Освен ако не дојде до некоја апокалипса, малкумина од нас би се согласиле да живеат под земја. Сепак, помеѓу 8-иот и 7-иот век пред нашата ера, во древниот град Деринкују, луѓето живееле токму вака.rnrn
rnrnОвој масивен град бил откриен во 1963 година, кога еден Турчин срушил ѕид во својот подрум. По кратко истражување, тој сфатил дека пештерата која ја открил всушност е дел од подземен град со дури 18 ката. Во 8-иот и 7-иот век пред нашата ера, во овој град живееле 20.000 луѓе.rnrn
rnrnДеринкују се наоѓа во регионот Кападокија во Турција и е само еден од 200-те подземни градови кои се издлабени во вулканските карпи. Деринкују е поврзан со тунели кои се долги со километри. Најимпресивното нешто за овој град е што се протега на длабочина до 76 метри. Овој град бил метропола за илјадници луѓе, дури и пред модерните иновации.rnrn
rnrnЛуѓето кои живееле во овој период се обиделе да го направат својот живот што е можно поудобен и побезбеден. Градот имал свој систем за вентилација, а огромните камени порти кои тежат и по 400 килограми ги штителе жителите од потенцијалните напаѓачи.rnrn
rnrnГрадот имал и свој храм, делови за добиток и многу бунари со вода за пиење. Имало заеднички простории, штали, подруми за вино, па дури и преси за масло. За да се избегнат болестите и миризбите, отпадот се собирал во садови и се носел на површината. Овие откритија укажуваат дека Деринкују бил навистина удобно место за живеење.rnrn
rnrnДенес градот е отворен за јавноста. Иако туристите може да посетат само 8 од 18-те нивоа, тој сепак е неверојатна атракција која вреди да се види.rnrn
rnrnДоколку ве фасцинираат градовите на древните цивилизации, погледнете ги и најневеројатните потопени градови.
Деринкују: Древниот подземен град кој бил дом на 20.000 луѓе
