КАФЕ ПАУЗА

Скорпија и водолија – љубовна комбинација

Скорпија и водолија - љубовна комбинација

Љубовното партнерство сочинето од скорпија и водолија е мешавина од две спротивставени животни филозофии и голем број различни потреби. Помеѓу овие два знака има големи шанси често да се случуваат недоразбирања. Додека скорпијата целата енергија ја насочува кон соочување со нејзиниот емоционален свет, длабоко и интензивно размислувајќи за она што е затскриено под површината на работите, водолијата истата таа енергија ја рефлектира надворешно. Со нејзиниот невообичаен, идеалистички и пред сè социјален поглед кон животот, водолијата е многу чуден избор за затворената и повлечена скорпија. На водолијата и е потребно да се меша меѓу луѓе за да се чувствува стимулирано и таа секогаш е подготвена за запознавање на нова и интересна личност во нејзиниот живот. Скорпијата од друга страна, сака да поминува долги романтични часови милувајќи се со својот партнер.rnrnСкорпија и водолија - љубовна комбинацијаОвие партнери навидум изгледаат како да имаат многу малку заеднички работи, но и двајцата имаат многу јака волја кога сакаат да ги остварат своите желби. Во тој контекст, ако и двата партнери се фокусирани кон успех на нивната врска, таа може да им ги оствари сите нивни потреби и желби.rnrnИ двата знака сакаат да биде секогаш по нивно и тврдоглаво се држат до нивните ставови, кои најчесто се 100% спротивставени. Скорпијата е љубопитна, секогаш поставува прашања и сака да знае во кој правец се движат работите и зошто токму тој е правилниот. Водолијата е слободоумна, љубезна и мила и не сака да ги знае деталите на ситуациите. Скорпијата на почетокот може да биде „маѓепсана“ од нејзината отворена, комуникативна и опуштена водолија, но после извесен период може да се разочара од безуспешниот обид да ги пронајде одговорите кои сака да ги добие од нејзиниот ексцентричен и енигматичен партнер.rnrnВодолијата мрази посесивност. Таа повеќе преферира да му припаѓа на цел свет, отколку само на една личност. Но, скорпијата знае да биде многу посесивна и неа и е потребно повеќе внимание отколку што водолијата може да и даде. Ако водолијата малку го забави своето темпо на живеење и обрне внимание на својот романтичен партнер, ќе констатира дека приврзаноста, посветеноста и верноста на скорпијата и даваат голем мотив и поддршка.rnrnМарс и Плутон управуваат со знакот скорпија, а Сатурн и Уран раководат со водолијата. Марс е симбол на револуционерност, агресија, енергичност и мажествена храброст, а Плутон внесува карма и душевен мир во скорпијата. Сатурн симболизира рамнодушност и незаинтересираност, а Уран и создава константна желба на водолијата за нешто ново и невообичаено. Марс ја прави скорпијата емотивна личност, која бурно реагира, пред да ги размисли работите. Сатурн ја прави водолијата вредна и дисциплинирана личност, додека Уран ја прави голем стратег, кој умее да ја испланира својата далечна иднина.rnrnНежната скорпија, која ќе внимава да не ја „врзе“ својата водолија премногу цврсто до себе, може да ја научи за живот базиран на емоционална интуиција, која го успокојува умот, а им дава предност на физичките чувства. Водолијата може да ја научи скорпијата да се смири, да ги издвои емоциите од постапките и да се преиспита себеси за целите кои сака да ги постигне.rnrnОвие партнери се навистина различни. Водолијата секогаш се потпира на сопствениот интелект, па таа животот го сфаќа како шанса за развој и унапредување на нејзината личност, а скорпијата е аналитична. Скорпијата ја бара поентата на нештата, а водолијата е во потрага по стимулација. Во љубовна комбинација, овие партнери имаат тешкотија да сфатат од каде потекнуваат размислувањата на нивниот партнер. Недоразбирањата настануваат секогаш кога скорпијата станува премногу посесивна или кога водолијата делува премногу плитко, несериозно и рамнодушно. За да ја најдат нивната заедничка точка, скорпијата и водолијата мораат да сфатат дека нивните светови се тотално различни и преку смеа да ги пребродат разликите.rnrnИ скорпијата и водолијата се фиксни знаци, а тоа значи дека и двајцата се издржливи, упорни, тврдоглави и самоуверени. Ако имаат план, тие ќе се држат до него сè додека нивниот труд не се исплати. Ако еднаш се согласат дека тие се одлични љубовни партнери, никогаш нема да се обесхрабрат или разочараат од врската. Но, и покрај нивната јака волја за успешна хармонична врска, скорпијата и водолијата и понатаму ќе имаат многу спротивставени гледишта кон животот, па нивната заедница може да им предизвикува повеќе измачување отколку уживање. Ако партнерите веруваат во вредноста на нивната врска, тие ќе бидат способни да ги надминат разликите.rnrnКој е најдобриот аспект во нивната врска? – Нивниот обостран капацитет кој ветува успеси. Луѓето родени во знаците скорпија и водолија се моќни личности, па ниеден од нив нема отворено да доминира во врската. Доколку успеат да најдат начин да ги почитуваат нивните разлики и се согласни за заземање на одредена индивидуална улога во врската, резултатите ќе бидат многу пријатни.