КАФЕ ПАУЗА

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак?

Што треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак?

Ако вашиот партнер е роден помеѓу 21-ви јуни и 22-ри јули, се работи за Рак, воден знак познат по неговата неверојатно грижлива природа. Ова се неколкуте работи кои треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со припадниците на овој хороскопски знак, за да можете подобро да ги разберете и да ја направите вашата врска повозбудлива и поинтересна…rnrnШто треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак?rn

Се чувствуваат обврзани да се грижат за луѓето што ги сакаат

rnРаковите се под влијание на Месечината, која во астрологијата се поврзува со емоциите и грижливата природа. Инстинктот на Раковите им наложува да направат луѓето што им се блиски да се чувствуваат среќно, пријатно и згрижено. Но, внимавајте! Ако забележат дека ги земате здраво за готово, ќе станат многу напорни.rn

Знаат да препознаат добра храна

rnРакот својата љубов ја покажува преку храната и очекувајте да ве изненади со некое комплицирано, прекрасно приготвено јадење. Тие никогаш нема да погрешат со нивниот избор на ресторан и шише вино кое совршено го надополнува вкусниот оброк. Пофалете го нивниот труд и гледајте како се исполнуваат со гордост и задоволство.rn

Сексот без обврски е во ред, но ќе останат со вас само ако постои емоционална поврзаност

rnРаковите се големи шармери и сакаат да флертуваат, така што воопшто не се играчи за потценување. Но, кога ќе влезат во сериозна врска, тие ја носат романтиката во кревет. Сексот мора да ги исполнува емоционално за да останат во врската.rn

Многу се приврзани за семејството

rnПрипадниците на овој хороскопски знак ги ставаат потребите и интересите на нивните најблиски, особено на нивната мајка, на прво место. Тука спаѓаат и нивните најдобри пријатели кои ги сметаат за роднини. Сакаат деца и можат да се видат себеси како родители.rn

Секогаш се одлучни

rnРакот е воден знак, па ова можеби звучи малку контрадикторно. Но, Ракот е исто така еден од кардиналните хороскопски знаци, што значи дека е амбициозен и човек од акција. Кога ќе открие што сака, како на пример, да создаде успешна кариера, или да ве однесе во кревет, ќе направи сѐ за да го оствари тоа.rn

Полни се со изненадувања

rnТокму тогаш кога ќе се опуштите и ќе помислите дека можете да го предвидите секој нивен нареден чекор, тие ќе ве изненадат со тоа што ќе направат нешто сосема неочекувано. Ова особено важи за игрите во спалната. Ако се чувствуваат сигурно и пријатно со вас, ќе имаат доволно самодоверба одвреме-навреме да ги „зачинуваат“ нештата во креветот.rnrnШто треба да знаете пред да започнете љубовна врска со Рак?rn

Знаат да бидат многу чувствителни

rnНемојте да се изненадите доколку малите работи предизвикаат големи емоционални реакции кај Раковите. Во зависност од вашиот карактер ова може да ви биде или слатко или одвратно. Но, внимавајте! Ако почувствуваат дека нивниот партнер не може да ги разбере, ќе почнат да се оддалечуваат.rn

Многу сериозно го сфаќаат нивниот дом

rnРаковите најпријатно се чувствуваат во нивниот дом кој обожаваат да го средуваат со декорации кои ги изработуваат самите. Тие сакаат да создадат удобно и сигурно гнездо за нив и кој било друг што им значи.rn

Секогаш сакаат да заштедат пари

rnНајмногу од сѐ ја ценат сигурноста, па затоа знаат да бидат многу штедливи. Тие никогаш не се расфрлаат со пари, туку гледаат да ги трошат разумно и на работи кои навистина ќе им користат. И секогаш тргаат по некој денар на страна за црни денови.rn

Имаат одлична смисла за хумор

rnПостои причина зошто толку многу комичари, како на пример, Вил Фарел и Кевин Харт се родени во овој хороскопски знак. Тие се природно смешни и емоционално интелигентни, па затоа успеваат секоја животна ситуација да ја разведрат. Некогаш дури знаат да бидат и будалести што ги прави уште понеодоливи.rn

Нема да можете да го скриете она што го чувствувате

rnРаковите не само што се поврзани со нивните чувства, туку и се многу интуитивни кога станува збор за туѓите емоции. Кога на некој му е тешко, нивниот инстинкт им вели да бидат сочувствителни. Доколку не ви пречи да споделувате емоции и лични работи, ќе уживате во поддршката и разбирањето кои Ракот ќе ви ги пружи.