КАФЕ ПАУЗА

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Близнаци

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Близнаци

Бикот обожава сексуален предизвик, а Близнаците изгледаат многу секси за него. Под влијание на Меркур, тие располагаат со убавина и интелигенција. Но, Бикот е многу приземјен и има потреба од сигурност, која Близнаците нема да можат секогаш да му ја овозможат. Ова може да го одведе Бикот до критична точка и да се запраша дали сака да ја продолжи врската понатаму или не.rnrnСексуална астролошка компатибилност: Бик и БлизнациrnrnВо оваа врска постои потенцијал само доколку двајцата сакаат драма, повремени разделувања и драматични смирувања. За да успеат, Бикот ќе мора да му овозможи на партнерот во знакот Близнаци многу слобода, додека пак тие ќе мора да намалат со својот премногу безгрижен стил на живот. Бикот би требало да остане мистериозен за Близнаците, доколку сака најдобри резултати.rnrnСексуалниот живот може да биде или ужасен или неверојатен, а сексот за една вечер може да им остави длабок впечаток и на двајцата. Тие ќе мора да научат да прават многу компромиси, доколку сакаат да имаат подолга врска.rn

Маж Бик и жена Близнаци

rnЖената родена во знакот Близнаци може да стане многу нетрпелива додека се состанува со машкиот Бик. Неговата замисла за совршен состанок е седење на каучот, гледајќи телевизија или поминување 3 часа во ресторан, додека таа тежнее за некаква ментална стимулација. Тој е силен и тивок човек и многу практичен за разлика неа, која е непостојана и има голема потреба од разновидност. Токму овие разлики помеѓу нив можат да им предизвикаат големи проблеми во врската.rnrnНо, кога станува збор за сексот, работите во суштина се доста добри. Таа ќе му каже на Бикот што точно сака во најситни детали, а тој убаво ќе ја сослуша и ќе му биде задоволство да ја задоволува повторно и повторно!rn

Жена Бик и маж Близнаци

rnЖенските Бикови се внимателни, секси и примамливи. Машкиот припадник на Близнаците пак, е интелигентен и непостојан. Тој понекогаш ја преферира менталната стимулација, наместо физичката.rnrnСексуално, тој може да смета дека жената Бик бара нејзиниот партнер премногу да се труди околу неа, а таа можеби ќе се чувствува како тој да сака само многу да зборува, а ништо да не презема.rnrnКај нив двајца има добри шанси за квалитетна љубовна врска, само ако жената Бик научи нешто повеќе за возбудата и разновидноста од мажот Близнаци и ако тој научи како да живее за моментот, наместо да размислува за десет други работи што би можеле да ги прават додека се заедно. Ако таа за доброто на нивната врска почне повеќе да зборува, а тој повеќе да ја искажува физичката привлечност којашто ја чувствува кон неа, нивните состаноци ќе бидат многу постимулирачки.