Астрологијата може да ви даде многу информации за тоа какви типови жени го привлекуваат вашиот идеален маж и со какви жени најобично завршува во брак. Искористете ја таа информација во ваша корист.rnrn
rn
Овен
rnМажот во знакот Овен сака независна и силна жена, која не се плаши да каже што мисли и способна е да го совлада секој предизвик. Успехот и способноста се афродизијак за него.rn
Бик
rnЖените кои се грижливи, полни со поддршка, забавни и женствени со сигурност ќе го привлечат вниманието на мажот во знак Бик. Ако некоја дама малу го затресе, а и понатаму е женствена, нема да може да ѝ одолее.rn
Близнаци
rnМажите Близнаци со сигурност ќе „паднат“ на жената која е интелигентна, креативна и забавна. Кога еднаш ќе успее да му го привлече вниманието и ќе продолжи да го изненадува и фасцинира, ќе стане неодолива за него.rn
Рак
rnМажите во знакот Рак сакаат жена која е невина и слатка, а потполно посветена на него. „Дамата во неволја“ на која би ѝ помогнал и би ја заштитил со сигурност ќе го освои неговото срце.rnrn
rn
Лав
rnСамоуверени, отворени и продорни жени се оние кои ги привлекуваат мажите во знакот Лав. Нивната дама мора секогаш да биде во најдоброто издание, со совршена шминка, затегнато тело и занесна коса. Меѓутоа, не е доволно таа само да биде убава – мора да биде и паметна, духовита и остварена.rn
Девица
rnМажите во знакот Девица секогаш ќе „паднат“ на девојката од соседството. Нивната идеална партнерка е убава, но не е свесна за тоа и многу е интелигентна. Покрај тоа, таа би требало да биде чувствителна, да размислува логично и да биде толерантна. Никако не им би се допаднала некоја која сака јавно да ги искажува чувствата или да е претерано чувствителна.rn
Вага
rnОвие мажи веруваат во идеални врски, па секогаш ја бараат својата идеална партнерка. Кога ќе ја пронајдат, ќе направат сè што е во нивна моќ за таа врска са успее. Единствен проблем е тоа што тешко пронаоѓаат партнерка со која ќе можат да се поврзат емотивно и интелектуално. Им се допаѓаат жени кои се атрактивни, духовити, полни со самодоверба, посветени и интелигентни.rn
Скорпија
rnМажите во знакот Скорпија секогаш сакаат да бидат најдобри и да имаат сè најдобро, па се подразбира дека секогаш ќе бараат и најдобра партнерка. Тие ќе се заинтересираат за жена која е паметна, секси, со авантуристички дух, страсна, независна и да сака физичка активност.rnrn
rn
Стрелец
rnСтрелецот сака жена што е возбудлива, полна со енергија и непредвидлива. Таа ќе го натера да се замисли и ќе ја набљудува како предизвик, што со сигурност ќе го привлече.rn
Јарец
rnПотребно е многу за мажот во знакот Јарец да се препушти и заљуби, но кога ќе ја запознае вистинската жена, му нема спас. Тие сакаат жена која е самоуверена, но да не е напорна, секси, но да не е промискуитетна, нежна, но да не е претерано емотивна, и да има свој живот, кариера, хоби, интереси и соништа.rn
Водолија
rnМажите во знакот Водолија ќе се заљубат во дама која во целост е независна и го прави она што го сака. Да не се грижи што другите мислат и секогаш да се држи до својот фазон. Тоа е баш она што ќе ги излуди мажите во овој знак.rn
Риби
rnМажите во овој знак често се заљубуваат и одљубуваат, но целосно ќе ги освои дама која е нежна, великодушна, грижлива и толерантна. Секако, мора да биде и љубител на уметноста, да ги сака луѓето и животните и да има свест за околината и природата.rnrn
