Освен што има убава боја, синиот чај се карактеризира и со многубројни лековити својства. Станува збор за чај од сина орхидеја која расте само на Тајланд.rnrn
rnrnСиниот чај најчесто се консумира во комбинација со ѓумбир, маточина, нане или цимет. Бојата на цветовите варира од бела до сина во зависност од содржината на антоцијанини – антиоксидантски пигменти кои се наоѓаат и во други видови овошје и зеленчук.rnrnОткако ќе се свари, чајот може да ја промени бојата во црвена, виолетова или зелена во зависност од неговата pH вредност. Освен тоа, цветовите на орхидејата се користат и како природни адитиви за боја за храна.rnrnОва се лековитите својства на чајот:rn
Богат со антиоксиданси
rnАнтиоксидансите се соединенија кои ги отстрануваат молекулите познати како „слободни радикали“. Премногу слободни радикали во телото можат да доведат до оксидативен стрес кој може да го поттикне развојот на одредени болести. Покрај тоа, антоцијанините се антиоксиданси кои се борат против болестите како срцевите заболувања, дијабетес и одредени видови рак.rn
Ја подобрува работата на срцето
rnСиниот чај може да го подобри здравјето на срцето преку регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може да го намали крвниот притисок преку неговите својства за вазорелаксација – проширување на крвните садови со цел да се подобри протокот на крв. Освен тоа, може да се пофали и со антитромботски ефекти. Со други зборови, може да го спречи згрутчувањето на крвта што претставува еден од најголемите ризици за мозочен удар.rn
Поволен за лекување дијабетес
rnСиниот чај може да го регулира и нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажале дека екстрактот од сината орхидеја можат да ги инхибираат ензимите за варење. Од друга страна, ова доведува до намалено ниво на шеќер и инсулин во крвта.rn
Ја подобрува функцијата на мозокот
rnИстражувањата покажале дека екстрактот од сината тајландска орхидеја може значително да ја подобри меморијата и да го спречи понатамошното губење на меморијата кај пациентите со Алцхајмерова болест.rn
Можни несакани ефекти
rnДосега не се забележани несакани ефекти од синиот чај. Сепак, може да предизвика стомачна болка и дијареја доколку се консумира во поголеми количини.rnrnОткако прочитавте за лековитите својства на синиот чај, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секојдневно треба да консумирате мача чај.rnrnИзвор: healthline.com