нивниот карактер. Скорпиите се многу мистериозни, што ги прави уште поинтересни и повозбудливи.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 причини зошто (не) ги сакаме Скорпиите.