КАФЕ ПАУЗА

Прекрасни фотографии од штотуку венчани хомосексуални парови

Денот на венчавката е еден од најубавите и најсреќни денови во животот на младенците. Тоа е денот кога тие решаваат да започнат заеднички живот, да се сакаат и почитуваат и да бидат среќни заедно. Славејќи ја љубовта пред сѐ останато, тој ден е денот кога некој нè прифаќа нас такви какви што сме и ние го прифаќаме тој некој со цело срце и душа. Без разлика кои сме и што сме за останатиот дел од светот, од тој ден еден за друг сме си сѐ со партнерот.rnrn(0)-prekrasni-fotografii-na-shtotuku-venchani-homoseksualni-parovi-kafepauza.mkrnrnМесец јуни во Соединетите Американски Држави е прогласен за месец на гордите хомосексуалци, бисексуалци и трансџендери. Иако ова е сѐ уште табу тема кај нас, сѐ што следниве фотографии покажуваат се лица на пресреќни и насмеани луѓе на денот на нивната венчавка кои делат бесконечна љубов еден за друг. Љубов која тие ја овековечиле со брак.rnrn