КАФЕ ПАУЗА

По што е позната Куба?

По што е позната Куба

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по многу други работи. Подолу, дознајте зошто вреди да се посети Куба.rn

Че Гевара (Che Guevara)

rnКога ќе се спомене Куба, прво нешто на што помислуваме е легендарниот револуционер Че Гевара. Тој бил интелектуалец, герила водач, дипломат и воен теоретичар. Според магазинот „Time“, Че Гевара е прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе.rnrnПо што е позната Кубаrn

Прекрасните сини песочни плажи

rnКуба со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.rnrnПо што е позната Кубаrn

Кубанските цигари

rnНајдобрите цигари се произведуваат во Куба. Затоа, не е ни чудно што Куба е една од нациите која најмногу пуши цигари. Кубанските цигари содржат минимум никотин и се изработени од хартија од ориз. При нивното создавање мора да се помине преку долг процес на прочистување.rnrnПо што е позната Кубаrn

Популарните олдтајмери

rnВо Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка ù забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.rnrnПо што е позната Кубаrn

Кубанската музика

rnКубанската музика како микс од шпанско и африканско потекло, е една од најпопуларните во светот. Во стилот на латино музиката, во Куба можете да заиграте во ритмите на конга, румба, салса, мамбо и ча-ча-ча.rnrnПо што е позната Кубаrn

Нуклеарната криза во 1962

rnЗа време на студената војна помеѓу САД и СССР постојано доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна. Еден од тие конфликти бил и Кубанската криза со нуклеарни проектили во 1962 година. Таа криза претставувала најблизок чекор до Трета светска војна. Но, благодарение на американскиот претседател Џон Кенеди и рускиот премиер Никита Крушчев, кризата беше надмината.rnrnПо што е позната Кубаrn

Хавана

rnГлавниот град на Куба, Хавана, може да ве маѓепса со својата архитектура која датира од 16-тиот и 17-тиот век. Хавана е заштитен град на УНЕСКО од 1982 година.rnrnПо што е позната Кубаrn

Мекдоналдс не постои

rnЗаради американското ембарго, во Куба нема да можете да најдете американски синџири на брза храна. Но, затоа Кубанците го имаат „El Rápido“, најпопуларното место за брза храна.rnrnПо што е позната Кубаrn

Нема реклами

rnНа кубанските ТВ канали се рекламира само владата, со нејзините пропагандни програми.rnrnПо што е позната Кубаrn

Ограничен пристап и цензура на интернетот

rnИнтернетот во Куба е строго ограничен. Жителите можат да го користат претежно од јавни места, по скапи тарифи, со слаби брзини и ограничено, само за пристап до имејл, Кубанската енциклопедија и до некои сајтови кои ја поддржуваат власта. Пристап до глобалниот интернет имаат само туристите и владините службеници, но и тој подлежи на цензура.rnrnПо што е позната Кубаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.