КАФЕ ПАУЗА

Пронајдете го совршениот парфем за секој хороскопски знак: Какви мириси сака секој од нив?

Факт е дека многу е тешко да најдете мирис кој навистина многу ви се допаѓа. Одите од парфимерија до парфимерија, порачувате од разни сајтови и се надевате дека ќе го пронајдете вистинскиот.rnrnСекој има мирис кој најмногу му се допаѓа, а ние ќе ви помогнеме да го одберете вистинскиот со помош на хороскопот. Ако се консултирате со хороскопот околу љубовниот живот, тогаш зошто не и за парфемите? Па дури и ако не верувате во него, сепак е можно да одберете совршен парфем врз основа на карактерните особини.rnrn0-pronajdete-sovrshen-parfem-za-sekoj-horoskopski-znak-kakvi-mirisi-saka-sekoj-od-niv-kafepauza.mkrn

За Овните, мирисот кој се најавува себеси е најдобар

rnДа се биде Овен значи да се прифаќаат сите импулсивности од карактерот. Тие бараат мирис кој ќе ги маѓепса. Добар избор е комбинацијата на тешки ноти како амбер и пачули со природни придружници како рум и кожа.rn

Биковите сакаат нешто што мириса скапо

rnБиковите сакаат да се чувствуваат луксузно, затоа одбираат поскапи парфеми. За нив комбинацијата од мошус, бела кожа и кокосови гравчиња создава парфем кој е еквивалент на скапа бунда.rn

Близнаците сакаат интелигентни мириси

rnБлизнаците живеат за нови авантури. Потребен е многу посебен мирис за да го задоволи овој знак. Затоа тие би сакале нешто необично како комбинацијата на нане, портокал, пачули и марихуана.rn

Раковите користат парфеми за инспирација

rnЦрпејќи сила од креативната енергија и домот, Раковите имаат потреба од нежен мирис. Тие сакаат иновативни и топли мириси – за совршено да одговараат на нивниот карактер.rn

Лавот сака да биде во центарот на вниманието

rnКога Лавот бара мирис, тој бара нешто необично и нешто што е „премногу добро за да биде вистинито“. За нив, убавите парфеми со необично пакување се одличен избор.rn

Девиците се љубители на богати мириси

rnДевицата е обожавател на детали – па затоа за да најде парфем кој ѝ се допаѓа тој мора да има многу различни ноти. Ако пак сакате навистина да ја восхитите, одберете комбинација од љубичица и ванила.rn

Вагите сакаат балансирани мириси

rnДа купувате парфем за личност која е припадник на знакот Вага е многу тешка мисија затоа што тие очекуваат нешто совршено. Ако успеете да најдете парфем кој е убав и после подолг период, тогаш ви честитаме, вие успеавте да го усреќите овој комплициран знак. Ако одберете парфем од рози, орхидеи и фрезија тогаш навистина ќе погодите точно во целта.rn

Скорпијата сака страсни ноти

rnАко некогаш сте помирисале нешто што мирисало толку убаво што сте посакале уште еднаш да го помирисате, тогаш таквиот мирис е повеќе од совршен за Скорпијата. Таа сака силни парфеми за да одговараат на нејзината силна волја. Комбинацијата од чедар и пачули е божествена за овој знак.rn

Стрелците сакаат игриви парфеми

rnРози, каранфил и диво нане се одлични ноти кои ќе го восхитат немирниот дух на Стрелецот. Тие обожуваат да експериментираат – па ваквата комбинација за нив е капка среќа.rn

Јарецот сака романтика

rnЈарецот е синоним за класа и моќ, па затоа барајте парфеми кои се класични и кои успеваат да го прегазат времето.rn

Тврдоглавата Водолија сака уникатен парфем

rnТие бараат мирис кој ќе поттикне енигма и мистерија. Мирисот на синтетичка амбра е навистина уникатна нота – токму каква што посакува Водолијата.rn

Рибите сакаат нежни, сонливи мириси

rnРибите мразат моќни мириси. Тие сакаат едноставни парфеми кои никогаш нема да го оприсутат нивното постоење.rn