Според астрологијата, карактеристиките на бојата што ви одговара се совпаѓаат со карактеристиките на вашиот хороскопски знак, па погледнете како да го уредите домот или да додадете ново парче мебел во боја што ќе го отсликува вашиот карактер.rnrn
rn
Овен
rnЖивописната нијанса на црвена боја е бојата што вам ви одговара. Вие сте самоуверени и решителни и сте вистински претставник на огнените знаци. Црвената боја каква што имаат доматите и афионот и бојата на крв се исто толку енергични колку што сте и вие.rn
Бик
rnНежна и малку избледена варијанта на сина боја е иделна за вас. Опкружете се со детали во боја на сафир или кобалт. Естетиката и удобноста се важни за вас, па затоа не заборавајте во тие бои да набавите текстил, мирисливи свеќи или уметничка слика.rn
Близнаци
rnВам ви одговара жолта боја и тоа во сите варијации, од шампањ до сончоглед, бидејќи вие сте забавни и непредвидливи. Како хороскопски знак што ужива во пофини работи, за вас е идеално да внесете впечатлив акцент во вашиот простор за дополнително да ја разиграте атмосферата.rn
Рак
rnВашата нијанса е светла бела боја. Вашата фантазија е богата, така што белата боја е како празно платно што чека да биде насликано. Во вашиот дом додајте бела завеса или еден куп сјајни бели свеќи.rn
Лав
rnСите можат да погодат дека вам ви одговара светлопортокалова боја. Вие сте центарот на секоја забава, всушност забавата не ни започнува додека не пристигнете вие. Уредете го домот во овошни нијанси како што е бојата на мандарини, на кајсии и на праски.rn
Девица
rnВашата боја е свежа минт зелена, нешто слично како светлата нијанса на жад. Вие сте одговорни и организирани и ја претставувате вистинската движечка сила. При изборот на предметите во вашиот дом, за вас е важно изработката да биде беспрекорна и најчесто тоа е рачна изработка.rn
Вага
rnВие сте тие среќници што грабнаа една од најпопуларните нијанси на планетата – розова боја каква што имаат шеќерната волна, лососот и нежните рози. Вие сте елегантни и најчесто сте еден чекор пред трендовите. Уредете го просторот со розова боја и не плашете се да декорирате со малку светки.rn
Скорпија
rnИгривата виолетова боја е бојата на којашто реагирате. Таа се состои од розови, бордо и бургундски тонови. Оваа нијанса е иста како вас – хипнотизирачка, мистериозна и авторитативна.rn
Стрелец
rnВам ви одговараат сите бои. Вие сте слободен дух кој не може да се одлучи само за една нијанса, така што одлично решение би било во вашиот дом да ги додадете сите бои што ви се допаѓаат. Вие сте како виножито.rn
Јарец
rnВашата боја е бојата на лаванда. Вие сте амбициозни и пред сè го цените својот мир, иако секогаш сте расположени за сите видови прослави. Изберете материјали во нежна боја на лаванда и луксузни текстури како што се природен памук, кашмир и волна.rn
Водолија
rnНеонската впечатлива розова боја е бојата што одговара на вашиот карактер затоа што многу често сте бунтовни и остри. Комбинирајте ја оваа живописна боја со иновативни форми и со нови материјали, всушност со сè што ќе биде малку збунувачко за вашите гости.rn
Риби
rnВие сте емотивни, интензивни, креативни и ентузијасти и идеална опција за вас е тиркизната боја. За комплетно удобен ентериер, комбинирајте нов дизајн со винтиџ предмети, а сините детали се задолжителни во уредувањето.rnrnПрочитајте и кои 4 хороскопски знаци најверојатно ќе се верат за време на празниците.