КАФЕ ПАУЗА

Што им е смешно на хороскопските знаци?

Што им е смешно на хороскопските знаци?

Сите знаеме дека смеата го продолжува животот, но она што им смешно на едни им е сосема чудно и бизарно на други. Некои луѓе се смеат кога ќе видат како некој паѓа, додека другите сакаат саркастичен хумор. Секој хороскопски знак си има различна смисла за хумор, па дознајте што му е смешно на секој од нив.rnrnШто им е смешно на хороскопските знаци?rn

Овен: Физички хумор и нихилизам

rnОвните се визуелни суштества на кои им е смешен физичкиот хумор и нихилистичката комедија. Не се премногу загрижени за суптилностите и добрата приказна и повеќе би сакале да гледаат како некој паѓа.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Рил Хол, Чарли Чаплин.
  • rn

rn

Бик: Стари класици и безвременски комедии

rnКога станува збор за комедија, Биковите често им се навраќаат на класиците. Тие уживаат во нежен, но паметен хумор. Го ценат доброто сценарио и им се допаѓаат добро напишаните британски комедии како „Викарот од Дибли“ (The Vicar of Dibley) или „Монти Пајтон“ (Monty Python). Од американските филмови би им се допаднале класиците како „Г-ѓа Даутфаер“ (Mrs Doubtfire).rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Сара Миликан, Били Коноли.
  • rn

rn

Близнаци: Смешни приказни и паметни анегдоти

rnНишто не може да ги насмее Близнаците како добар и смешен раскажувач на приказни. Тие сакаат хумор со повеќе слоеви и неочекувани пресврти. Сакаат да гледаат комедии во кои откриваат нешто ново со секое наредно гледање. Најмногу би им се допаѓале филмови како „Шон од мртовците“ (Shaun of the Dead) или „Евтини приказни“ (Pulp Fiction).rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Робин Вилијамс, Ноел Филдинг.
  • rn

rn

Рак: Луди неуспеси и чуден хумор

rnЧувствителните Ракови уживаат во пародии на човечките особини. Ги сакаат комедиите за неуспесите на светот и ја наоѓаат смешната страна и во навидум обичните ситуации. Сакаат и чуден хумор, оној кој прави да се чувствувате неудобно но не можете да престанете да го гледате. Комедиите како „Канцеларија“ (The Office) и „Господин Бин“ (Mr Bean) им се едни од омилените.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Џими Кар, Еди Пепитон.
  • rn

rn

Лав: Срамен хумор и стенд-ап комедија

rnЛавовите секогаш се во тек со најновите и најдобрите комедии. Тие уживаат во срамното и колку е поапсурдно, толку подобро. Сакаат комичари кои ги поместуваат границите и пробуваат нешто ново. „Зулендер“ (Zoolander) и „Сексот и градот“ (Sex and the City) се одлични комедии за нив.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Џоан Риверс, Алан Кар.
  • rn

rn

Девица: Саркастичен хумор

rnДевиците често користат сарказам. Тие наоѓаат нешто смешно и во најцрните места и сакаат да ги рушат табуата. Филмовите како „Страв и гадење во Лас Вегас“ (Fear and Loathing in Las Vegas), „Американска убавина“ (American Beauty) и „Да се биде Џон Малкович“ (Being John Malkovich) сигурно ќе ги насмеат.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Луис С. К., Бил Мареј.
  • rn

rn

Вага: Музичка комедија

rnВагите уживаат во каква било музичка комедија. Тие сакаат интересни и паметни текстови на песни и ја ценат убавината на смешните песни. Музичките комедии како Шрек (Shrek) и „Мормони“ (Mormons) се совршени за нив.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Бил Бејли, Чудниот Ал Јанкович.
  • rn

rn

Скорпија: Мрачна и опасна комедија

rnСкорпиите сакаат хумор со мрачен пресврт. Сакаат да бидат шокирани и однесени на места каде што им се помрднува моралниот компас. Тие често ги гледаат филмовите како „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и „Американски психопат“ (American Psycho) за забава.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Расел Бренд, Сара Силвермен.
  • rn

rn

Стрелец: Хумор што ги поместува границите

rnСтрелците имаат сеопфатен вкус кога станува збор за хумор и уживаат во сè – од стенд-ап до музички комедии. Често ги привлекуваат нешта што ги предизвикуваат табуата и ги поместуваат границите. „Монти Пајтон“ и „Саут Парк“ им се едни од омилените.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Џон Дор, Вупи Голдберг.
  • rn

rn

Јарец: Интелигентен хумор

rnПаметните Јарци не сакаат едноставни шеги, туку уживаат во добро напишана комедија. Често гледаат комедија каде што другите гледаат драма. Поради ова им се допаѓаат серии како „Сеинфилд“ (Seinfeld) и „Костуми“ (Suits)rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Стив Мартин, Стивен Фрај
  • rn

rn

Водолија: Реален хумор

rnВодолиите го ценат секого што може преку шега да ги разбие познатите верувања. Сакаат хумор во кој треба да го употребат својот мозок. Британските серии како „Да, министре“ (Yes Minister) и американските класици како „Недела навечер во живо“ (Saturday Night Live) им се омилени.rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Џим Џефрис, Тим Минчин.
  • rn

rn

Риби: Физичка комедија со бизарен пресврт

rnРибите ги ценат специјалните ефекти и добриот визуелен стил. Не можат да се воздржат кога ќе се соочат со навистина бизарен хумор. Исто така се љубители на трикови и магија. Рибите можете да ги забавувате со „Дедпул“ (Deadpool) или „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy).rn

    rn 011

  • Препорачани комичари: Нина Конти, Страсмен.
  • rn

rnДознајте и кои хороскопски знаци се „оперирани“ од хумор.