Кинескиот хороскоп има интересна теорија дека секој хороскопски знак е поврзан со некое животно и секој има одредени карактеристики на личноста. Според овој хороскоп, знакот се одредува според тоа во која година сте родени. Па, откријте кое животно сте и дознајте некои свои карактеристики, како и што можете да очекувате од себе годинава.rnrn
rn
1. Години на Стаорецот (1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020)
rnОние кои се родени во некоја од овие години се шармантни и друштвени личности кои се популарни и добро се снаоѓаат во работата. Големи критичари со брз темперамент, Стаорците се интелигентни и брзо обработуваат информации. Исто така тие брзо ги дофаќаат можностите и сакаат вистински пријателства.rnrnПознати Стаорци: Папата Францис и принцот Чарлс.rn
2. Години на Волот (1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)
rnОвие луѓе се силни и добри менаџери. Тие се одговорни, систематски и полни со самодоверба. Понекогаш може да бидат премногу заштитнички настроени додека ги бранат своите идеали. Тие се одговорни и тоа ги прави да водат по малку неинтересен забавен живот, а се многу верни партнери.rnrnПознати Волови: Барак Обама, Морган Фриман.rn
3. Години на Тигарот (1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022)
rnТигрите се емотивни и чувствителни луѓе кои се одлични љубовници. Лесно поставуваат рамнотежа помеѓу својата доминантна природа и потребата за љубов и врска. Во односите се возбудливи, а кога критикуваат одвреме-навреме се немирни. Тие се однесуваат достоинствено и лесно излегуваат од тешките и негативни ситуации. Овие личности прифаќаат предизвици и се добри лидери.rnrnПознати Тигри: Том Круз, Ричард Бренсон.rn
4. Години на Зајакот (1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023)
rnЗајаците се плашливи, но добро воспитани луѓе кои избегнуваат кавги и конфликти. Тие понекогаш ги избегнуваат блиските личности, затоа што се преокупирани со забава. Овие личности се конзервативни, мирни и паметни. Иако се сметаат за површни, тие се исклучително романтични партнери и претпочитаат сигурност во врската.rnrnПознати Зајаци: Лионел Меси и Зак Ефрон.rn
5. Години на Змејот (1916, 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024)
rnЗмејовите се харизматични и енергични личности. Многу се талентирани, интелигентни, но и жестоки од силната енергија која ги поврзува. Тие се перфекционисти кои уживаат во предизвиците и успесите, сакаат ситуации каде што се бараат нивните вештини и таленти, а може да бидат и таинствени. Меѓутоа, сакаат партнери со кои би го делеле своето патување и авантура.rnrnПознати Змејови: Брус Ли, Чак Норис.rn
6. Години на Змијата (1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025)
rnПознати како длабоки мислители, Змиите се мудри и работат многу дискретно. Тие се романтични, шармантни и елегантни во врските, но исто така умеат да покажат и љубомора. Змиите може да бидат и таинствени и не многу дружељубиви, а самотијата ја сакаат повеќе од сѐ.rnrnПознати Змии: Боб Дилан, Џ. К. Роулинг.rnrn
rn
7. Години на Коњот (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014, 2026)
rnЛичностите родени во знакот Коњ се вредни луѓе кои сакаат да се натпреваруваат и да стигнуваат на целта. Ним им се допаѓаат работи кои им одговараат на нивниот углед, но може да бидат склони и кон лутина. Тие се импулсивни љубовници кои сакат да работат сами, а помалку со други луѓе. Нивната независна природа може да остави впечаток на егоисти, но, ова е спротивно на нивните друштвени и вербални вештини за комуникација. Личностите родени во овој знак се многу популарни.rnrnПознати Коњи: Клинт Иствуд, Џеки Чен.rn
8. Години на Овенот (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015, 2027)
rnШармантните Овни се социјални, друштвени, грижливи и добри. Тие се креативни и имаат љубов кон уметноста, но исто така умеат да бидат и песимисти и да се жалат за физичката неудобност. Тие се срамежливи во врските, а за нив исполнетост значи целосна сигурност.rnrnПознати Овни: Бил Гејтс, Адам Левин.rn
9. Години на Мајмунот (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016, 2028)
rnОвие личности се интелигентни и енергични, а понекогаш имаат и дарба за уметност која ги привлекува луѓето. Лесно може негативната ситуација да ја претворат во смешна, па затоа на многумина им изгледаат како да не се личности на кои може да им се верува. По природа тие се немирни и неодлучни, а се успешни во работната околина и повеќе сакаат динамични отколку стабилни врски.rnrnПознати Мајмуни: Вил Смит, Кристина Агилера.rn
10. Години на Петелот (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017, 2029)
rnПетлите се вредни луѓе кои лесно изразуваат мислење, а притоа да не бидат во центарот на вниманието. Иако бараат внимание, тие се успешни во тоа. Многу се педантни и на некои тоа им изгледа фрустрирачко, но тие може да се дружат со голема група пријатели. Во пријателствата и љубовните врски тие се многу лојални, а нивните високи стандарди прават да бидат успешни.rnrnПознати Петли: Бијонсе, Том Хидлстон.rn
11. Години на Кучето (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018, 2030)
rnОвие личности се многу искрени и лојални во врските, посветени се на работата и имаат висок морал кон фер играњето и правдата. Кучињата имаат тенденција да бидат критични кон другите, го паметат злото и никогаш не забораваат. Кога имаат совршена сродна душа до нив, може да имаат долга и успешна врска.rnrnПознати Кучиња: Мајка Тереза, Мајкл Џексон.rn
12. Години на Свињата (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019, 2031)
rnСвињите се толерантни и грижливи личности. Тие се интелигентни и одлични кога станува збор за разговарање. Нивната интелигенција ги води кон успешна кариера. Тие се дружељубиви и повеќе сакаат да ја гледаат позитивната, отколку негативната страна на луѓето, но по малку се и наивни, затоа што секогаш очекуваат добро од другите. Духовитите Свињи може да се налутат кога другите не им враќаат со добрина. Вообичаено уживаат во материјализмот, но исто така ја негуваат љубовта кон семејниот живот.rnrnПознати Свињи: Стивен Спилберг, Алфред Хичкок.rnrn
rnrnПогледнете и кои професии најмногу му одговараат на вашиот знак според кинескиот хороскоп.