Пред нас е новата 2019 година којашто според бројните астролози, ќе биде запомнета како година на растот, среќата и напредокот – особено за оние што се родени во овие хороскопски знаци.rnrn
rn
Овен
rnОвните ќе имаат луда среќа, висок оптимизам, но и силен нагон да остварат сè што замислиле. Сепак треба да бидат внимателни да ги почитуваат законите, со цел да напредуваат без проблеми. Според астролозите, тие ќе имаат поддршка и од најблиските, и од колегите, а и здравјето ќе им биде одлично во текот на целата година.rn
Бик
rnБиковите ќе имаат среќа во сè што ќе се впуштат. Позицијата на Сатурн во знакот на Јарец укажува дека тие ќе бидат истрајни, како и дека здравјето добро ќе ги послужи во годините пред нив. Во текот на првите месеци, тие ќе доживеат и голем успех во полето на кариерата, но и во полето на љубовта. Со тек на време, ситуацијата ќе им станува само подобра. Особено финансиската.rn
Лав
rnЛавовите конечно ќе можат малку да воздивнат, по многуте години поминати во стагнација и мачење поради транзитот на Јупитер низ знакот на Скорпијата. Како што оваа планета ќе влезе во огнениот Стрелец, така и нештата веднаш ќе се променат на подобро и Лавовите повторно ќе бидат во состојба да остарат сè што замислиле.rn
Девица
rnДевиците ќе имаат голема стабилност во текот на целата година, па затоа и можат слободно да очекуваат добри резултати во кариерата, подобрување на финансиската состојба и задржување на доброто здравје.rn
Вага
rnРодените во знакот на Вага во текот на целата година ќе ја ставаат љубовта на првото место. Тие максимално ќе уживаат во животот и ќе ги користат сите прилики што ќе им се пружат. Ќе почувствуваат нова позитивна енергија што ќе помогне да напредуваат и на професионален план, но и на приватен план. Ќе добијат многу пофалби од луѓето околу нив, но и ќе ги зголемат своите финансиски приходи.rnrnКои лекции сте требале да ги научите од 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?