КАФЕ ПАУЗА

Што значи годината на кучето во кинеската астрологија?

Што значи годината на кучето во кинеската астрологија?

Секоја година во кинескиот астролошки календар е карактеризирана со животно. Започнувајќи на 16-ти февруари 2018-та година, годината на кучето ќе биде одлична за сите родени во овој знак.rnrnШто значи годината на кучето во кинеската астрологија?rnrnКинеското астролошко тркало има 12 различни животни и секоја нова година животното се менува со наредното. Познато е дека животното што „владеело“ во вашата година на раѓање кажува многу за вашиот карактер, но всушност тоа не е сè. Секоја година животното е дефинирано од еден од 5-те елементи. Во кинеската астрологија овие елементи се вода, метал, дрво, оган и земја. Елементите им даваат на животните уште едно значење, уникатност што ја прави годината уште попосебна. Оваа година се прославува годината на земјено куче, нешто што се нема случено од 1958-ма година.rnrnВо кинеската астрологија се верува дека ги наследувате особините на животното кое владее во годината во која сте родени. За луѓето родени во годината на кучето, ова се одлични новости. Кучињата се познати по нивната лојалност, бескрајната љубов, позитивниот став и најважно, по нивната добрина. Токму овие особини ги прават едни од омилените животни на луѓето. Кучињата се борат за она во што веруваат и секогаш им помагаат на оние на кои им е потребна помош.rnrnОд друга страна пак, тие може да бидат тврдоглави и крути со своите верувања. Лесно се разочаруваат кога работите не им одат по план. Склони се кон тага и песимизам. Исто така се познати по тоа што ги судат другите кои не можат да се мерат со нив.rnrnСе верува дека луѓето родени во годината на кучето се најкомпатибилни со оние од годината на зајакот, а најмалку компатибилни со луѓето родени во годината на змејот, козата или петелот. Некои познати „кучиња“ се Дејвид Боуви, Џуди Гарланд, принцот Вилијам, Елвис Присли и Фреди Меркјури.rnrnЗемјените кучиња се вредни, дисциплинирани и трпеливи. Не се познати по стекнување богатство рано во животот, а најсреќни се во подоцнежните години. Без разлика колку се фокусирани на нивните цели, тие никогаш нема да направат компромис за нивните вредности. Овие луѓе предизвикуваат восхит и презир кај секој што ќе му се вкрсти патот со нивниот. Без разлика дали се сакани од другите, секогаш се почитувани поради тоа што се искрени кон себе.rnrnЗемјените кучиња имаат чиста душа и го минуваат животот без да се мешаат во туѓиот и веруваат дека сите треба да живееме и да ги оставиме другите да си живеат. Ова ги одделува од другите кучиња кои повеќе судат.rnrnНајпознати примери за земјени кучиња се Мадона и Мајкл Џексон. Мајкл Џексон е познат по тоа што секогаш го следел своето темпо и упорно се обидувал да ги постигне своите цели. Никогаш не се откажал од себеси без разлика колку луѓе навивале за негов неуспех. Во животот и Мадона е пример за овие особини.rnrnДознајте и кое животно сте во кинескиот хороскоп.