Дали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете принудени да кажете „да“ кога повеќе би сакале да кажете „не“ само поради тоа што сакате да им угодите на другите?rnrn
rnrnСтатистички гледано, тенденцијата за угодување е поизразена кај жените отколку кај мажите. Студијата од 2010 година покажала дека 54 проценти од жените трпат поголеми негативни ефекти и врз менталното и физичкото здравје поради оваа тенденција, во споредба со 40 проценти од мажите.rnrnВо продолжение прочитајте како да почнете помалку да им угодувате на другите и повеќе да се грижите за себе.rn
1. Не нудете несакани совети, насоки или стратегии за решавање проблеми освен ако не ве прашаат.
rnНие имаме тенденција за вакво однесување со надеж дека ќе им помогнеме на другите. Меѓутоа, ако нашите совети и насоки се игнорираат, тоа може да создаде фрустрација и незадоволство кај нас.rn
2. Вежбајте да не кажувате „да“ кога сакате да кажете „не“.
rnОва создава внатрешна напнатост, намалување на самопочитта, како и проблеми во врската и односите со другите.rn
3. Не сте одговорни за среќата на другите.
rnЧувството на одговорност за среќата на другите луѓе го попречува нашето сопствено задоволство. Треба да бидеме способни и одговорни како поединци за сопственото лично задоволство.rn
4. Ако се чувствувате искористени од другите, разговарајте со нив.
rnТоа е најдобриот начин за зачувување на односите. Користете ги изјавите од типот „јас“ за да доставите до знаење дека преземате одговорност за чувството на огорченост и дека не ја префрлувате вината на некој друг за вашите чувства. Ако мислите дека луѓето сакаат да бидат околу вас затоа што сте онакви какви што сте, а не поради сето она што можете да го направите за нив, ќе развиете поголема самодоверба.rn
5. Бидете искрени со себе и избегнувајте да ја докажувате својата вредност на клиентот или претпоставениот.
rnВерувајте во сопствената вредност наместо да се обидувате постојано да угодувате. Обидот прекумерно да му угодите на претпоставениот може да има контраефект. Тоа може негативно да влијае на нивниот став за вас и да ја намали вашата самопочит.rn
6. Само еднаш извинете се за грешката.
rnНе можеме постојано да им угодуваме на луѓето. Ние сме луѓе, а не роботи. Грешките се ненамерни, а ние учиме од нив.rn
7. Спречете го импулсот за предвидување на туѓите потреби – освен ако тоа не е побарано од вас.
rnМожеби чувствувате дека сте љубезни и дарежливи, но ако тоа не ви биде возвратено подоцна, тоа може да поттикне незадоволство кај вас.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто животната цел на жената не е само да им угодува на другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com
