КАФЕ ПАУЗА

10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

Очите се неверојатно комплексен орган, така што нормално е до сега да не сте знаеле за овие десет работи поврзани со нив.rnrn10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаелеrn

1. Од големината на окото зависи дали ќе бидете кратковид или далекувид

rnКратковидите луѓе имаат подолги очи од оние кои се далекувиди. Разликата меѓу нив е неверојатен еден милиметар, а тој одлучува дали подобро ќе ги гледате работите кои се далеку или полиску до вас.rn

2. Луѓето со сини очи имаат некој заеднички предок

rnСпоред научници од Универзитетот Копенхаген сините очи се развиле како мутација кај еден човек која настанала пред илјадници години. Инаку до тогаш сите имале кафеави очи.rn

3. Некои луѓе имаат страв од очи

rnСтравот од очи се нарекува оматофобија. Луѓето кои страдаат од него се плашат своите очи да ги вперат во нечии туѓи очи.rn

4. Очите сè гледаат наопаку

rnОчите се така структурирани што целиот свет го гледаат наопаку, но мозокот ја процесира сликата и ја исправа како што треба. Тој процес е толку брз што ние не го ни забележуваме.rn

5. Очите можат да добијат изгореници од сонцето

rnИ очите можат да изгорат од сонцето, но не толку брзо како што тоа се случува со кожата. Ним им треба подолго време. Затоа треба очите да се заштитуваат со очила за сонце.rnrn10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаелеrn

6. И слепите луѓе сонуваат

rnЛуѓето кои можеле да гледаат кога се родиле, но подоцна го загубиле видот, сè уште можат да сонуваат и да гледаат слики во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи не знаат како изгледаат работите и затоа не ги сонуваат.rn

7. Трепкаме 28000 пати во текот на денот

rnНе го чувствуваме тоа, но трепкаме по 15-20 пати во минута и до 28000 пати во текот на денот. Се претпоставува дека тоа го правиме за да му дадеме на мозокот краток одмор од процесирањето на сликите.rn

8. Кучињата нè разбираат преку нашите очи

rnКучињата го следат движењето на начите очи за да разберат каква порака сакаме да им пренесеме. И бебињата користат сличен метод.rn

9. 6/6 видот е нормална појава и не ве прави натпросечни

rnИмате 6/6 вид ако при правењето на тест каде што треба да препознаете буквите на бела табла пред вас можете на шест метри одалеченост да ги распознаете буквите со кои на нормален човек би му требале исто така шест метри. Најдобриот регистриран тест за вид е 6/3, односно некој од шест метри можел да го види тоа што за кое на некој друг му е потребна близина од три метри.rn

10. Човечкото око може да разспознае над 10 милиони бои

rnПоради овој неверојатен квалитет често пати не можеме да се согласиме околу тоа каква нијанса има некој предмет.