Родени сте наесен, но во постудениот период, помеѓу 23 октомври и 21 ноември? Ова се 10 работи во кои апсолутно ќе се пронајдете.rnrn
rn
1. Единствениот збор со кој луѓето најчесто ве опишуваат е „енергични“
rnПонекогаш може да ви кажат и дека сте напнати, но тоа е само вашата интензивна природа, вашиот жив, енергичен и возбудлив карактер.rn
2. Никој не е подобар од вас во брзо спуштање ладен туш врз некого
rnСкорпиите имаат боцка која повремено ја користат за да се одбранат себеси, но некогаш веројатно не знаете колку ве бива да ги навредувате другите.rn
3. Имате силен природен магнетизам
rnМногу луѓе се привлечени од интензитетот, мистеријата и страсниот шарм на Скорпијата. Едноставно возбудливо е да му се допаѓате некому.rn
4. Но исто така знаете да бидете таинствени и себезаштитени
rnСкорпиите многу често имаат чувство дека нивниот од интензивен темперамент им доаѓа премногу на луѓето па се обидуваат да компензираат така што подигнуваат ѕидови пред себе. Можете да станете многу повлечени.rn
5. Вие сте многу самостојни
rnСкорпиите бестрашно си го штитат своето сопствено време кое сакаат да си го посветат на себе и се веројатно единствениот знак кој толку ја сака и поднесува самотијата.rn
6. Често имате тенденција да бидете љубоморни, па дури и малку територијални
rnСкорпиите лесно им стануваат љубоморни на нивните романтични партнери, а понекогаш и на пријателите – мора да бидете внимателни да не дозволите оваа склоност да премине во посесивност.rn
7. Но и обратно, никој не им е толку верен на саканите како вие
rnСкорпиите се поставуваат многу заштитнички кон луѓето кои ги сакаат, често одејќи дури до крајни граници, на пример во состојба се да им се налутат на оние кои ги повредиле нивните блиски. Луѓето секогаш ве сакаат на своја страна.rn
8. Имате остра, но прецизна смисла за хумор
rnБез разлика дали се работи за еден вид одбранбен механизам или не, вие умеете да ги забележите разните специфичности и апсурдности во сè околу вас и паметно да ги потенцирате среде муабет.rn
9. Многу сте мотивирани и амбициозни
rnСкорпиите сакаат да прават значајни промени, и ако наумат нешто такво, тие и ќе успеат. Сакате да бидете на лидерски позиции и го сакате чувството на контрола.rn
10. Вие не сакате да победувате. Вие МОРА да победувате.
rnСкорпиите се невообичаено компетитивни – толку многу што би мамеле и манипулирале само за да победат во играта (или дури и за да „победат“ во некоја ситуација).