КАФЕ ПАУЗА

Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?

Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?

Никој од нас не треба да ги занемари сопствените способности и доблести кога се чувствуваме дека сме заглавиле и дека нема излез од проблемот. Еве како да се охрабри секој хороскопски знак.rnrnШто секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?rn

Овен

rnКога се чувствувате како да сте сами против сите, сетете се дека сте роден борец! Со вашиот знак владее планетата Марс, па така вие го носите неговиот огнен дух во своето срце, дури и во најтешките моменти. Веќе сте преживеале толку многу работи, сте победиле во многубројни битки, па можете да извојувате победа и во оваа. Запалете го факелот на Марс во вашето срце и само така продолжете.rn

Бик

rnНе дозволувајте гордоста и тврдоглавоста да ве спречат да се поврзете со луѓето (кои инаку ве сакаат и ве поддржуваат) и да побарате помош од нив кога сметате дека околностите се надвор од вашата сила и разбирање. Имате прекрасни пријатели и блиски луѓе околу вас кои го составуваат кругот на вашата поддршка. Доволно е да им кажете што ве мачи.rn

Близнаци

rnКога се соочувате со некаков проблем, инстинктивно се обраќате кон некого за помош бидејќи верувате дека две глави секогаш мислат подобро од една. Ова честопати е сосема точно, но понекогаш повеќе мислења можат да дадат спротивставени одговори па затоа треба да се фокусирате на сопствените чувства, интуицијата и да го следите гласот на своето срце за време на кризна ситуација. Одговорите на најважните прашања лежат внатре, во вас.rn

Рак

rnВерувате дека ѕидовите со кои сте се опкружиле ќе ве заштитат од ударите на животот, но тоа само ве прави да се чувствувате осамено додека ја водите сопствената битка за преживување. Кога ќе почнете да чувствувате дека животот е борба за која веќе немате сила и која ве исцрпува безмилосно, време е да го спуштите штитот и да стапнете во непознатото. Морате да ризикувате и да се отворите себеси, да ги искажете вашите потреби, да побарате внимание, помош, почит – бидејќи другите не знаат што ви треба доколку вие самите не се изјасните. Можеби ќе се изненадите кога ќе сфатите колку е поефикасно да бидете отворени кон другите отколку да се затворате во себе.rn

Лав

rnНе дозволувајте поради потребата да бидете во центарот на вниманието, да бидете главни, видени, почитувани, славни, богати – да го изгубите фокусот на она што е навистина важно. Дури и на најхрабрите лидери им треба одмор и релаксација, затоа препуштете си момент кога ќе се повлечете од сцената и ќе најдете време за да бидете загрижени, тажни, повредени. Не мора секогаш да ја држите главата високо и да се преправате дека сè е под контрола.rn

Девица

rnСклони сте кон преголемо драматизирање на околностите бидејќи ја анализирате секоја ситница на безброј начини – дури и една мала непријатност може да предизвика лавина од негативни мисли во вас. Секојдневно, сè може да биде причина за прекумерна загриженост и кога тој виор ќе почне да ве влече морате да застанете за миг – смирете се, затворете ги очите и само дишете неколку минути, опуштете ги мускулите и спомнете си дека сè е во ред.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn