На студентите и учениците им е преку глава од професори со кои ќе си играат мачка и глушец. Тие сакаат…rnrn
rnrn1. Професори кои предавањето ќе го направат интересно и забавно.rnrn2. Професори кои страсно си ја работат својата работа и не изгледаат како да се таму само заради плата и малтретирање.rnrn3. Професор кој ќе им помогне да научат, а не некој што само ќе ги казнува кога немаат научено.rnrn4. Сакаат професори кои знаат да си ги признаат грешките и не изигруваат безгрешници.rnrn5. Сакаат професор кој нема само да предава, туку ќе ги учи.rnrn6. Сакаат професор кој ќе ги почитува, затоа што и тие заслужуваат почит.rnrn7. Сакаат професор кој ќе го почитува нивното слободно време и нема да им го одзема целото со домашни задачи и проекти.rnrn8. Сакаат професори на кои им е важно учениците да знаат и да разбираат.rnrn9. Професори кои ќе ги предизвикуваат да размислуваат на поинаков начин, кои само ќе ги насочуваат, но нема да им наметнуваат одреден став.rnrn10. Сакаат професор кој ќе им даде простор и време да научат.rnrn11. Професор кој ќе внимава на нив.rnrn12. Професор кој ќе ги охрабрува да го зборуваат тоа што го мислат.rnrn13. Сакаат толерантен професор, а не генерал.rnrn14. Сакаат професор со кој ќе можат да се идентификуваат, кој ќе има разбирање за нив и со кој ќе можат да изградат врска на доверба.rnrn15. Сакаат професор кој ќе знае добро да управува со часот и нема да дозволува работите да му се лизнат од раце поради себе или некои ученици или студенти.
Какви професори сакаат студентите и учениците?
